Шљопинци
Шљопинци или Шлопинци (грчки: Δογάνης, Доганис; до 1928 г. Σλώπνιτσα, Слопница[2] или Σλοπ, Слоп) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 38 жители (2011)
Шљопинци Δογάνης | |
---|---|
Координати: 41°5.39′N 22°31.22′E / 41.08983° СГШ; 22.52033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 358 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа 4 км јужно од Гевгелија, близу државната граница. Лежи во областа Бојмија, на десниот брег на реката Вардар.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Шљопинци било македонско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шљупници (Chliupnitzi) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 50 домаќинства од вкупно 236 жители, сите Македонци.[4][5]
Во 1895–96 г. во селото е основан комитет на ВМРО.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Шљопинци било село во Гевгелиската каза со 410 жители, сите Македонци.[4][7]
Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Шљопенци (Chliopentzi) имало 420 Македонци,[4] сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 60 куќи, сите македонски.[3]
Во Грција
уредиКако и соседното Древено, Шљопинци настрадало во Балканските војни, па затоа во 1913 г. населението се намалило на само 100 жители.[3] Истата година е припоено кон Грција по сила на Букурешкиот договор. На подрачјето на селото минувала фронтовата линија во Првата светска војна, поради што 1916 г. ги преместиле неговите жители во Бугарија, кои подоцна се вратиле. Во 1920 г. населението броело 110 жители, повторно сите Македонци.[3] Во 1924 г. етничката состојба се променила кога 53 жители решиле да го напуштат селото поради неподносливиот живот создаден од грчкиот режим. На местото на иселените, властите доселиле 27 грчки семејства од Источна Тракија со вкупно 113 дојденци[9] (или 121 според Симовски)[3] Во 1928 г. селото е преименувано во Доганис, кога е попишано како етнички мешана населба со вкупно 180 жители.
На пописот во 1940 г. во Шљопинци е заведен 191 жител, од кои само 30 Македонци.[3] По Грчката граѓанска војна во 1951 г. тука живееле 124 лица, по што нивниот број опаднал на 109 во 1961, 77 во 1971 и 58 жители во 1981 г., што се должело на иселување во градовите. Во 1991 г. се попишани 59 жители,[3] и селото продолжило да се празни, така што во 2001 имало 49, а во 2011 г. само 38 жители.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 191 | 124 | 109 | 77 | 58 | 59 | 49 | 38 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението се занимава со земјоделство, и тоа со одгледување на пченица, памук и овошје.[3]
Личности
уреди- Андон Николов Малкочов — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Андон Петров Папуцчиев — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Васил Савов Арџанлиев — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Дино Мицов Трајков — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Илија Георгиев Чаушев — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Илиja Трајанов (1890 – ?) — учесник во Балканските војни, доставувач на залихи[10]
- Илија Христов Ѓурѓев — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Илија Христов Колев (? – 1927) — просветен деец
- Лазар Цунев (? - 1920) — просветен деец
- Мицо Трајков — револуционер, деец на ВМРО[6][11]
- Мицо Узун Трајанов — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Никола Караризов — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Сотир Атанасов Дучков — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Ташко Мицев Трајков (1876 – 1901) — војвода ВМРО
- Трајко Ганев (или Гонев, 1885/1887 – ?) — учесник во Балканските војни[12]
- Христо Карагонов — револуционер, деец на ВМРО[6]
- Христо Мицев Трајков — револуционер, деец на ВМРО[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σλώπνιτσα -- Δογάνης
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67–68.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.168-169.
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 730.
- ↑ „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 134, ISBN 9549514560
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 180.
Надворешни врски
уреди- Шљопинци на Ризницата ?
- Страница за Шљопинци на грчки портал за Сехово (Идомени) (грчки)