Метал (албум)
Метал е првиот мини-албум на хеви метал бендот Њустед. Во продажба беше пуштен на 8 јануари 2013 г.[3] Снимен е во домашното студио на фронтменот Џејсон Њустед, а објавен под неговата сопствена издавачка куќа.[4]
„Метал“ | |
---|---|
Студиски албум од Њустед | |
Издаден | 8 јануари 2013 |
Снимен | октомври-декември 2012 во „Chophouse“ студио, Волнат Крик (Калифорнија) |
Жанр | Хеви метал |
Траење | 22:08 |
Издавачка куќа | Chophouse Records |
Продуцент | Џејсон Њустед |
Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Consequence of Sound | [1] |
Ultimate Guitar | [2] |
Инаку освен Џејсон, во бендот членуваат уште Хесус Мендес и Џеси Фарнворт. Овој музички состав бил формиран по заминувањето на Џејсон Њустед од Металика, каде бил член во периодот 1986-2001.[5] Според првичната замисла на бендот, албумот требало да содржи 11 песни, но подоцна било решено да објават само 4, а останатите да ги постават на посебен диск.[5]
Бил снимен видео запис за песната „Soldierhead“ на кој се појавуваат сите членови на бендот свирејќи во гаража. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, тој продал 6,200 примероци во првата седмица од издавањето, доволно да се пласира на 62. место на Билборд 200 ранг листата.[6]
Список на песни
уредиБр. | Наслов | Траење |
---|---|---|
1. | „Soldierhead“ | 4:16 |
2. | „Godsnake“ | 5:16 |
3. | „King of the Underdogs“ | 6:00 |
4. | „Skyscraper“ | 6:36 |
Вк. траење: |
22:08 |
Музички персонал
уреди- Њустед
- Џејсон Њустед − вокал, бас гитара
- Хесус Мендес Јун. − тапани
- Џеси Фарнворт − гитара, придружен вокал
Пласман
уредиГодина (2012) | Највисоко место |
---|---|
САД Билборд 200 | 62[6] |
Наводи
уреди- ↑ Hadusek, Jon (14 јануари 2013). „Album Review: Newsted – Metal EP“. Consequence of Sound. Посетено на 14 јануари 2013.
- ↑ Death Man, Aryan (10 јануари 2013). „Metal [EP] Review“. Ultimate Guitar. Посетено на 10 јануари 2013.
- ↑ „Jason Newsted To Release 'Metal' EP Next Month“. Blabbermouth.net. 14 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-17. Посетено на 29 декември 2012.
- ↑ „Jason Newsted Slams Bands Who Charge Money For Meet-And-Greets: 'I Think It's Bullsh*t'“. Blabbermouth.net. 19 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-24. Посетено на 29 декември 2012.
- ↑ 5,0 5,1 Morgan, Anthony (јануари 2013). „NEWSTED – Metal's Soldierhead“. Metal Forces. Rockzone Publications Ltd. Посетено на 24 јануари 2013.
- ↑ 6,0 6,1 „Newsted: 'Metal' First-Week Sales Revealed“. Blabbermouth.net. 17 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-20. Посетено на 18 јануари 2013.