Отвори го главното мени

Роберт Трухиљо (анг. Robert Trujillo) е американски бас гитарист кој во моментов е член на Металика. Освен за Металика, Трухиљо има настапувано и за бендовите Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Black Label Society, а има соработувано и со музичарите Ози Озборн, Џери Кантрел и Глен Типтон.[1] Трухиљо има мексиканско потекло, а роден е во Санта Моника, на 23 октомври, 1964 год.

Роберт Трухиљо
Трухиљо на концерт во 2008
Биографски податоци
Родено имеРоберт Агустин Трухиљо
Роден(а)октомври 23 1964 (1964-10-23) (55 г.)
Санта Моника, Калифорнија, САД
Жанровихеви метал, треш метал, фанк метал, хардкор панк, хард рок
ЗанимањаМузичар, текстописец
ИнструментиБас, гитара, вокал
Период на активност1978–денес
ИздавачиВорнер Брос, Електра, Мегафорс
СоработнициМеталика, Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Mass Mental, Black Label Society, Ози Озборн, Medication, Џери Кантрел, Глен Типтон, Химата Кумарасихе, Трухиљо Трио
Мреж. местоwww.metallica.com
Значајни инструменти
Fernandes пет-жичена
Music Man Stingray 5-жичена
Warwick бас гитара
Fender Precision Bass
Rickenbacker 4001

Музичка кариераУреди

Првото искуство на музичката сцена го здобил како член на бендот на Ози Озборн, во доцните 90-ти.[2] Додека соработувал со Озборн, му се случила една непријатна афера. Имено, на ре-изданијата од албумите Blizzard of Ozz и Diary of a Madman, Трухиљо ги преснимил мелодиите на бас гитара, кои биле во авторство на неговиот претходник Боб Дејзли.[3] Дејзли бил многу незадоволен и својот револт од таквата постапка го искажал преку медиумите. Освен со Озборн, Роберт имал активности и со неформалната супер-група Mass Mental, чиј музички стил бил мешавина на реге, панк и метал. Со нив издал само еден албум, исклучиво наменет за јапонскиот музички пазар, и еден видео албум од нивниот концерт во Токио. Кратко бил член и во бендот Black Label Society, каде по поканата од неговиот колега Зек Вајлд, приредиле неколку свирки.

На Металика им се придружил на 23 фебруари, 2003 год. Освен него, во бендот се и Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих и Кирк Хамет како членови со подолг стаж во групата.[4] Со нив прв пат се запознал во 1993 год. кога неговиот тогашен бенд Suicidal Tendencies настапувал како предгрупа на Металика за време на нивната светска турнеја Nowhere Else to Roam. И наредната (1994) година настапувал во придружба на Металика, и тоа на турнејата Shit Hits the Sheds.[5] Аудуцијата за нов басист на Металика и неговиот избор биле документирани во филмот Some Kind of Monster. Добил еден милион долари како парична награда за неговото примање од страна на бендот. Како моментален басист на Металика, на 4 април, 2009 год. бил примен во Rock and Roll Куќата на славните, заедно со неговиот претходник Џејсон Њустед (кој во 2001 заминал од Металика) и покојниот Клиф Бартон.

Актерска кариераУреди

Трухиљо се има појавено во повеќе филмски улоги, од кои позначајни му се настапите во играниот филм „Куќен повик“ (1978) и комедијатаКалифорниски човек“ (1992). Исто така има добиено помала ролја во ТВ серијата „Чипс“, како и во мини серијата „Честа на разузнавачот“.

Приватен животУреди

Роберт е оженет и има добиено син и ќерка, кои се викаат Тај и Лула. Неговата девојка, сегашна сопруга, Клои, има насликано пирографска слика од ацтечкиот календар на неговата бас гитара.[6] Неколку години по овој настан, кога Роберт слушнал дека Клои се преселила во Лос Анџелес, тој ѝ телефонирал од говорница, со намера повторно да стапат во љубовна врска. Заедно се веќе седум години, а од неодамна и се брачни другари. Неговата сопруга има сопствена веб страница со име „Клои во уметноста“.

ДискографијаУреди

Џери КантрелУреди

  • Degradation Trip (2002)
  • Degradation Trip Volumes 1 & 2 (2002)

Black Label SocietyУреди

  • 1919 Eternal (2002)

Infectious GroovesУреди

  • The Plague That Makes Your Booty Move...It's the Infectious Grooves (1991)
  • Encino Man Soundtrack (1992)
  • Sarsippius' Ark (1993)
  • Groove Family Cyco (1994)
  • Mas Borracho (1999)
  • Years Of Cycos (2008)
  • Funk It Up - Live In France 1995 (2010)
  • Mad Mad Muir Musical Tour (2011)

Suicidal TendenciesУреди

Глен ТиптонУреди

  • Baptizm of Fire (1997)

Mass MentalУреди

  • How To Write Love Songs (1999)
  • Live in Tokyo (2001)

Ози ОзборнУреди

МеталикаУреди

Со други музичариУреди

  • The Blackest Box (2002)
  • A Song for Chi (2009)

ФилмографијаУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди

ПоврзаноУреди