Physical Graffiti
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Physical Graffiti е шестиот албум на англиската рок група Лед Зепелин издаден на 24 февруари 1975 година. Тоа е првиот двоен албум на групата чие снимање е прекинато поради желбата на басистот Џон Пол Џонс да ја напушти групата. По повторното соединување во Хедли Гранџ, четирите членови снимаат осум песни чие траење е предолго за еден ЛП па решаваат да направат двоен албум вклучувајќи и неиздадените песни од претходните сесии за Houses of the Holy.
„Physical Graffiti“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Led Zeppelin | ||||
Издаден | 24 февруари 1975 | |||
Снимен | јули и декември 1970, март 1971, мај 1972, јануари-февруари 1974 на повеќе места[1] | |||
Жанр | хард рок, хеви метал, блуз рок | |||
Траење | 82:15 | |||
Издавачка куќа | Swan Song | |||
Продуцент | Џими Пејџ | |||
Led Zeppelin — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Physical Graffiti | ||||
|
Physical Graffiti има голем успех на комерцијален план и добива одлични критики. Иако станува 16 пати платинест, тоа е поради фактот што е двоен албум, инаку продадени се 8 милиони копии.
Снимање
уредиСесиите се одржани во ноември 1973 година во Хедли Гранџ, Источен Хемпшир, Англија. Овојпат групата го користи подвижното студио на Рони Лејн, но по краток период студиото беше дадено на групата Бед Компани кои тогаш го снимаат истоимениот дебитирачки албум. Во интервју од 1975 година, Џими Пејџ објаснува:
„ | Ни требаше долго време за овој албум бидејќи кога почнавме да снимаме ЏПЏ беше болен и моравме да одложиме...едноставно сè се зафркна. Ни требаа цели три месеци да се средиме. | “ |
Но експертот за групата Дејв Луис пак вели:
„ | Подоцна имаше информации дека ЏПЏ сакал да се откаже од групата и да биде хорист во катедралата Винчестер. Менаџерот Питер Грант ги предупредил дека на басистот му било смачено од турнеите и ги советувал да направат пауза од неколку недели. ЏПЏ потоа се премислил и сесиите продолжиле по новогодишните празници. | “ |
Со помош на музичкиот инженер Рон Невисон групата снима осум песни во јануари и февруари 1974 во Хедли Гранџ. Роберт Плент изјавува дека песните биле одлични:
„ | Снимивме осум песни... и повеќето од нив беа многу жешки. Направивме неколку одлични песни со вокали во живо, чудни ствари што испаднаа многу добро. | “ |
Слично како и сесиите за претходните два албуми, снимањето во Хедли Гранџ претставува одлична прилика за групата да импровизира и патем да создаде нов материјал. Плент изјавува:
„ | Некои од песните ги составивме на нашиот добро познат начин од поминување низ песната набрзина додека не сфатиме дека сме откриле нешто сосема друго. | “ |
Кога завршуваат со снимањето на осумте нови песни, ги додаваат претходните снимки на песните Bron-Yr-Aur, Night Flight, Boogie With Stu, Down by the Seaside, The Rover, Black Country Woman I Houses of the Holy. Пејџ изјавува:
„ | Имавме вишок материјал, доволно за еден и пол албум па решивме да го направиме двоен со искористување на некои неиздадени песни од претходните сесии. Ни изгледаше како одличен момент за таква работа, да издадеме песни како Boogie With Stu, нешто во нормални околности не би можеле да го направиме... Овојпат решивме да го прошириме наместо да го скратиме. | “ |
Невисон признава дека проширувањето дојде како нова идеја и не било дел од планот:
„ | Не знаев дека Physical Graffiti ќе биде двоен албум. Кога почнавме со снимање подготвувавме нови песни. Го напуштив проектот пред да почнат да ставаат песни од Houses of the Holy и незнаев дека ќе биде двоен сè додека не го издадоа. | “ |
Во октомври 1974 година во Олимпик Студиос, Лондон, Кит Харвуд ги додава последните наснимки, а насловот на албумот го смислува Џими со цел да ја покаже целата енерија која била потрошена при спремањето на албумот.
Песни
уредиСпоред Дејв Луис:
„ | Physical Graffiti беше еден излив на музиката на Лед Зепелин и збир на целиот нивен репертоар. Двата диска им овозможија да ги вклучат сите аспекти на нивниот репертоар и на крајот се добива едно засрамувачки богат албум. | “ |
Албумот се снима низ неколку години и допира различни музички стилови како хард рок (The Rover, The Wanton Song, Sick Again, Houses of the Holy), ориентален оркестарски рок (Kashmir), фанк (Trampled Under Foot), акустичен рокенрол (Boogie With Stu, Black Country Woman), љубовна балада (Ten Years Gone), блуз рок (In My Time of Dying) и акустична инструменталка (Bron-Yr-Aur).
Разновидноста е очигледна и со фактот што Physical Graffiti ги содржи најкратката (Bron-Yr-Aur) и најдолгата песна (In My Time of Dying) на Лед Зепелин. Првата две минути и шест секунди, а втората единаесет минути и пет секунди. Со исклучок на песната The Battle for Evermore од Лед Зепелин 4, ова е и првиот албум каде ЏПЏ свири помошна гитара на некои песни.
In My Time of Dying, Trampled Under Foot, Kashmir, Ten Years Gone и Sick Again стануваат заштитен знак на нивните концерти по издавањето на овој албум.
Според Плент, Physical Graffiti е најкреативното издание на Лед Зепелин и признава дека тоа е неговиот омилен албум од групата. Џими Пејџ исто така смета дека ова е највисоко достигнување за групата.
Опаковка
уредиНа опаковката од албумот има слика од една зграда од Њујорк со илустрации на прозорците. Дизајнерот Питер Корисон бара симетрична зграда со интересни детаљи, непречена од други предмети и ќе ја собере на квадратната опаковка:
'Неколку недели се врткавме низ градот барајќи ја вистинската зграда. Имав концепт за групата заснован на една станбена зграда со луѓе кои се вселуваат и се иселуваат. Оригиналната опаковка имаше исечени прозори под кои можеше да се стават други слоеви на кои ги има насловите на песните и дополнителни детаљи.'
Двете згради на пет ката кои служат како модели за сликата на опаковката се наоѓаат на 96 и 98 St.Mark’s Place во Њујорк. Фотографијата претрпува многу обработки пред да биде ставена на опаковката. Петтиот кат мора да биде исечен за да ја собира, зградите од двете страни се променети за да одговараат, додадени се ќерамиди на покривот и променет е десниот балкон најгоре, додека задната слика е сликана ноќе. Заслуга за внатрешните слики добива Мајк Дауд, кој умира во раните 1990-ти и сликите од албумот се неговото најголемо достигнување во кариерата. Во 1976 година албумот е номиниран за Греми за најдобра опаковка на албум а Дауд добива Греми за најдобра опаковка во 1978.
Истите згради од сликата се појавуваат и во спотот за песната Waiting on a Friend на Ролинг Стоунс. Во подрумот на едната од куќите се појавува и продавница за стара облека наречена Physical Graffiti. Моментално има продавница наречена Physical Graffitеа. Зградата исто така се појавува во серијата Rock Junket.
Оригиналната опаковка содржи четири слики, по две за секој албум и по уште една слика за во среде и за надворешната опаковка. На внатрешните слики има разни предмети и луѓе, како и слики од Плент и Ричард Кол на секој прозорец. Сликата во среде содржи детаљи за албумот на бела позадина и надворешната слика има дупка на која се појавува името на албумот кога ќе ја покрие внатрешната слика.
Критики
уредиПрофесионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | [2] |
BBC | Favourable[3] |
Billboard | Favourable[4] |
Blender | [5] |
Robert Christgau | B+[6] |
Q | (Nov 2000) |
Rolling Stone | Very favourable[7] |
The Rolling Stone Album Guide | [8] |
The album was released on 24 February 1975, at a time when Led Zeppelin were undertaking their tenth concert tour of North America. Delays in the production of the album's sleeve design prevented its release prior to the commencement of the tour.[9]
Издаден на 24 февруари 1975 за време на нивната десетта концертна турнеја во Северна Америка, албумот веднаш станува критички и комеријален успех. Поради одложувањата во врска со изгледот на опаковката не е издаден пред почетокот на турнејата. Physical Graffiti е првиот албум на групата издаден преку сопствената издавачка куќа на Лед Зепелин, Суан Сонг Рекордс отворена во мај 1974. Претходните албуми на групата се издаден преку Атлантик Рекордс.
Искачувајќи се на врвот на сите топ листи во САД и Британија, Physical Graffiti се продава во 8 милиони копии само во САД, правејќи го 16 пати платинест поради тоа што е двоен албум. Ова е исто така првиот албум што станал платинест во нарачки пред издавање, а со неговото издавање сите претходни албуми на Лед Зепелин влегуваат во топ 200 списокот на албуми.
Различните стилови на музика во двојниот диск се пречекани со пофалби од критичарите, Џим Милер од списанието Ролинг Стоун оди дотаму што го нарекува Physical Graffiti спој на албумот Beggars Banquet од Ролинг Стоунс и најдобриот албум на Битлси Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band, притоа тврдејќи дека ова е најуметничкиот албум на Лед Зепелин.
Во 1998 година, читателите на списанието Кју го изгласуваат Physical Graffiti за 28иот најдобар албум на сите времиња, а во 2000 година истото списание го става на 32 место на листата од 100те најдобри Британски албуми на сите времиња и во 2001 година го прогласува за еден од 'најтешките' албуми на сите времиња. Во 2003 година Виејџ1 го прогласува за 71иот најдобар албум на сите времиња, а истата година Ролинг Стоун го става на 70то место на нивната листа од 500те Најдобри албуми на сите времиња. Physical Graffiti е исто така еден од 1001 албуми кои мора да се чујат пред да се умре од 2005 година.
Признанија и награди
уредиМагазин | Земја | Признание | Година | Ранг |
---|---|---|---|---|
Греми | САД | "Греми награда за најдобар омот"[10] | 1976 | Номиниран |
Rolling Stone | САД | The Rolling Stone 500 Greatest Albums of All Time[11] | 2003 | 70 |
Pitchfork Media | САД | "Top 100 Albums of the 1970s"[12] | 2004 | 95 |
Mojo | Велика Британија | "The 100 Greatest Albums Ever Made"[13] | 1996 | 47 |
Classic Rock | Велика Британија | "100 Greatest Rock Album Ever"[14] | 2001 | 5 |
Q | Велика Британија | "100 Greatest Albums Ever"[15] | 2003 | 41 |
Record Collector | Велика Британија | "Classic Albums from 21 Genres for the 21st century"[16] | 2005 | * |
Robert Dimery | САД | 1001 Albums You Must Hear Before You Die[17] | 2005 | * |
Q | Велика Британија | "100 Best Albums Ever"[18] | 2006 | 57 |
Classic Rock | Велика Британија | "100 Greatest British Rock Album Ever"[19] | 2006 | 7 |
Rock and Roll Hall of Fame | САД | "The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time"[20] | 2007 | 93 |
Guitar World | САД | "Reader's Poll: 100 Greatest Guitar Albums"[21] | 2006 | 9 |
(*) designates unordered lists.
Список на песни
уредиПрв дел | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Снимено | Траење |
1. | „Custard Pie“ | јануари-февруари 1974 | 4:13 |
2. | „The Rover“ | мај 1972 | 5:37 |
3. | „In My Time of Dying“ (Џон Бонам, Џон Пол Џонс, Пејџ и Плант) | јануари-февруари 1974 | 11:04 |
Втор дел | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Снимено | Траење |
4. | „Houses of the Holy“ | мај 1972 | 4:02 |
5. | „Trampled Under Foot“ (Џонс, Пејџ и Плант) | јануари-февруари 1974 | 5:37 |
6. | „Kashmir“ (Бонам, Пејџ и Плант) | јануари-февруари 1974 | 8:32 |
Трет дел | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Снимено | Траење |
7. | „In the Light“ (Џонс, Пејџ и Плант) | јануари-февруари 1974 | 8:46 |
8. | „Bron-Yr-Aur“ (Пејџ) | јули 1970 | 2:06 |
9. | „Down by the Seaside“ | февруари 1971 | 5:13 |
10. | „Ten Years Gone“ | јануари-февруари 1974 | 6:32 |
Четврт дел | |||
---|---|---|---|
Бр. | Наслов | Снимено | Траење |
11. | „Night Flight“ (Џонс, Пејџ и Плант) | декември 1970 – јануари 1971 | 3:36 |
12. | „The Wanton Song“ | јануари-февруари 1974 | 4:07 |
13. | „Boogie with Stu“ (Бонам, Џонс, Пејџ, Плант, Јан Стјуарт и Ричи Валенс) | декември 1970 – јануари 1971 | 3:53 |
14. | „Black Country Woman“ | мај 1972 | 4:24 |
15. | „Sick Again“ | јануари-февруари 1974 | 4:42 |
Некои касетни изданија ја имаат песната Bron-Yr-Aur веднаш по Kashmir, а времетраењето на Kashmir и Ten Years Gone во некои ЛП и ЦД изданија е погрешно со 9:41 за Kashmir и 6:55 за Ten Years Gone.
Заслугата за Boogie with Stu е дадена на Г-ѓа Валенс, мајката на Ричи Валенс, откако членовите на Лед Зепелин чуле дека таа никогаш не добила ништо од песните на нејзиниот син.
Положба на топ листите
уредиТабела (1975) | Највисок пласман |
---|---|
Japanese Albums Chart[22] | 13 |
UK Albums Chart[23] | 1 |
US Billboard The 200 Albums Chart[24] | 1 |
US Cash Box Top 100 Albums Chart[25] | 1 |
US Record World Top Pop Albums Chart[26] | 1 |
Canadian RPM Albums Chart[27] | 1 |
Norwegian Albums Chart[28] | 4 |
Austrian Albums Chart[29] | 2 |
Australian Albums Chart | 2 |
New Zealand Top 50 Albums Chart[30] | 3 |
German Albums Chart[31] | 17 |
Spanish Albums Chart[32] | 2 |
French Albums Chart[33] | 2 |
- Синглови
Година | Сингл | Табела | Позиција |
---|---|---|---|
1975 | "Trampled Under Foot" | Билборд Поп Синглови (Билборд Топ 100) | 38[се бара извор] |
Сертификации за продажба
уредиЕкипа
уреди- Led Zeppelin
- John Bonham – drums, percussion
- John Paul Jones – bass guitar, organ, acoustic and electric piano, mellotron, guitar, mandolin, VCS3 synthesiser, Hohner clavinet, Hammond organ, string arrangement
- Jimmy Page – electric, acoustic, lap steel and slide guitar, mandolin, production
- Robert Plant – lead vocals, harmonica, acoustic guitar on "Boogie with Stu"
- Дополнителен персонал
- George Chkiantz – engineering
- Peter Corriston – artwork, design, cover design
- Barry Diament – mastering (original CD release)
- Mike Doud – artwork, design, cover design
- Elliot Erwitt – photography
- B. P. Fallon – photography
- Peter Grant – producer, executive producer
- Roy Harper – photography
- Keith Harwood – engineering, mixing
- Dave Heffernan – illustrations
- Andy Johns – engineering
- Eddie Kramer – engineering, mixing
- George Marino – remastered CD release
- Ron Nevison – engineering
- Ian Stewart – piano on "Boogie with Stu"
Исто така
уредиНаводи
уреди- ↑ „Physical Graffiti album information at led-zeppelin.org“. Архивирано од изворникот на 2007-11-07. Посетено на 25 October 2008.
- ↑ Allmusic Review
- ↑ „BBC Review“. Архивирано од изворникот на 2009-07-26. Посетено на 2009-07-26.
- ↑ „Billboard Review“. Superseventies.com. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ „Blender Review“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 2013-01-02.
- ↑ „Robert Christgau Review“. Robertchristgau.com. 15 June 1972. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ By Jim Miller (27 March 1975). „Rolling Stone Review“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2009-04-23. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ „Led Zeppelin: Album Guide | Rolling Stone Music“. Rollingstone.com. 2007-12-10. Архивирано од изворникот 2011-01-14. Посетено на 2012-03-05.
- ↑ Chris Welch (1994) Led Zeppelin, London: Orion Books. ISBN 1-85797-930-3, p. 73.
- ↑ „Grammy Award for Best Album Package (AGI) – 28 February 1976“. Grammy. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-12-21. Посетено на 2013-01-02.
- ↑ „Staff Lists: Top 100 Albums of the 1970s“. Pitchfork. 23 June 2004. Архивирано од изворникот на 2009-05-31. Посетено на 9 August 2011.
- ↑ „The 100 Greatest Albums Ever Made – January 1996“. Mojo. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „Classic Rock – 100 Greatest Rock Album Ever – December 2001“. Classic Rock. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „100 Greatest Albums Ever – January 2003“. Q. Архивирано од изворникот на 2018-10-19. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „Classic Albums from 21 Genres for the 21st century: Seventies: From Singer-Songwriter Angst to Glam and the Disco Age – January 2005“. Record Collector. Архивирано од изворникот на 2018-10-24. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ Dimery, Robert – 1001 Albums You Must Hear Before You Die; page 856
- ↑ „Best Albums Ever – February 2006“. Q. Посетено на 10 February 2009. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „Classic Rock – 100 Greatest British Rock Album Ever – April 2006“. Classic Rock. Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „The Definitive 200: Top 200 Albums of All-Time“. Rock and Roll Hall of Fame (USA). Посетено на 10 February 2009.
- ↑ „100 Greatest Guitar Albums“. Guitar World. 2006. A copy can be found at „Guitar World's 100 Greatest Guitar Albums Of All Time – Rate Your Music“. rateyourmusic.com. Посетено на 12 October 2011.
- ↑ „Top 100 Albums – 20 February 1975“. Oricon. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 15 March 1975“. chartstats.com. Архивирано од изворникот 2012-12-08. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „The Billboard 200 – 22 March 1975“. Billboard. Посетено на 19 January 2009. [мртва врска]
- ↑ „Top 100 Albums – 22 March 1975“. Cash Box. Архивирано од изворникот на 2012-02-20. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ [http://www.geocities.com/muggy59/RWPOPLPS1975THRU1979.html[мртва врска] „Top Pop Albums – 22 March 1975“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Record World. Посетено на 19 January 2009.[мртва врска] - ↑ „Top Albums/CDs – Volume 23, No. 7, April 12, 1975“. RPM. Архивирано од изворникот на 2012-12-28. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 20 Albums – 13 April 1975“. norwegiancharts.com. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 75 Albums – 15 April 1975“. austriancharts.at. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ Scapolo, Dean (2007). „Top 50 Albums – April 1975“. The Complete New Zealand Music Charts (1. изд.). Wellington: Transpress. ISBN 978-1-877443-00-8.
- ↑ „Top 100 Albums – April 1975“. charts-surfer.de. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 9 August 1975“. PROMUSICAE. Посетено на 19 January 2009.
- ↑ „Top 100 Albums – 1975“. infodisc.fr. Архивирано од изворникот на 2013-07-11. Посетено на 19 January 2009.
Претходник On the Level од Status Quo |
UK Albums Chart]] number-one album 15–22 March 1975 |
Наследник 20 Greatest Hits by Tom Jones |
Претходник Have You Never Been Mellow by Olivia Newton-John |
Billboard 200 number-one album 22 March – 2 May 1975 |
Наследник Chicago VIII by Chicago |