Јоханес Кеплер

(Пренасочено од Johannes Kepler)

Јоханес Кеплер (германски: Johannes Kepler, 27 декември 157115 ноември 1630) — германски математичар, астроном и астролог и клучна фигура во астрономската револуција на 17 век. Тој е најпознат за неговите закони за планетарно движење, кодифицирани од други астрономи според основата на неговите дела „Нова астрономија“, „Хармонии на светот“ и „Епитом на Коперниковата астрономија“.

Јоханес Кеплер
Портрет од 1610 на Јоханес Кеплер од непознат уметник
Роден(а)27 декември 1571
Вајл дер Штат кај Штутгарт, Германија
Починал(а)15 ноември 1630
Регенсбург, Баварија, Германија
ЖивеалиштеБаден-Виртемберг; Штаерска; Чешка; Горна Австрија
Полињаастрономија, астрологија, математика и природонаука
УстановиУниверзитет на Линц
ОбразованиеТибингенски универзитет
Познат поКеплерови закони за планетарно движење
Потпис

Пред Кеплер, планетарните орбити били пресметувани преку комбинации на кружните движења на небесни сфери. По Кеплер, астрономите го смениле своето внимание кон орбитите - патишта кои можат математички да се претстават како елипси.[1][2][3] Кеплеровите закони исто така овозможиле една од основите на теоријата на Исак Њутн за универзална гравитација.

За време на неговата кариера, Кеплер бил учител по математика во семинарско училиште во Грац, Австрија, асистент на астрономот Тихо Брахе, дворскиот математичар на императорот Рудолф II; математичар во Линц, Австрија и советник на генералот Алберт фон Валенштајн. Тој исто така извршил голем придонес на полето на оптиката, измислил подобрена верзија на рефрактирачкиот телескоп (Кеплеров телескоп) и помогнал да се легитемизираат телескопските пронајдоци на уште еден научник од неговата генерација, Галилео Галилеј.

Кеплер живеел во доба каде немала јасна граница меѓу астрономијата и астрологијата, но имало голема поделеност на астрономијата на две гранки - математичка и физичка (гранка на попрестижната дисциплина природонаука). Кеплер вовел и религиозни аргументи и појаснувања во неговите дела, мотивиран од религиозната осуда дека Бог го создал светот со интелигентен план кој е прифатлив преку природната светлина на разумот.[4] Кеплер ја опишал неговара нова астрономија како „небесна физика“,[5] како „екскурзија во аристотеловата Метафизика“ ,[6] и како „додаток на делото За небото“, исто така на Аристотел,[7] трансформирајќи ја античката традициjа за физичка космологија со третирањето на математиката како дел од универзалната математичка физика.[8]

Детство

уреди
 
Родното место на Кеплер во Вајл дер Штат
 
Големата комета од 1577, која Кеплер ја посведочил како дете, и го привлекла вниманието на голем број на астрономи низ Европа.

Јоханес Кеплер е роден на 27 декември 1571., во Слободниот Империјалистички град Вајл дер Штат. Неговиот дедо, Себалд Кеплер, бил градоначалник на градот, но во времето кога Јоханес се родил, тој имал двајца браќа и една сестра и богатството на фамилијата пропаѓало. Неговиот татко, Хенрих Кеплер, бил користољубец, и го напуштил семејството кога Јоханес имал пет години. Се верува дека починал во Осумгодишната војна во Холандија. Неговата мајка Катарина Гулденман била лекар и хербалист. Бидејќи бил предвремено роден, Јоханес како дете бил слаб и болезлив. Сепак, тој често ги импресирал посетувачите на градот со неговите феноменaлни математички способности.[9]

Тој се запознал со астрономијата уште во раното детство, и тогаш се развила љубовта кон неа која ќе се протега низ целиот негов живот. На шест години, тој ја набљудувал Големата комета во 1577, пишувајќи дека ‚‚мајка му го однела на високо место за да ја гледа‘‘.[10] На девет години, тој набљудувал друг астрономски настан, затемнување на месечината во 1580.[10] И покрај тоа, детските сипаници го оставиле со слаб вид и сакати раце, ограничувајќи ја неговата можност за набљудување на аспекти од астрономијата.[11]

Во 1589, по завршувањето на школо за граматика, школо за латински јазик и Евангелиски семинари во Мелбурни Блаусберн, Кеплер присуствувал на Tübinger Stift на Универзитетот во Тибинген. Таму, тој посетувал предавања кај Витус Милер[12] и теологија кај Јакоб Хербранд.Тој докажал дека е одличен математичар и заработил репутација како вешт астролог. Со помош на инструкциите на Михаел Местлин, професор по математика на факултетот во Тибинген од 1583 до 1631, тој го научил Системот на Птоломеј и Системот на Коперник за движење на планетите. Тој станал Коперник на тоа време. Во една студентска дебата, тој го бранел хелиоцентризмот од теориски и теолошки перспективи, поддржувајќи ги теориите дека Сонцето е примарниот извор на движечката сила во Универзумот.[13] И покрај желбата да стане министер, при завршувањето на студиите Кеплер бил предложен да биде професор по математика и астрономија во Протестантското училиште во Граз (подоцна Универзитет во Граз). Тој го прифатил ова работно место во април 1594, на 23 годишна возраст.[14]

Грац (1594–1600)

уреди

Мистериите на Космосот

уреди
 
Кеплеровите модели на Платонски цврсти тела од Сончевиот Систем 'Мистериите на Комосот (1596)

Првото големо астрономско дело на Јоханес Кеплер, Космички мистерии (The Cosmographic Mystery),било прво објавено дело за одбрана на Коперниковиот систем. Кеплер тврдел дека имал епифанија на 19 јули 1595, додека предавал во Грац, демонстрирајќи ја периодичната врска (астрономија и астрологија) на Сатурн и Јупитер во хороскопот: тој сфатил дека правилниот многуаголник ограничен со една впишана и една опишана кружница со дефиниран сразмер, може да биде геометриска основа на Универзумот. После неуспехот да пронајде уникатен начин на совпаѓање на многуаголниците со веќе познатите астрономички набљудувања (дури и со планетите кои се додадени во системот),Кеплер поцнал почнал да експериментира со тридимензионален полиедар. Тој дознал дека секој од петте Платонски цврсти теламоже да бидена единствен начин опишано и впишано со сферни кугли; вградувајќи ги овие црвсти тела, секое затворено во сфера, внатре едно во друго ќе продуцира шест слоја, одговарајќи на шестте познати планети—Меркур (планета), Венера, Земја, Марс, Јупитер и Сатурн. Со организирање на цврстите тела правилно—октахедрон, икосахедрон, додекахедрон, тетрахедрон, коцка—Кеплер открил дека сферите можат да бидат позиционирани во интервали совпаѓајќи се со релативните големини на патеките на секоја посебна планета, сметајќи дека планетите кружат околу Сонцето. Кеплер исто така ја нашол формулата која се однесува на големината на секоја планетса кугла со должината на нивните орбитални периоди: од внатрешни до надворешни планети, односот на зголемување на периодот на орбиталите е двапати по разликата на полупречниците на куглите. Како и да е, Кеплер подоцна ја отфрлил оваа формула бидејќи не била доволно прецизна.[15]

 
Крупен приказ на внатрешната секција на моделот

Како што најавил во насловот, Кеплер мислел дека го открил геометрискиот план на Господ за Универзумот. Голем дел од Кеплеровиот ентузијазам за Коперниковиот систем се задржува на неговите теолошки убедувања за поврзаноста меѓу физичкото и Душаlдушевното; Унуверзумот сам по себе била слика на Господ, со Сонцето кое одговара на Таткото, ѕвездената сфера на Синот, и просторот помеѓу нив одговара на Светиот Дух. Неговиот прв ракопис на Мистериите содржел проширен дел за смирување на хелиоцентризмот со библискиот дел кој, изгледа како да го поддржува геоцентризмот.[16]

Поддржан од својот ментор, Мишел Местлин, Кеплер добил дозвола од сенатот на Универзитетот во Тибинген да го објави својот ракопис, но барале отстранување на Библиската ексгенеза и упростување т.е. поразбирлив опис на Системот на Коперник како и на Кеплеровите нови идеи. Мистериите биле објавени при крајот на 1596. година. Кеплер ги добил неговите копии и на почетокот на 1597. почнал да ги испраќа на истакнати астрономи и покровители; делото не било нашироко читано, но ја зацврстило репутацијата на Кеплер како астроном со големи вештини. Одбивањето на моќните покровители како и на луѓето кои ја контролирале неговата позиција во Грац, му обезбедиле пресуден влез во покровителскиот систем.[17]

Иако деталите во подоцнежната работа на Кеплер ќе бидат изменети и „ублажени“, Кеплер никогаш не се откажува од Платонската многустепена-сферна космологија на Мистериите на Космосот. Неговите последователни астрономски дела биле само понатамошен развој на неговото прво дело. Кеплер сакал да најде повеќе прецизни внатрешни и надворешни димензии на сферата со пресметување на екцентричноста на планетарните орбити. Во 1621, тој го објавил второто проширено издание на „Мистериите“, кое било половично големо од првото, обрнувајќи внимание во фуснотите на исправките и подобрувањата кои тој ги постигнал за 25 години откако го издал неговото прво дело.[18]

Во условите кога „Мистериите“ имале влијание, може да се смета декатие се прв битен чекор во модернизацијата на теоријата предложена од Николас Коперник во негоовото дело "De Revolutionibus". Модерната астрономија е голем должник на „Мистериите на Космосот“, покрај пропустите во нивните главни тези, „откако го претставува првиот чекор во разјаснувањето на Системот на Коперник на остатоците на Теоријата на Проломеј кои сè уште притискаат на него.“ [19]

Бракот со Барбара Милер

уреди
 
Портрети на Кеплер и жена му во овални медаљони

Во декември 1595, Кеплер се запознал со Барбара Милер, 23-годинишна вдовица (двапати) со мала ќерка Gemma van Dvijneveldt, и тој почнал да ѝ се додворува. Милер, наследничка на имотите на нејзините починати мажи, истото така била ќерка на успешен сопственик на млин. Нејзиниот татко во почетокот се противел на бракот и покрајтоа што Кеплер имал висок статус во општеството. Нејзиниот татко попуштил откако Кеплер ги завршил „Мистериите“, но свршувачката за малку ќе се распаднала додека Кеплер бил во странство, посветен на деталите за објавување на неговото дело. Барбара и Јоханес се венчале на 27 април 1597. година.[20]

Во првите години од нивниот брак, Кеплерови имале две дева (Хенри и Сузана), но двете починале уште во детството. Во 1602, тие добиле ќерка (Сузана); во 1604, син(Фридрих) и во 1607, друг син (Лудвиг).[21]

 
Куќата на Јоханес Кеплер и Барбара Милер во Гусендроф близу Грац (1597–1599)

Останати истражувања

уреди

После објавувањето на „Мистериите“ и со благослов од инспекторите на школото во Грац, Кеплер започнал амбициозен програм за проширување и развивање на неговата работа. Тој планирал четири продолжетоци на неговата книга: една во врска со неподвижните аспекти на Универзумот (Сонцето и фиксираните ѕвезди); една за планетите и нивните движења; една за физичката природа на планетите и развивање на географските одлики (специјално фокусиран на Земјата); и една за ефектите на небото над Земјата, вклучувајќи оптичката атмосфера, метеорологијата и астрологијата.[22]

Тој, исто така, ги добил мислењата на астрономите на кои ја пратил неговата книга, меѓу нив Реимарус Урсус (Nicolaus Reimers Bär)— величествениот математичар Рудолф II и на големиот соперник Тихо Брахе. Урсус не му одговорил директно, но тој го преиздал Кеплеровото ласкаво писмо за прогонување на неговиот приоритет - Тиховиот систем.[23]

Тој го посветил неговото внимание на хронологијата и "хармонијата, на " нумеролошките врки помеѓу музиката, математиката и физичкиот свет, и нивните астролошки последици. Со претпоставување дека Земјата ја поседува душата, тој основал систем склон кон размислување поврзувајќи ги од страна на астролошки аспектии астрономички растојаниа на времето и други земјени феномени. До 1599, тој повторно почувствулал дека неговата работа била ограничена со погрешна слободни податоци — зголемување на религиозната тензија, исто така, му се заканувала за продолжувањето на неговата работа во Грац. Во декември таа година, Тихо го поканил Кеплер да го посети во Прага; на 1 јануари 1600, (пред да ја добие поканата), Кеплер ја изгубил надежта дека Тиховото покровителство би можело да ги реши неговите филозофски, социјални и финансиски проблеми.[24]

Прага (1600–1612)

уреди

Наводи

уреди
  1. (англиски)Owen Gingerich, "Foreword," to Donohue, tr., Johannes Kepler: New Astronomy, p. xi
  2. On the slow reception of Kepler's laws see Koyré, The Astronomical Revolution, pp. 362–4.
  3. (англиски)On the change from orbs moving with circular motion to orbits derived from physical principles see Bernard R. Goldstein and Giora Hon, "Kepler’s Move from Orbs to Orbits: Documenting a Revolutionary Scientific Concept," Perspectives on Science, 13 (2005): 74-111.
  4. (англиски) Barker and Goldstein, "Theological Foundations of Kepler's Astronomy", pp. 112–13.
  5. (англиски) Kepler, New Astronomy, title page, tr. Donohue, pp. 26–7
  6. (англиски) Kepler, New Astronomy, p. 48
  7. (англиски)Epitome of Copernican Astronomy in Great Books of the Western World, Vol 16, p. 845
  8. (англиски) Stephenson, Kepler's Physical Astronomy, pp. 1–2; Dear, Revolutionizing the Sciences, pp. 74–78
  9. Caspar. Kepler, pp.  29–36; Connor. Kepler's Witch, pp.  23–46.
  10. 10,0 10,1 Koestler. The Sleepwalkers, p. 234 (translated from Kepler's family horoscope).
  11. Caspar. Kepler, pp.  36–38; Connor. Kepler's Witch, pp.  25–27.
  12. Connor, James A. Kepler's Witch (2004), p. 58.
  13. Westman, Robert S. "Kepler's Early Physico-Astrological Problematic," Journal for the History of Astronomy, 32 (2001): 227–36.
  14. Caspar. Kepler, pp.  38–52; Connor. Kepler's Witch, pp.  49–69.
  15. Caspar. Kepler, pp. 60–65; see also: Barker and Goldstein, "Theological Foundations of Kepler's Astronomy."
  16. Barker and Goldstein. "Theological Foundations of Kepler's Astronomy," pp. 99–103, 112–113.
  17. Caspar. Kepler, pp. 65–71.
  18. Field. Kepler's Geometrical Cosmology, Chapter IV, p 73ff.
  19. Dreyer, J.L.E. A History of Astronomy from Thales to Kepler, Dover Publications, 1953, pp. 331, 377–379.
  20. Caspar, Kepler. pp. 71–75.
  21. Connor. Kepler's Witch, pp. 89–100, 114–116; Caspar. Kepler, pp. 75–77
  22. Caspar. Kepler, pp. 85–86.
  23. Caspar, Kepler, pp. 86–89
  24. Caspar, Kepler, pp. 89–100

Библиографија

уреди
  • Kepler, Johannes and Christian Frisch: Joannis Kepleri Astronomi Opera Omnia (Јохан Кеплер, астроном; собрани дела), 8 тома.(1858–1871). vol. 1, 1858, vol. 2, 1859, vol. 3,1860, vol. 6, 1866, vol. 7, 1868, Francofurti a.M. et Erlangae, Heyder & Zimmer, - Google Books

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: