Врангелов Остров
Врангеловиот Остров (порано нарекуван и Врангелова Земја, руски : Остров Врангеля) е остров во Северноледениот Океан, и се наоѓа меѓу Источносибирското и Чукотското море, северозападно од Беринговото Море, со површина од 7.300 км2. Се наоѓа на 180º меридијан, односно на датумската граница. Административно припаѓа на рускиот Чукотски автономен округ.
| |
---|---|
Местоположба на Врангеловиот Остров | |
Географија | |
Место | Северноледен Океан |
Координати | 71°14′N 179°25′W / 71.233° СГШ; 179.417° ЗГД |
Површина | 7.600 км2 |
Највисоко место | 1.096 м |
Највисока точка | Советска Гора |
Држава | |
Федерален Округ | Далекуисточен |
Автономен Округ | Чукотски |
Службен назив: Natural System of Wrangel Island Reserve | |
Тип: | Природно наследство |
Критериуми: | Критериум - ix, x |
Прогласено: | 2004 (28th session) |
Број | 1023rev |
Земја потписник: | Руска Федерација |
Регион: | Азија |
Историја
уредиВрангеловиот Остров името го добил по рускиот истражувач и адмирал Фердинанд Петрович Врангел кој го барал во 1823 година, но не стигнал до него. Откриен е од американскиот брод за ловење китови Жанет (англ: Jannette) во 1879 г., под команда на капетанот Џорџ Вашингтон Де Лонг, но бродот потонал на околу 1290 км северозападно од островот откако две години бил заробен во поларен мраз. На островот први стапнале група Американци од паробродот Томас Л. Корвин во август 1881, кои биле во потрага по изгубениот брод Жанет. Поставиле американско знаме и го прогласиле Врангеловиот Остров за нова американска сопственост, нарекувајќи го Нова Колумбија. Еден од истражувачите, Џон Муир, истата година во серија написи за весник во Сан Франциско го објавил првиот опис на Врангеловиот Остров. Островот следните 30 години ги поминал во целосна изолација, по што следеле две катастрофи (во 1913 и 1921 г.) на канадските експедиции кои имале за цел островот да се прогласи за британска територија. На крај, Советите во 1926 година го окупирале островот населувајќи го со сибирски чукчијци, чија мала заедница ја имало на островот до 1970 година, кога се преселиле назад на копно.
Одлики
уредиОстровот е составен од кристални шкрилци и гранит. Широк е околу 125 km и завзема површина од 7.600 км2. Поделен е на јужна крајбрежна низина широка 15 км, централен појас од ниски планини и северна крајбрежна низина широка 25 км. Планинскиот венец „Централни Планини“ се протега од западниот до источниот брег (завршувајќи со морските карпи од двете страни) и долг е 145 км, а широк 40 км во најширокиот дел. Планините се високи околу 500 метри, а највисока е Советската планина (1.096 м).
Просечната температура во јануари е -22 °C, а во јули 2,5 °C. Покриен е со мраз и тундра. Фауната претежно се состои бели мечки и поларни лисици.
На Врангеловиот Остров има метеоролошка станица и две рибарски села населени со чукчијци.
Од 2010 година, Врангеловиот Остров, заедно со островот Хералд,(кој се наоѓа 60 километри источно од него), од страна на УНЕСКО е внесен на списокот на светско наследство во Азија и Океанија како целокупен субарктички и арктички екосистем во изолиран планински венец кој вклучува тајга, тундра и арктички пустини, и недопрени слатководни речни и езерски системи.[1] На островиве има уникатна флора и ендемски тип на почва која е дом на повеќе од 40 видови ендемични видови и подвидови на растенија, инсекти, птици и цицачи. Некои од нив се биореликти со што овие острови се поблиску до плеистоценот од кој било друг предел во светот.[2] Мамутите кои живееле на Врангеловиот Остров изумреле пред 4.000 години. [се бара извор]
Наводи
уреди- ↑ http://whc.unesco.org/en/list/1234
- ↑ Vrangelov otok na stranicama Fundacije za zaštitu prirodne baštine. Posjećeno 18. veljače 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Местоположба на природниот резерват на Врангеловиот Остров (руски.)
- L. Gualtieri, Историја на глацијалното и морското ниво на доцниот плеистоцен на Врангеловиот Остров, североисточен Сибир. Архивирано на 19 јули 2017 г. Кватернерен истражувачки центар, Универзитетот во Вашингтон. (англиски)