Бедфордшир
Предлошка:Инфокутија Англиска грофовија
Бедфордшир (англиски: Bedfordshire, скрат. Beds.) — церемонијална грофовија од историско потекло во источна Англија. Се граничи со грофовиите Кембриџшир на североисток, Нортхемтоншир на север, Бакингемшир на запад и Хартфордшир на југоисток.
Највисока точка е на Данстабл Даунс (243 м) на венецот Чилтернски Ридови.
Во 2002 г. пчелоносната орхидеја (Ophrys apifera) е избрана за грофовиско цвеќе.[1]
Грофовијата е на 14-то место по густина на населеност во Англија. Над половина од населението живее во двете поголеми градски подрачја: Бедфорд (102.000) и Лутон (236.000).[2]
Историја
уредиГрофовијата по име првпат се среќава во 1011 г. како „Беданфордскир“ (Bedanfordscir), што значи „крајот на Бедфорд“, кој пак има значење „Бродот на Беда“ (Beda's ford) — место каде се преминува реката.
Традиционално Бедфордшир се делел на стотини стотини (hundreds): Барфорд, Биглсвејд, Клифтон, Флит, Мансхед, Редборнстоук, Стоден, Вајли, Виксамтри, заедно со самиот град Бедфорд и неговото подрачје.
Границите на грофовијата претрпеле неколку измени, особено во последните сто години.
Географија
уредиНа јужниот крај на грофовијата преовладува срт од креда познат како Чилтернски Ридови. Останатиот дел образува широк слив на реката Грејт Уз и нејзините притоки. Највеќето карпи се глинести и песочнички, и потекнуваат од периодите јура и креда, а има и варовник. Ледничките одрони од креда ги изложиле цврстите јазли од кремен во облик на чакал. Овој чакал во минатото се експлоатирал, а денес браздите се езера.
Клима
уредиБидејќи се наоѓа во источниот дел од Англија, Бедфордшир има релативно сува клима. Просечните врнежи во Бедфорд изнесуваат 597,6 мм годишно.[3] Највлажен месец е октомври (62,5 мм), а најсув е февруари (36,7 мм).
Просечната ниска температура во февруари преку ноќта изнесува 0,8 °C,[3] додека пак дневната висока во јули изнесува 22,1 °C.[3] Највисоката забележана температура за последниве две децении е 35,9 °C.[4] Во декември 2010 г, температурата паднала под -15 °C во делови од земјата (на пр. во Воберн).
Знаменитости
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грофовиски цвеќиња на Британија Архивирано на 14 февруари 2006 г. — Plantlife (англиски)
- ↑ http://www.ons.gov.uk/ons/rel/census/census-2001-key-statistics/urban-areas-in-england-and-wales/urban-areas-in-england-and-wales-ks01-usual-resident-population.xls
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Просечни износи за Бедфорд (1981-2010) Архивирано на 9 октомври 2012 г. — Метеоролошка служба на Британија (англиски)
- ↑ Клима на Бедфорд (англиски)
- Bedfordshire Magazine
- Elstow Moot Hall leaflets on John Bunyan and 17th century subjects
- Guide to the Bedfordshire Record Office 1957 with supplements.
- History of Bedfordshire, Bedfordshire County Council, 1969
Надворешни врски
уреди„Бедфордшир“ на Ризницата ? |
- Портал на Северен Бедфордшир Архивирано на 22 ноември 2012 г. (англиски)
- Бедфордшир на Curlie (англиски)
- Слики на знаменитости во Бедфордшир Архивирано на 23 декември 2012 г. — Архив на „Англиско наследство“