Шпремберг

град во Германија

Шпремберг (германски: Spremberg, долнолужички: Grodk) — град во округот Шпре-Ниса, во Бранденбург, Германија. Градот бил првпат споменат во 1301. Самиот град има околу 9.000 жители, но со околните села и окрузи бројката достигнува до 25.000 жители.

Шпремберг
Главниот плоштад
Главниот плоштад
Главниот плоштад
Грб на Шпремберг
Шпремберг во рамките на Германија
Шпремберг
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Шпре-Ниса
Градоначалник Клаус-Петер Шулце (ДХС)
Основни податоци
Површина 180,04 км2
Надм. височина 97 м
Население 21.585 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 120 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SPN
Пошт. бр. 03130
Повик. бр. 03563
Портал www.stadt-spremberg.de
Местоположба на градот Шпремберг во рамките на округот Шпре-Ниса
Карта
Карта
Координати 51°34′18″N 14°22′46″E / 51.57167° СГШ; 14.37944° ИГД / 51.57167; 14.37944

Шпремберг се наоѓа околу 20 километри јужно од Котбус и 25 километри северно од Хојерсверда, на остров и на двата брега на реката Шпре. Помеѓу 1871 и 1918, градот бил географски центар на Германското Царство; денес се наоѓа на 25 километри од германско-полската граница.

Градот своевремено бил географски центар на Германското Царство (1871-1919).

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)