...And Justice for All (албум)
- За други значења на поимот ...And Justice for All видете на појаснителната страница
...And Justice for All е четвртиот студиски албум на Металика. Доаѓа по исклучително успешниот Master of Puppets, и во најголема мера ги задоволил вкусовите на нивните обожаватели. Ова е првиот студиски албум на кој се појавува Џејсон Њустед, кој во Металика дошол како замена за починатиот Клиф Бартон. Инаку ова е второ музичко издание на бендот со Њустед во составот ако го вброиме и мини албумот The $5.98 E.P.: Garage Days Re-Revisited.
„...And Justice for All“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Metallica | ||||
Издаден | август 25 1988 | |||
Снимен | Јануари 28 - Мај 1, 1988 во "One on One" студио во Лос Анџелес | |||
Жанр | Треш метал | |||
Траење | 65:25 | |||
Издавачка куќа | Електра | |||
Продуцент | Металика и Флеминг Расмусен | |||
Metallica — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од ...And Justice for All | ||||
Аранжманите и времетраењето на песните се некарактеристични за треш метал албум. Продукцијата била во надлежност на Флеминг Расмусен, додека омотот го изработил Стивен Горман. На сликата е прикажана Јустиција во пранги, симбол на силуваната и уништена правда. Логото на групата е испишано со графити, за разлика од претходните два студиски проекти каде беше во тридимензионален приказ. Албумот е одликуван со 8 x платинест тираж во САД, што го прави најпродаваниот треш албум во Северна Америка.
Песни на албумот
уреди- Blackened
Почетната нумера започнува вовед поразличен од оној вообичаениот на акустична гитара. По ова се уфрлаат тапаните и гитарските рифови. Темпото во текот на целата песна е со иста брзина, со исклучок можеби на соло делниците. Текстот обработува една тема карактеристична за екстремниот метал, т.е. крајот на светот. Насловот на песната најдобро ја доловува мрачната и потиштена атмосфера, нихилистичките ставови и песимизмот кои го градат мотивот за човековото себеуништување. Вокалот е значително подобрен, а во оваа песна како и низ целиот албум, нагласокот е ставен врз техничкото совршенство и инструменталната виртуозност на секој член на бендот. Вредно е да се напомене дека ова е една од трите песни кои се во соавторство на Џејсон Њустед за време неговите 15 години минати во Металика.[5]
- ...And Justice for All
Носечката композиција е со епска должина од речиси десет минути, со што е втората најдолга во музичкиот каталог на Металика. „And Justice for All“ се последните зборови од светата заклетва на САД, што иронично посочува на социјалната неправда и згазената правда во општеството. Поради комплексната структура и трите гитари кои учествуваат во нумерата, таа ретко се свири на концертите. Била изведувана за време на турнејата Damaged Justice (1988) и потоа дури на турнејата Sick of the Studio '07 (2007), седумнаесет години подоцна.[6]
- Eye of the Beholder
„Eye of the Beholder“ е песна која говори за слобода на говорот и слободата на изразување и определба. Интерсно е тоа што рефренот оди во забрзано темпо, додека останатите составни делови се свирени значително побавно. Во САД бил издаден како сингл непосредно пред „One“. На плочата објавена во служба промоција на албумот се нашла и песната „Breadfan“ од велшкиот бенд Budgie. Последен пат во живо била отпеана 1989 година, а оттогаш наваму се свират само одредени делчиња за време на концертите.[7]
- One
Стандардно, четвртата нумера од секој албум е балада, но со различен повод и мотив. Овде сижејната линија е преземена од еден воен филм со тема од Првата светска војна, каде на главниот јунак му е уништено човечкото достоинство. Тој е жеден за самоубиство, во кое гледа единствен излез од непрестајната агонија. Првиот дел од песната е повеќе мелодиски, а понатаму се развива и продолжува со зголемена динамика и тензија. Вокалот е претежно чист во повеќето строфи, додека само рефренот е отпеан со „режење“. Статистички гледано, ова е третата најизведувана песна во живо од репертоарот на Металика. За оваа песна бил направен видео запис, прв во долгогодишната кариера на овој состав.[8]
- The Shortest Straw
Динамична песна чиј наслов потсетува на играта кога се влече најкусата сламка. Тој ритуал се врши кога никој не се пријавил доброволно за некоја работа. Се претпоставува дека личноста која ќе ја добие најкусата сламка е принудена против сопствената волја да постапува според туѓите наредби. Можеби стиховите се метафора за ограничената слобода на поединецот и повик за либерализам.[9]
- Harvester of Sorrow
Насловот во превод значи „Жнеач на тага“. Една од песните со забавена ритмика, каде во преден план доаѓа моќниот глас на Хетфилд. По времетраење, ова е втората најкратка песна на албумот, па веројатно и затоа била издадена како сингл. Овде темата е соочување со внатрешните демони и нивно совладување. Потсетува на песната „Wherever I May Roam“ од албумот Metallica поради чудната мелодија на китара која е присутна во текот на целата песна.[10]
- The Frayed Ends of Sanity
The Frayed Ends of Sanity е единствената песна од албумот која никогаш не била изведена во живо. Тоа е најмногу поради сложените секции на гитара и зашто ова е песна која вокалистот и ритам гитарист Хетфилд не сака да ја свири. Паранојата бил вистинскиот мотив да се напише песната, но интерпретацијата на текстот може да варира.[11]
- To Live Is to Die
Инструментална композиција посветена на прерано загинатиот Клиф Бартон. И самиот Бартон придонел во создавањето на музиката, а на крајот од песната е вметнат негов рецитат. Четирите стихови се инспирирани од поемата на Пол Герхард. Највпечатлив е делот кон крајот на четвртата минута, по што следи чисто соло на електрична гитара.[12]
- Dyers Eve
По веќе воспоставената практика, завршното парче музика е најбрзото на албумот. Дел од обожавателите ја сметаат „Dyers Eve“ за најбрзата песна во целокупната дискографија на Металика. Тоа се должи на фактот што се користи техниката „дупла папуча“ на тапани, како и поради виртуозно брзите рифови и солажи. Темпото на песната е 196 битови во минута, вообичаено за треш метал нумера, но уникатниот начин на музицирање придонесува да ја доживуваме побрзо. Темата е неможноста на поединецот да се осамостои и одвои од родителското влијание, кое постепено постанува притисок и тегоба.[13]
Список на песни
уредиСите текстови ги напишал Џејмс Хетфилд, освен тој во нуметата „To Live Is to Die“, кој е дело на Клиф Бартон.[14]
Бр. | Наслов | Музика | Траење |
---|---|---|---|
1. | „"Blackened"“ | Хетфилд, Улрих, Њустед | 6:42 |
2. | „"...And Justice for All"“ | Хетфилд, Улрих, Хамет | 9:46 |
3. | „"Eye of the Beholder"“ | Хетфилд, Улрих, Хамет | 6:25 |
4. | „"One"“ | Хетфилд, Улрих | 7:26 |
5. | „"The Shortest Straw"“ | Хетфилд, Улрих | 6:35 |
6. | „"Harvester of Sorrow"“ | Хетфилд, Улрих | 5:45 |
7. | „"The Frayed Ends of Sanity"“ | Хетфилд, Улрих, Хамет | 7:43 |
8. | „"To Live Is to Die"“ | Хетфилд, Улрих, Бартон | 9:49 |
9. | „"Dyers Eve"“ | Хетфилд, Улрих, Хамет | 5:14 |
Вк. траење: |
65:25 |
Бонус песна во јапонските изданија | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Текстописци | Траење |
10. | „The Prince“ (преработка на песната од Diamond Head) | Шон Харис, Брајан Тетлер | 4:26 |
Вк. траење: |
69:52 |
Бонус песни во дигиталните изданија[15] | ||
---|---|---|
Бр. | Наслов | Траење |
10. | „One“ (во живо од Сиетл 1989) | 7:59 |
11. | „...And Justice For All“ (во живо од Сиетл 1989) | 10:05 |
Вк. траење: |
83:30 |
Персонал
уреди- Металика
- Џејмс Хетфилд – вокал, ритам гитара
- Ларс Улрих – тапани
- Кирк Хамет – водечка гитара
- Џејсон Њустед – бас гитара, придружен вокал
- Технички персонал
- Флеминг Расмусен и Металика – продуценти
- Мајк Клинк – ритам на „The Shortest Straw“ и „Harvester of Sorrow“
- Тоби Рајт – аудио инженер
- Стив Томпсон и Мајкл Барбеиро – миксување
- Џорџ Коувен – асистент инженер
- Стивен Горман, Џејмс Хетфилд и Ларс Улрих - дизајн и концепт на омотот
- Рос Халфин - фотографија
- Брајан Шродер - илустрации
Наводи
уреди- ↑ „Harvester of Sorrow release date“. Metallica.com. 28 August 1988. Архивирано од изворникот на 2011-08-20. Посетено на August 15, 2011.
- ↑ „Eye of the Beholder release date“. Metallica.com. 30 October 1988. Архивирано од изворникот на 2013-01-17. Посетено на August 15, 2011.
- ↑ „...And Justice for All release date“. Metallica.com. 6 September 1988. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 15 August 2011.
- ↑ „One release date“. Metallica.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-05. Посетено на 15 August 2011.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „Blackened" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „...And Justice for All" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „Eye of the Beholder" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „One" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „The Shortest Straw" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „Harvester of Sorrow" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „The Frayed Ends of Sanity" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „To Live Is to Die" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ „Invisible Oranges - Појаснување на „Dyers Eve" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-01-30. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ ...And Justice for All booklet. Vertigo Records. 1988.
- ↑ Kaufman, Gil (2006-06-26). „Metallica Put Catalog On iTunes — Quietly“. MTV. Архивирано од изворникот на 2019-09-11. Посетено на 2012-04-11.