Load е шестиот студиски албум на Металика. Издаден бил по пет години минати по светски турнеи, во кои биле одржани над 300 концерти. Како продуцент повторно бил повикан Боб Рок, поради неочекуваниот огромен успех со претходниот албум. Во пресрет на овој проект, членовите на групата решиле да настапат во јавноста со нов имиџ, кратко потстрижени.

„Load“
Студиски албум од Metallica
Издаден4 јуни, 1996
Снименмај 1995 – февруари 1996 во The Plant Studios, Саусалито (Калифорнија)
ЖанрХеви метал, хард рок
Траење78:59
Издавачка куќаЕлектра, Вертиго
ПродуцентБоб Рок, Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих
Metallica — Хронологија
Metallica
(1991)
Load
(1996)
ReLoad
(1997)
Издадени песни од Load
  1. "Until It Sleeps"
    Издадена: 21 мај, 1996[1]
  2. "Hero of the Day"
    Издадена: 9 септември, 1996[2]
  3. "Mama Said (Metallica song)"
    Издадена: 25 ноември, 1996[3]
  4. "King Nothing"
    Издадена: 7 јануари, 1997[4]

Ова ЦД е временски најдолго во целокупниот каталог на бендот, со времетраење од 80 минути. Според првичната замисла требало да биде и преку 80 минути, но од продуцентската куќа не го дозволиле тоа бидејќи би било невозможно за слушателите да го преслушаат целиот музички запис без прескокнување на одредени песни. Па така последната нумера е скратена за минута и пол, но оригиналната верзија на последната песна се јавува во синглот „The Memory Remains“ од наредниот албум ReLoad.

Список на песни

уреди

Сите текстови се во авторство на Џејмс Хетфилд.

Бр. НасловМузика Траење
1. Ain't My Bitch“  Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих 5:04
2. „2 X 4“  Хетфилд, Улрих, Кирк Хамет 5:28
3. „The House Jack Built“  Хетфилд, Улрих, Хамет 6:38
4. Until It Sleeps“  Хетфилд, Улрих 4:28
5. King Nothing“  Хетфилд, Улрих, Хамет 5:29
6. Hero of the Day“  Хетфилд, Улрих, Хамет 4:21
7. Bleeding Me“  Хетфилд, Улрих, Хамет 8:18
8. „Cure“  Хетфилд, Улрих 4:54
9. „Poor Twisted Me“  Хетфилд, Улрих 4:00
10. „Wasting My Hate“  Хетфилд, Улрих, Хамет 3:57
11. Mama Said“  Хетфилд, Улрих 5:20
12. „Thorn Within“  Хетфилд, Улрих, Хамет 5:51
13. „Ronnie“  Хетфилд, Улрих 5:17
14. „The Outlaw Torn“  Хетфилд, Улрих 9:48
Вк. траење:
78:59

Наводи

уреди