Келтската музика е широка група на музички жанрови кои се развиле од народната музичка традиција на Келтите од Западна Европа.[1][2] Се однесува на традиционалната музика што се пренесува усмено како и на снимената музика, кои стилски значително се разликуваат и вклучуваат сѐ од традиционална музика до широк репертоар на хибриди.

Перформанс во 2010

Опис и дефиниција

уреди
 
Слика од XVIII век од древен друид кој свири на харфа

Келтска музика значи главно две работи. Прво, тоа е музика на луѓето кои се идентификуваат како Келти. Второ, тоа се однесува на сите квалитети кои можат да бидат уникатни за музиката на Келтите. Многу значајни келтски музичари, како што се Алан Стивил и Пади Молони, тврдат дека различните келтски музички жанрови имаат многу заедничко.

Следните мелодиски одлики се широко распространети низ различните варијанти на келтската музика:

 
Келтска харфа изведено на Келтски фестивал во 2010
  • Честопати мелодиската линија се движи нагоре и надолу по основните акорди во многу келтски песни. Постојат многу можни причини за ова:
    • Мелодиските теми можат лесно да бидат варирани. Мелодиската варијација е широко рспространета во келтската музика, особено од лимените блок флејти и харфите.
    • Лесно може да се предвиди насоката на мелодијата, така што хармонијата, компонирана или импровизирана, може да се воведе со употреба на вообичаени каденци.
    • Релативно пошироките тонски интервали во некои песни овозможуваат акцентите во поетската линија да бидат повеќе во согласност со локалниот келтски акцент.
  • Оние кои се типични само за една келтска група.
  • Оние кои се типични за повеќе од една келтска јазична популација, која припаѓа на различни келтски групи.

Овие два последни начини на употреба може едноставно да бидат остатоци од порано распространети мелодиски практики.

Често, терминот Келтска музика со однесува на ирската и шкотската музика, бидејќи од двете земји се развиле два зассебни музички стилови кои всушност имаат вистинска сличност и јасни взаемни влијанија. Дефиницијата дополнително ја комплицира фактот што ирската независност дозволи Ирска да ја промовира „келтската“ музика како конкретно ирски производ. Сепак, ова се модерни географски наводи за луѓе кои имаат заедничко келтско потекло и, следствено, заедничко музичко наследство.

Наводи

уреди
  1. Melhuish, Martin (1998). Celtic Tides: Traditional Music in a New Age. Ontario, Canada: Quarry Press Inc. стр. 8, 28. ISBN 1-55082-205-5.
  2. Alberro, Manuel (2005). „Celtic Legacy in Galicia“. E-Keltoi: Journal of Interdisciplinary Celtic Studies. 6: 1005–1035. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 2018-03-17.