Чувашки јазик

јазик

Чувашкиот јазик (изворно чӑвашла) е туркиски јазик кој се зборува западно од планината Урал, односно во централна Русија на територијата на федералната република Чувашија. Тој е единствен жив јазик од огурската подгрупа на туркиските јазици. Чувашкиот е мајчин јазик на Чувашите и службен јазик во руската република Чувашија. Јазикот е зборуван од околу 2 милиони луѓе од кои 86% се етнички Чуваши и 8 % се луѓе од други националности што живеат во републиката. Чувашкиот јазик користи кирилица со видно влијание од руската азбука но има и свои уникатни букви како што се буквите Ӑ, Ӗ, Ҫ и Ӳ.

Чувашки јазик
Чӑвашла, Čövašla
Изговор[tɕəʋaʂˈla]
Застапен воРусија
ПодрачјеЧувашија
Говорници1,640,000 (во Русија)[1]  
Јазично семејство
Статус
Службен воЧувашија (Русија)
Јазични кодови
ISO 639-1cv
ISO 639-2chv
ISO 639-3chv
Поштенска марка од 1933 година

Историја

уреди

Чувашкиот јазик е најразличен од сите туркиски јазици и често не може да биде разбран од луѓе чиј мајчин јазик е некој друг туркиски јазик. Денес, чувашкиот е класифициран како дел од огурската подгрупа на туркиските јазици, заедно со исчезнатите прабугарски, турко-аварски, хазарски и најверојатно хунски јазик. Исто така, како што може да се забележи, чувашкиот денес е единствениот жив јазик од оваа подгрупа на јазици. Оваа група на јазици се формирала така што сите нејзини членови се од групата на јазици каде зборовниот фонд е од групата r- и l-, додека сите други туркиски јазици се од или z- или š- група.[3] Бидејќи денес нема голем број зачувани елементи на изумрените јазици од подгрупата на чувашкиот јазик, во лингвистиката има спор за тоа дали чувашкиот е директен потомок на еден од овие огурски јазици или формира своја посебна гранка рамноправна со останатите. Порано научниците го сметале чувашкиот јазик како турцизиран угро-фински јазик, дел од уралската група на јазици.[4]

Употреба

уреди

Чувашкиот јазик е мајчин јазик на Чувашите и е службен јазик во руската република Чувашија[5] заедно со рускиот јазик. Чувашкиот јазик го зборуваат околу 1,640,000 луѓе во Русија и околу 34,000 лица надвор од земјата.[6] Според пописот на Русија од 2002 година, околу 86% од Чувашите и 8% од останатите етнички заедници во Чувашија тврделе дека имаат знаење на чувашки.[7] Како и да е, и покрај тоа што јазикот се користи во републиката, се вовел во образованието и има медиуми на чувашки, јазикот се смета за загрозен,[8][9] бидејќи рускиот јазик е доминантен јазик во најголем дел од општествената сфера на републиката.

Дијалекти

уреди

Чувашкиот јазик е составен од два големи дијалекта, „вирјалски“ или горен и „антриски“ или долен дијалект. Литературниот чувашки јазик е заснован на двата дијалекта. Чувашкиот лексикон е доста богат каде поголемиот дел од зборовниот фонд се од огурско чувашко потекло, но врз јазикот видно се гледаат и руското, татарското, угро-финското, арапското, монголското, мариското и персиското влијание.

Писмо

уреди

Современо чувашко писмо

уреди

Денес, чувашкиот јазик се користи со кирилицата. Чувашката азбука е заснована на руската кирилица, но има додадено карактеристини букви кои се вметнати поради фонолошкиот систем на јазикот. Денешната азбука има 37 букви. Во следната табела се наведени буквите со нивните чувашки називи, но и МФА еквиваленти и можни транскрипции кои се користат за буквите.

име МФА македонски
еквиваленти
транслит. белешки
А а а /a/ а a
Ӑ ӑ ӑ /ɤ/ нема, понекогаш може да се транскрибира со апостроф. ă Редуцирана, може да е /ə/ кога не е акцентирана или /о/ кога е акцентирана.
Б б бӑ /b/ б b
В в вӑ /ʋ/ в v
Г гӑ /ɡ/ г g
Д д дӑ /d/ д d
Е е е /ɛ/ е e
Ё ё ё /jo/ или /ʲo/ јо yo, jo
Ӗ ӗ ӗ /e/ е ě Редуцирана, може да е /ə/ кога не е акцентирана или /ø/ кога е акцентирана.
Ж ж жӑ /ʐ/ ж zh
З з зӑ /z/ з z
И и и /i/ и i
Й й йӑ /j/ ј y, j
К к кӑ /k/ к k
Л л лӑ /l/ л l
М м мӑ /m/ м m
Н н нӑ /n/ н n
О о о /o/ о o Може да е /ɔ/ во руски зборови.
П п пӑ /p/ п p
Р р рӑ /r/ р r
С с сӑ /s/ с s
Ҫ ҫ ҫӑ /ɕ/ нема, слаба „с“ ś
Т т тӑ /t/ т t
У у у /u/ у u
Ӳ ӳ ӳ /y/ нема, германско „ü“ ü
Ф ф фӑ /f/ ф f
Х х хӑ /χ/ х h
Ц ц цӑ /t͡s/ ц ts
Ч ч чӑ /t͡ɕ/ ч č
Ш ш шӑ /ʂ/ ш š, sh
Щ щ щӑ /ɕː/
/ɕt͡ɕ/
нема, слаба „ш“ или „шч“ ş, sh
šc, shch
Ъ ъ хытӑлӑхпалли нема, често како ’ ʺ Се става после согласка, делува како „тивка задна самогласка“. Оваа буква се користи за палатизација односно јотација.
Ы ы ы /ɯ/ нема, тврдо „и“ ı, y
Ь ь ҫемҫелӗхпалли /ʲ/ ʹ нема, често како ’ Се става после согласка, делува како „тивка задна самогласка“. Оваа буква се користи за слаба палатизација односно јотација.
Э э э /e/ е e
Ю ю ю /ju/ или /ʲu/ ју yu
Я я я /ja/ или /ʲa/ ја ya

Претходни писма

уреди
1873–1938

Модерната чувашка азбука е создадена во 1873 година од училишниот инспектор Јаковлевич Јаковлев.[10] Оваа првична азбука подоцна претрпела значителни промени при што се добила денешната современа чувашка азбука. Првичната чувашка азбука била:

а е ы и/і у ӳ ӑ ӗ й в к л љ м н ԡ њ п р р́ с ҫ т т ̌ ђ х ш
Историски писма

Најстарото писмо со кое се запишувал чувашкиот јазик е орхонското писмо кое престанало да се користи кога Волшките Прабугари го прифатле исламот. Подоцна, со воведувањето на исламот, овие туркиски народи го прифатиле арапското писмо за запишување на своите јазици. Оваа традиција на пишување со арапско писмо спласнала со освојувањето на Монголците. Подоцнежната историја на Чувашите е во рамките на Руското Царство и Болшевичка Русија при што се вовела кирилицата како прво и основно средство за запишување на чувашкиот јазик.

Граматика

уреди

Чувашкиот јазик е аглутивен јазик, односно јазик кој има голем број на наставки. Чувашкиот јазик нема претставки, освен дуплирање на одредени зборови кои може да се окарактеризираат како претставки, како што е случајот со шурă = бело, шап-шурă = многу бело. Еден чувашки збор може да има голем број натавки и истите, покрај граматичка функција, можат да се користат да се создадат нови зборови. Зборовниот ред во чувашкиот е ист како и кај останатите туркиски јазици, односно подмет-предмет-глагол.

Фонологија

уреди

Согласки

уреди

Во чувашкиот јазик следните букви се согласки: /p/ (п), /t/ (т), /k/ (к), /č/ (ч), /š/ (ш), /ś/ (ç), /χ/ (х), /v/ (в),/ m/ (м), /n/ (н), /l/ (л), /r/ (р), /y/ (й).

Самогласки

уреди

Според Кругер, чувашкиот јазик ги има следните самогласки:

предни задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
високи i ‹и› y ‹ӳ› ɯ ‹ы› u ‹у›
ниски e ‹е› ø̆ ‹ӗ› а ‹а› ŏ ‹ӑ›

Покрај оваа класификација, Андрас Рона-Тас[11] дава малку поразлична класификација на чувашките самогласки. Следната табела ја дава класификацијата на Рона-Тас, но и описот на Петров.

предни задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
високи i ‹и› y ‹ӳ› ɯ ‹ы› u ‹у›
полузатворени ĕ ‹ӗ› ɤ̆ ‹ӑ›
полуотворени ɛ ‹е›
ниски a ‹а›

Самогласките ӑ и ӗ се опишани како редуцирани, па така се разликуваат во квалитетот на гласот од другите. Во неакцентирана позиција тие се изговараат слично како темниот глас (’) или се испуштаат. Од споротива пак, кога се во акцентирана позиција, тие се изговараат слично како /o/ или /ø/. Слични на овие две самогласки е самогласката ɔ (о) која се сретнува само во зборови од руско потекло.

Хармонија на самогласки

уреди

Хармонијата на самогласки е принцип кога чувашките зборови употребуваат или задни самогласки (а, ӑ, у, ы) или само предни самогласки (е, ӗ, и, ӳ). Според тоа, секоја наставка кој се додава на чувашкиот збор мора да е во негова сооднос, односно наставката да има самогласки од ист тип со зборот. Чувашкиот има два вида самогласки, предни и задни. Според правилото, не може во еден збор да има самогласки од двата вида.

Сложените зборови составени од повеќе помали збора се сметаат засебни, односно секој збор од кој е составен посложениот збор има своја хармонија и правилото важи само за составните збора, а не за целиот сложен збор. Исто така, хармонијата не важи за странски, позајмени, зборови.

Глаголи

уреди

Глаголите во чувашкиот јазик се менуваат по лице. Тие можат да бидат во прашални, негативни, потврдни, потенцијални и непотенцијални. Покрај тоа, глаголите имаат време, начин и аспект. Во прилог гледува мал преглед на некои елементи на глаголите во чувашкиот.

чувашки македонски
кил- доаѓа
килме- да не доаѓа
килейме- да не може да дојде
килеймен Тој/таа очигледно бил во неможност да дојде.
килеймерӗ Таа не била во можност да дојде.
килеймерӗр Вие не сте биле во можност да дојдете.
килеймерӗр-и? Дали сте биле во можност да дојдете?

Именки и придавки

уреди

Чувашкиот јазик нема род, но именките можат да имаат наставки според лице. Исто така, во чувашкиот има и шест падежи, односно:

  • номинатив, основна форма на именката/ придавката.
  • генитив, се формира со додавање на -ӑн, -ӗн или само -н според хармонијата на самогласки.
  • објектив, се формира со додавање на -(н)a или -(н)е, според хармонијата на самогласки.
  • локатив, се формира со додавање на -те, -ре, -та, -ра според хармонијата на самогласки.
  • аблатив, се формира со додавање на -тен или -тан, -рен, ран според хармонијата на самогласки.
  • инструментал, се формира со додавање на -пе или -па, според хармонијата на самогласки.

Покрај шесте основни, во чувашкиот можат да се најдат и:

  • каузален-финален, се формира со додавање на -шӑн, -шӗн според хармонијата на самогласки.
  • приватив, се формира со додавање на -сӑр, -сӗр според хармонијата на самогласки.
  • терминативантесив, се формира со додавање на -(ч)чен
  • остатоци од дистрибутив, кој се формира со -серен.
  • семблатив, се формира со додавање на -шкал, -шкел на заменки во генетив или објектив.

Како пример за овие падежи следува следната деклинација:

чувашки македонски падеж
кун ден номинатив
кунӑн од денот генитив
куна на денот објектив
кунра во денот локатив
кунран од денот, на денот аблатив
кунпа со денот инструментал

Присвојноста во чувашкиот се изразува со помош на глаголските конструкции „постои“ и „не постои“ („пур“ и „ҫук“). Така, за „Мојата мачка нема обувки“, на чувашки се вели:

кушак + -ӑм + -ӑн ура атӑ(и) + -сем ҫук + -ччӗ
(кушакӑмӑн ура аттисем ҫукччӗ)

и ако се преведе буквално се добива: мачка-моја-од нозе-покриена-со-нејзини-непостоечи-беше

Броеви

уреди
  • 1 - pĕrre, per
  • 2 - ikkĕ, ik
  • 3 - vishshĕ, vish
  • 4 - tăvattă, tavat
  • 5 - pillĕk, pil
  • 6 - ulttă, ulta
  • 7 - shichchĕ
  • 8 - sakkăr, sakar
  • 9 - tăhhăr, tahar
  • 10 - vunnă, vun
  • 11 - vunpĕr
  • 12 - vunikkĕ
  • 13 - vunvishshĕ
  • 14 - vuntăvattă
  • 15 - vunpillĕk
  • 16 - vunulttă
  • 17 - vunshichchĕ
  • 18 - vunsakkăr
  • 19 - vuntăhhăr
  • 20 - shirĕm, sirem
  • 30 - vătăr, vatar
  • 40 - hĕrĕh, hereh
  • 50 - allă, alla
  • 60 - utmăl, utmal
  • 70 - shitmĕl, shitmel
  • 80 - sakărvunnă, sakarvun
  • 90 - tăhărvunnă, taharvun
  • 100 - shĕr, ser
  • 1000 - pin, pin

Белешки

уреди
  1. Chuvash language on Ethnologue
  2. „Altaic languages“. Ethnologue.
  3. Johanson (1998); cf. Johanson (2000, 2007) and the articles pertaining to the subject in Johanson & Csató (ed., 1998).
  4. Encyclopædia Britannica (1997)
  5. http://www.cv-haval.org/ru/node/54 Эктор Алос-и-Фонт. Оценка языковой политики в Чувашии
  6. Ethnologue report for Chuvash
  7. Russian Census 2002. 6. Владение языками (кроме русского) населением отдельных национальностей по республикам, автономной области и автономным округам Российской Федерации Архивирано на 4 ноември 2006 г.(Knowledge of languages other than Russian by the population of republics, autonomous oblast and autonomous districts)(руски)
  8. „Zheltov, Pavel. An Attribute-Sample Database System for Describing Chuvash Affixes“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-21. Посетено на 2011-03-21.
  9. Tapani Salminen (Last updated 22 September 1999). „UNESCO red book on endangered languages: Europe“. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „Telegram to the Chairman of the Simbirsk Soviet“. Посетено на 30 August 2010.
  11. András Róna-Tas. „Nutshell Chuvash“ (PDF). Erasmus Mundus Intensive Program Turkic languages and cultures in Europe (TLCE). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-07. Посетено на 31 August 2010.

Користена литература

уреди
  • Čaušević, Ekrem (2002). „Tschuwaschisch. in: M. Okuka (ed.)“ (PDF). Lexikon der Sprachen des europäischen Ostens. Klagenfurt: Wieser. стр. 811–815. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-03-09. Посетено на 31 August 2010.
  • Johanson, Lars & Éva Agnes Csató, ed. (1998). The Turkic languages. London: Routledge.
  • Lars Johansen (1998). „The history of Turkic“. Johanson & Csató. Encyclopaedia Britannica Online CD 98. стр. 81–125. Архивирано од изворникот на 2011-04-08. Посетено на 5 September 2007.
  • Lars Johanson (1998). „Turkic languages“.
  • Lars Johanson (2000). „Linguistic convergence in the Volga area“. Gilbers, Dicky & Nerbonne, John & Jos Schaeken (ed.). Languages in contact Amsterdam & Atlanta: Rodopi. стр. 165–178 (Studies in Slavic and General linguistics 28.).
  • Johanson, Lars (2007). Chuvash. Encyclopedia of Language and Linguistics. Oxford: Elsevier.
  • Krueger, John (1961). Chuvash Manual. Indiana University Publications.
  • Paasonen, Heikki (1949). Gebräuche und Volksdichtung der Tschuwassen. edited by E. Karabka and M. Räsänen (Mémoires de la Société Finno-ougrinenne XCIV), Helsinki.
  • Петров, Н. П (2001). „Чувашская письменность новая“. Краткая чувашская энциклопедия. – Чебоксары. стр. С. 475–476. Архивирано од изворникот на 2007-03-11.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди