Лох Ломонд
Лох Ломонд (англ. Loch Lomond, гел. Loch Laomainn) — слатководен лох во Шкотска сместен на Горскиот Граничен Расед. Ова е најголемо езеро во Велика Британија по површина.[1] Има многу острови, вклучувајќи ги Инчмарин, (најголемиот езерски остров на Британските Острови) иако самото езеро е помало од многу езера во Ирска.[2] Loch Lomond is a popular leisure destination and is опеан во песната The Bonnie Banks o' Loch Lomond („Убавите брегови на Лох Ломонд“).
Лох Ломонд Loch Lomond / Loch Laomainn | |
---|---|
Подрачје | Западен Данбартоншир/Аргајл и Бјут/Стерлинг, Шкотска |
Координати | 56°05′N 4°34′W / 56.083° СГШ; 4.567° ЗГД |
Вид | слатководен лох, коритно, димиктичко |
Главни приливи | Ендрик, Фруин, Фалох |
Главни истеци | Левен |
Слив | 696 км2 км2 |
Сливни земји | Шкотска |
Најг. должина | 39 км км |
Најг. ширина | 8 км км |
Површина | 71 км2 км2 |
Прос. длабочина | 37 м м |
Најг. длабочина | 190 м м |
Зафатнина | 2,6 км3 км3 |
Проточност | 1,9 години |
Надм. височина | 7,6 м м |
Острови | 60 (Инчкалох, Инчмарин, Инчфад) |
Делови/потсливови | северен слив, јужен слив |
Населени места | Балох, Ардлуј, Балмаха, Лус, Роварденан, Тарбет |
Географија
уредиОва е слатководен лох што се протега низ Горскиот Граничен Расед кој ги дели низините во средна Шкотска од Горите. Долг е 39 км, а широк помеѓу 1,21 км и 8 км. Има просечна длабочина од 37 м, а максималната изнесува 190 м. Зазема површина од 71 км2 и зафатнина од 2,6 км3. Ова е најголемо езеро во Британија по површина и второ по водна зафатнина (по Лох Нес).[3] Во рамките на Обединетото Кралство, езерото зазема трето место, по Лох Неј и Долниот Лох Ерн во Северна Ирска.[4]
Езерото традиционално претставува граница помеѓу Стерлингшир и Данбартоншир, а денес се протега во управните области Стерлинг, Аргајл и Бјут и Западен Данбартоншир. Јужните брегови се оддалечени 23 км на север од главниот град Глазгов.
Денес Лох Ломонд е дел од националниот парк Лох Ломонд и Тросахс. Планината Бен Ломонд (974 м) е сместена на источниот брег и е најјужна од повисоките шкотски планини наречени „манро“. Во анкетата „Чуда на природата на Велика Британија“ на Radio Times спроведена во 2005, Лох Ломонд го освоил 6-то место.[5]
Главна сообраќајница кај езерото е патот A82 кој се протега долж западниот брег.
Острови
уредиЛохот има околу 30 острови.[6][бел 1] зависно од водостојот. Неколку од нив се големи по британските стандарди за езерски острови. На пример, Инчмарин езерски остров на Британските Острови.[2] Како и во Лох Теј, неколку од нив се „кранози“ - вештачки острови изградени како живеалишта во праисторијата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Peter Matthews, уред. (1994). The Guinness Book of Records 1995. Guinness World Records Limited. стр. 17. ISBN 0-85112-736-3.
- ↑ 2,0 2,1 Worsley, Harry (1988). Loch Lomond: The Loch, the Lairds and the Legends. Glasgow: Lindsay Publications. ISBN 978-1-898169-34-5.
- ↑ „Преглед на водната околина на Шкотска 2000-2006“[мртва врска] - SEPA. пров. 11 октомври 2008 (англиски)
- ↑ Whitaker's Almanack (1991) London. J. Whitaker and Sons. стр. 127.
- ↑ Пештерите го освоија првото место за чудо на природата - BBC, 10 декември 2006 (англиски)
- ↑ „Острови на Лох Ломонд – Инчмарин“. Loch Lomond.net. Посетено на 23 август 2007. (англиски)
- ↑ Острови на Лох Ломонд loch-lomond.me.uk. пров. 23 јануари 2010 (англиски)
- ↑ „Запознавање со островите во Лох Ломонд“. Лох Ломонд, Каландер и Тросахс. Архивирано од изворникот на 2002-06-18. Посетено на 25 септември 2008. (англиски)
- ↑ на пример, Лох Ломонд Архивирано на 22 јули 2011 г. - goxplore.net пров. 29 април 2010 (англиски)
- ↑ Лохот - Loch Lomond.net, пров. 23 јануари 2010 (англиски)
- ↑ Островите на Лох Ломонд Архивирано на 13 мај 2008 г. - visit-lochlomond.com. пров. 28 април 2010 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Национален парк Лох Ломонд и Тросахс (англиски)
- Податоци за Лох Ломонд (англиски)
- Планинарски патеки околу Лох Ломонд (англиски)
- Островите на Лох Ломонд Архивирано на 18 јуни 2002 г. (англиски)