Џејсон Њустед
Џејсон Њустед (англиски: Jason Newsted) е американски басист и поранешен член на Металика. Се приклучил на групата во 1986 год, по смртта на Клиф Бартон, и останал таму сè до 2001. По напуштањето на Металика се посветил на неговата кариера со Екобреин, а нешто подоцна свирел и со Ози Озборн, како и со хеви метал бендот Воивод. Њустед е познат под псевдонимот Џејсоник, кој го користел додека бил член на Воивод. Сопственик е на музичко студио и продуцентска куќа сместени во Калифорнија.
Џејсон Њустед | |
---|---|
слика на Џејсон Њустед | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Џејсоник, Џејсон „Њукид“ |
Роден(а) | 4 март 1963 Бетл Крик, Мичиген |
Жанрови | хеви метал, треш метал, спид метал, прогресивен метал, хард рок, алтернативен метал, стонер рок, панк рок, глам метал |
Занимања | Музичар, текстописец |
Инструменти | Бас гитара, вокал, гитара, акустична гитара, тапани, теремин |
Период на активност | 1980–денес |
Издавачи | Метал Блејд, Електра, Чопхаус, The End Records, Сурфдог |
Соработници | Металика, Flotsam and Jetsam, Papa Wheelie, Voivod, Echobrain, Rock Star Supernova, Ози Озборн, Spastik Children, WhoCares, Govt Mule |
Значајни инструменти | |
Садовски Винтаж Бас гитара Алембик Бас гитара Рикенбахер 4003 |
Музичка кариера
уредиФлотсам и Џетсам
уредиСвојата долгогодишна кариера, Њустед ја започнал во треш метал бендот Flotsam and Jetsam. Ним им се приклучил во 1982, а таму бил и главниот текстописец за нивниот прв студиски албум Doomsday for the Deceiver, издаден 1986 г. Тоа воедно бил и единствениот музички проект на тој бенд каде активно учествувал самиот Њустед.
Металика
уредиПо смртта на Клиф Бартон во септември, 1986, за време на турнејата на Металика низ Шведска, групата започнала да бара нов басист. Њустед се пријавил на огласот, и бил избран помеѓу 39 различни музичари. Првиот настап во живо со новиот бенд му бил во еден ноќен паб од Калифорнија. Во првите години со групата бил често закачкан од фронтменот Џејмс Хетфилд, кој впрочем и му го измислил прекарот Џејсон Њукид.
Првото снимено издание со Металика му бил мини албумот The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited, објавен 1986, а првиот студиски албум ...And Justice for All излегол две години подоцна. Продукцијата за споменатиот албум била на доста ниско ниво, а и самиот Џејсон истакнал дека едвај можел да го слушне басот на тој албум.[1] Освен на тие дискови, Њустед се појавува и на наредните три студиски албуми на Металика, како и на сите ДВД, видео и филмски записи поврзани со бендот. Освен што свирел на бас гитара, Њустед бил и придружен вокал позади Џејмс Хетфилд. За време на светската турнеја од 1991 г. дури и го заменувал Хетфилд како водечки пејач на Металика додека тој бил во болница (поради изгореници на раката).[2]
Познато е дека напишал три песна за Металика, и тоа:
- „Blackened“ (...And Justice for All)
- „My Friend of Misery“ (Metallica)
- „Where the Wild Things Are“ (ReLoad)
Разделбата со Металика
уредиЗа време на еден состаник на членовите на Металика во јануари, 2001 г. незадоволен од музичкиот правец по кој се движел бендот, предложил да земат одмор од 1 година, како тој би можел да се посвети на вториот негов бенд од тоа време, Екобреин. Хетфилд и Улрих решително го одбиле тој предлог и му замерила на Њустед поради неговата работа со Екобреин, велејќи дека тоа одземало од силата и единството на бендот. Пред закажување на термините за снимање на албумот St. Anger, Њустед објавил дека ги напушта Металика. Како причина ги навел приватните и лични проблеми, како и физичката штета која ја претрпел низ годините свирејќи ја музиката што ја сакал. Нешто подоцна го издал студискиот албум со Екобреин. Џејмс Хетфилд однапред изјавил дека е против тој албум. За време на студиските сесии, бас гитара свирел продуцентот Боб Рок, а во 2003 г. за нов басист бил назначен Роберт Трухиљо.
Искрено да ви кажам, не зажалив ниту еден посто кога ја напуштив Металика. Така беше најдобро за сите. На никој не сум кажал дека жалам за одлуката, ниту пак имам намера тоа да го сторам. Тоа решение не беше воопшто лесно да се донесе, и многу размислував за тоа пред да се одлучам на тој потег. Оттогаш ниеднаш не погледнав наназад и не сум се запрашал дали постапив правилно. Едноставно така требаше да биде. Ова го кажал Џејсон Њустед во филмот Some Kind of Monster.
Постоеле неколку шпекулации во наредните неколку години дека Њустед евентуално би се вратил во Металика, но таквите најави се покажале неточни. И покрај разделбата со Металика, Џејсон останал пријател со останатите членови. На 4 април, 2009 г. бил примен во Rock and Roll куќата на славните во Кливленд, Охајо. Во декември 2011 г. настапил на серијата концерти по повод 30 години од основањето на Металика, во придружба на сегашните членови на бендот.[3]
Воивод и Ози Озборн
уредиПо заминувањето од Металика, Џејсон започнал со работа во треш метал бендот Воивод. Повремено, за време на фестивалот Озфест 2003, го пополнувал испразнетото место на басист во бендот на Ози Озборн. Во едно интервју на Озборн за МТВ, рекол дека Њустед покажал голем ентузијазам за соработка со неговиот бенд, па дури и го споредил со Гизер Батлер, некогашниот басист на Блек Сабат. Но, до соработка не дошло, па така Њустед продолжил со Воивод. Со нив направил два студиски албуми, а имал и значаен придонес во снимањето на албумот Infini (2009), кога иако не бил формален член, сепак свирел бас гитара на сите нумери.
Подоцнежна кариера
уредиНа 23 октомври 2006 г. за време на еден настап, Њустед претрпел полесна повреда на раката, кога ја расекол обидувајќи се да го дофати паднатиот засилувач од бас гитарата. За време на опоравувањето се занимавал со цртање, а по рехабилитацијата продолжил да свири. Интересно, за тоа време целосно се го засакал сликарството, и како што самиот вели: „Преминав од правање луда и колоритна музика во создавање луди и колоритни слики“. Направил и самостојна изложба на 4 мај 2010 во Сан Франциско.
На церемонијата од април, 2009, по повод примањето на Металика во рокенрол Куќата на славните присуствувал и Џејсон Њустед. Во таа пригода имал и мал концертен настап со бендот, нивниот прв заеднички перформанс по последната свирка во 2000 г. На бината истовремено се појавиле и Њустед и Трухиљо, секој свирејќи на бас гитара.
Во октомври 2010 г. беше објавено дека Њустед ќе се приклучи на новоформираната супер група WhoCares, во друштво на Ијан Гилан и Џон Лорд, поранешни членови на Deep Purple, Тони Ајоми, гитарист на Блек Сабат и тапанарот Нико Мекбрејн он Ајрон Мејден. Заеднички ги сниниле песните „Out of My Mind“ и „Holy Water“, кои биле издадени во ЦД формат. Во декември 2012 г. Џејсон ги известил медиумите дека формирал сопствен бенд под името Њустед, кој во јануари следната година го издал мини албумот со 4 песни, насловен како Метал.[4][5]
Џејсон Њустед инаку е член на колегиумот на директори и лојален поддржувач на непрофитабилната организација Малите деца свират, која обезбедува бесплатни музички инструменти за повеќето основни училишта низ САД.
Дискографија
уреди- Екобреин
- Echobrain (2002)
- Strange Enjoyment (2002)
- Glean (2004) (напишал една песна, продуцент)
- Флотсам и Џетсам
- Doomsday for the Deceiver (1986)
- No Place for Disgrace (1988) (напишал три песни)
- Gov't Mule
- The Deep End, Volume 2 (2002)
- ИР8/Сексорутика
- IR8 vs. Sexoturica (2002)
- Металика
- The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited (1987)
- ...And Justice for All (1988)
- Metallica (1991)
- Live Shit: Binge and Purge (1993)
- Load (1996)
- ReLoad (1997)
- Garage Inc. (1998)
- S&M (1999)
- Six Feet Down Under (2010)
- Мос
- Electricitation (2001)
- Њустед
- Metal (EP) (2013)
- Папа Вили
- Unipsycho (2002)
- Live Lycanthropy (2003)
- Рок Стар Супернова
- Rock Star Supernova (2006)
- Сепултура
- Against (1998) (Hatred Aside)
- Анкл
- Psyence Fiction (1998)
- Воивод
- Voivod (2003)
- Katorz (2006)
- Infini (2009)
- ХуКерс
- Out of My Mind / Holy Water (2011)
Наводи
уреди- ↑ Ричард Бинсток (декември 2008). „Металика: Приказна за треш металот“. Guitar World.
- ↑ Башам, Дејвид (2000-07-10). „Известување: Фронтменот на Металика ќе пропушти неколку концерти“. MTV.com. МТВ мрежа. Архивирано од изворникот на 2008-01-03. Посетено на 2009-02-07.
- ↑ „Металика повторно се обединија со Њустед по повод нивната 30-годишнина“. Blog.zap2it.com. 2011-12-07. Посетено на 2012-01-07.
- ↑ Чилдерс, Чед (15 декември 2012). „Џејсон Њустед испрати писмооткривајќи го насловот на мини албумот од неговиот нов бенд“. Loudwire. Посетено на 16 декември 2012. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Чилдерс, Чед. „Џејсон Њустед го привршува првиот албум со неговиот новоформиран бенд“. Loudwire. Посетено на 16 декември 2012. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)
Надворешни врски
уреди- Џејсон Њустед на Ризницата
- Официјално мрежно место Архивирано на 2 август 2013 г.
- Џејсон Њустед на Твитер
Претходник Клиф Бартон |
Басист на Металика 1986–2001 |
Наследник Роберт Трухиљо |