Северноледен Океан

најмалиот, најплиткиот и најсеверниот океан на светот
(Пренасочено од 88. северен напоредник)

Северноледен Океан или Арктички Океан, Северно Поларно Море, Северен Морски Патокеан северно од Европа, Азија, Северна Америка и островот Гренланд. Се простира околу Северниот Пол и има површина од околу 14 милиони км2, средна длабочина од преку 1,200 m.

Северноледениот Океан се користи како од океанските цицачи, така и од јадрените подморници.

Океани

Мориња

уреди

Во Северноледениот Океан спаѓаат следните мориња:

  1. Норвешко
  2. Баренцово
  3. Бело
  4. Карско
  5. Лаптевско
  1. Источносибирско
  2. Чукотско,
  3. Бофортово
  4. Хадсоново
  5. Бафиново
  6. Гренландско

Преку Норвешкото Море, Северноледениот Океан е во контакт со Атлантскиот Океан, а преку Беринговиот Премин и Беринговото Море со Тихиот Океан. Поголеми острови во овој океан се Гренланд, Бафинова Земја, Елзмир, Викторија, Шпицбершки Острови, Нова Земја, Земјата на Франц Јосиф, Северна Земја, Новосибирск, Врангеловиот Остров и други.

Денес овој океан има големо сообраќајно значење поради северниот морски пат, кој води од пристаништата Мурманск и Архангелск до Владивосток (од 1933) и поморската линија меѓу Атлантикот Океан и Хадсоновото Море.

Во областа на океанот се наоѓаат важни подрачја на арктичкиот риболов, китолов, лов на тулјани, моржови и сл. Во сливот на океанот припаѓаат големите сибирски реки Об, Енисеј и Лена, како и европските Печора и Северна Двина, а северноамериканска значајна река која припаѓа на овој слив е Мекензи.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди