Салта (покраина)
Салта (шпански: Salta) е покраина на Аргентина сместена во севернозападниот дел на земјата. Се граничи со покраините Формоса, Чако, Сантјаго дел Естеро, Тукуман и Катамарка. Исто така се граничи и со покраината Хухуј. Не север се граничи со Боливија и Парагвај и на запад со Чиле.
| |
Главен град | Салта |
Површина | 155,488 km² |
Население | 1,079,051 (2001) |
Густина | 6.94/km² |
Гувернер | Хуан Мануел Уртубеј |
Демоним | Салтенец (Salteño) |
ISO 3166-2 | AR-A |
Географија и клима
уредиВисоките врвови на Андите како (Акај, Качи и Чањи) се наоѓаат во североисточниот дел и ги прават долините попознати како Quebrada del Toro, и долината Лерма. Оваа е една од понаселените области и тука се наоѓа главниот град Салта. климата тука се одликува со топли лета (просечно од 23 °C до 40 °C) и ладни зими во кои температурата паѓа до смтзнување.
На исток во околината на областа Гран Чако, климата е посубтропска и тука се наоѓа џунглата Јунгас во националниот парк Ел Реј.
Најголеми реки се Пилкомајо, Бермехо и Хураменто, која подоцна станува река Саладо. Покраината Салта е е сместена во многу трусно подрачје, каде има многу земјотреси, како катастрофалните од 1692 и 1948 година.
Стопанство
уредиЗемјоделството и дериватната индустрија се водечки во покраината. Најпознати култури кои се извезуваат се Тутун, шеќерна трска и винарството. Исто така многу се одгледува пченка, грашок, лимони, банана, и домати.
Туризам
уредиСалта е дом на голем број природни, културни и историски атракции.
Градот Салта е најважно туристичко одредиште и центар на сите збиднувања. најзначајни места за посета се многуте колонијални куќи и катедрали, археолошкиот музеј во кој има 3 замрзнати мумии од времето на царството на Инките, кои се најдени во вулканот на 6.700 м Лулаилако.
Административна поделба
уредиСалта е поделена на 23 департмани (шпански: departamentos).
Надворешни врски
уреди„Салта (покраина)“ на Ризницата ? |
- Покраински портал (шпански)