Вангелис
Евангелос Одисејас Папатанасиу (грчки: Ευάγγελος Οδυσσέας Παπαθανασίου, 29 март 1943 - 17 мај 2022) — грчки композитор на електронска музика, познат под уметничкото име Вангелис.
Вангелис | |
---|---|
Вангелис на премиерата на филмот „Ел Греко“ | |
Животописни податоци | |
Родено име | Евангелос Одисејас Папатанасиу |
Роден(а) | 29 март 1943 |
Потекло | Волос, Грција |
Починал(а) | 17 мај 2022 Париз, Франција | (возр. 79)
Жанрови | инструментална, електронска, Прогресивен рок, класична |
Занимања | Композитор, музичар, продуцент |
Инструменти | Пијано, синтисајзер, клавир, тапани, удиралки |
Период на активност | 1961–денес |
Издавачи | РКА Рекордс, Атлантик Рекордс, Сониу Мјузик, Варнер Брос Рекордс, Плидор, Чарли Рекордс[1] |
Соработници | Aphrodite's Child, Jon & Vangelis, Demis Roussos, Yes |
Тој е најпознат по добивањето на филмска награда за филмот Chariots of Fire. Во својата кариера, која трае повеќе од 50-тина години, вангелис има издадено повеќе од 40 албуми. Според некои критичари, тој се смета за еден од најголемите живи композитори на електронска музика.[2][3][4]
Рани години
уредиЕвангелос е роден во Волос, Тесалија, Грција. Како претежно самоук музичар, почнал да компонира најверојатно на четиригодишна возраст. Тој како мал одбивал да зема часови по пијано. Студирал сликарство на Академијата за ликовни уметности во Атина.
Во почетокот на 1960-тите години ја основал групата Forminx, која добила голема популарност во Грција[5]. Кога во 1968 година избувнале студентски немири, тој заминал во Париз, и заедно со Демис Русос и Лукас Сидерас ја формирал групата Aphrodite's Child. Најмногу оваа група се прославила со песната „Rain and Tears“. Групата во 1972 година престанала да постои, и покрај тоа што Русос продолжил да соработува со Евангелос.
Кариера
уредиВо следните години, Евангелос ја започнал својата соло кариера. Во 1973 година ја напишал музиката за дват филма на францускиот режисер Фредерик Росиф. Во 1974 година го издал својот прв албум под името „Earth“. Во меѓувреме, тој соработувал и со групата „Yes“, која свирела рок-музика.
По неколку години тој заминал за Лондон, каде потпишал договор со RCA Records, создавајќи свое студио (Nemo Studios).
Филмска музика
уредиВангелис направил неколку албуми со Јон Андерсон во текот на 80-тите и 90-тите под името Jon & Vangelis. Во 1982 година, Вангелис добил оскар за филмска музика за филмот Chariots of Fire. Во 1990 година го издал албумот Town. Во истата година започнал да соработува со филмскиот режисер Ридли Скот. Тој ја создал музиката за филмовите 1492: Conquest of Paradise и Blade Runner. Неговиот албум од 2001 година, Mythodea, бил користен од страна на НАСА за време на нивните мисии на Марс.[6] . Во 2004 година ја создал музиката за филмот Alexander[2][7].
Вангелис во текот на 2007 година издал два албуми. Првиот бил трилогија од Blade Runner, по повод 25 години од создавањето на музиката на истоимениот филм, додека вториот албум бил саундтракот El Greco за истоимениот филм, во режија на Јанис Смарагдис[8][9][10].
Во 2012 година Вангелис ја компинирал музиката на филмот Trashed. Во 2013 година бил објавен документарниот филм Вангелис и патувањето до Итака. Во 2014 година објавил три композиции за слетувањето на сондата Розета на 67П/Чурјумов-Герасименко, како дел од програмата на Европската вселенска агенција, под наслов „Arrival“, „Rosetta's Waltz“ и „Philae's Journey“. На 23 септември 2016 година бил објавен албумот Rosetta[11].
Дискографија
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ Discography site Retrieved 16 September 2008
- ↑ 2,0 2,1 Предлошка:Cite newspaper
- ↑ Jason Ankeny. „Vangelis Biography“. All Music. Посетено на 2008-11-06.
- ↑ Tranglos review Архивирано на 18 јули 2012 г. Retrieved 6 October 2008
- ↑ „The Forminx“. Vangelis Movements. Посетено на 2008-11-12.
- ↑ Tracksounds Review Архивирано на 14 ноември 2008 г. Retrieved 26 September 2008
- ↑ Synthtopia Review of Alex. S.T. Retrieved 26 September 2008
- ↑ „Nemo: Vangelis - chapter 15“. nemostudios.co.uk. Посетено на 18 August 2016.
- ↑ Synthopia Trilogy Preview Retrieved 26 September 2008
- ↑ Elsewhere albums page Retrieved 26 September 2008
- ↑ Claudia (19 December 2014). „Music Of The Irregular Spheres“. European Space Agency. Посетено на 18 August 2016.
- ↑ VangelisMovements.com