Древено (Гуменџиско)
Древено (грчки: Πύλη, Пили; до 1926 г. Δρέβενο, Древено[1]) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција. Денес не постои бидејќи е целосно напуштено по Грчката граѓанска војна во 1949 г. и од него останала само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Свети Врач“).
Древено Πύλη | |
---|---|
Координати: 41°3.2′N 22°30.44′E / 41.0533° СГШ; 22.50733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Надм. вис. | 190 м |
Население | |
• Вкупно | иселено (1.949) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во областа Бојмија, на десниот брег на Вардар, северозападно од општинското седиште Бојмица.
Историја
уредиКај Древено е откриена стара населба, прогласена за заштитен археолошки споменик во 1994 г.[2]
Во Отоманското Царство
уредиВо XIX век Древено било македонско село во Гевгелиската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Древе (Dreve) имало 30 домаќинства со 142 жители Македонци.[3][4]
Во селото во 1895–96 г. е основан комитет на ВМРО.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Древено било село во Гевгелиската каза со 125 жители, сите Македонци.[3][6]
Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Древен (Dreven) имал 104 Македонци, сите под егзархијата.[3][7] Според подоцнежните егзархиски податоци, во 1910 г. Древене е чифлигарско село со 25 семејства, и има 124 македонски жители[3] и една црква.[8]
Потпаѓање под Грција
уредиВо 1913 г. по Втората балканска војна селото е припоено кон Грција. Македонското население се иселило во Бугарија, а на негово место се доселени Грци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Пили. Во 1928 г. Древено било чисто дојденско село, со 31 семејства од 104 доведени Грци.[9] Во Грчката граѓанска војна жителите на Древено го напуштиле селото и се преселиле во Бојмица.
Денес од Древено е останата само црквата „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врач“), изградена во XIX век.[10]
Личности
уреди- Родени во Древено
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δρέβενον -- Πηγή
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/43984/2309/28-9-1994 - ΦΕΚ 845/Β/14-11-1994“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 29 јуни 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 168 – 169.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 152. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194-195.
- ↑ Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „13. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου Δρέβενου“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 24 јуни 2014.
- ↑ Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.