Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово
Свети Кирил и Методиј — црква во стариот дел на Тетово е еден од најубавите православни храмови во Полошкиот Регион и седиште на Тетовското архијерејско намесништво. Изградбата на црквата е започната во 1903, завршена 1918 , а осветена на 12 јуни 1925 година. Патронот на црквата се слави на 24 мај на денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј[1].
Св. Кирил и Методиј
| |
Поглед кон соборниот храм | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Прва тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Тетово |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Кирил и Методиј |
Изградба | 1903 |
Завршено | 1918 |
Осветување | 12 јуни1925 |
Живопис | 1924 |
Ктитор | Прота Михаил Мартиновски |
Зограф | Данило Несторовски |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трокорабна базилика и крстообразна со купола |
Изградба
уредиЦрквата е започната да се гради на ново место во 1903 година во време на Илинденскиот период. Иницијатор за изградбата бил Прота Михаил (Михаил Мартиновски),примерен свештеник од тоа време, познат како заштитник на православните христијани од турските власти. Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од Цариград да издејствува изградба на црква. Одобрението го добил на 21 ноември 1902 година. На почетокот на градбата, мајсторите наидувале на одредени потешкотии, како релзутат на нестабилноста и влажноста на земјиштето, а со цел да биде одстранета водата од темелите на црквата, биле набивани костенови колци. Се смета колку што е црквата висока толку е и длабока за да не биде подложена на лизгање, а темелите биле поливани со олово. При градбата е користен камен бигор кој од целото местно население, на самарчиња на грб е носен од Тетовското кале. Главен мајстор при изведбата на работите бил извесен солунчанец од македонско потекло. Црквата се градела долго време со доброволни прилози на дарежливи христијани од Тетово и околината. Изградбата била завршена во 1918 година, а црквата е осветена на 12 јули 1925 година на ден Петровден од страна на тогашниот Патријарх Варнава.
Архитектонски опис
уредиЦрквата е трокорабна базилика и крстообразна со купола. Фрескоживописот е изработен од познатиот зограв Данило Несторовски во 1924 година.Истата година починал ктиторот на овој свет храм Прота Михаил Мартиновски кој е погребан во црковниот двор каде што и денес постои неговото вечно почивалиште. Од тогаш па до денес извршени се низа санации и изградба на нови помошни простории, од кои како позначајни се:
- Во 1931 година со прилог на г-дин Илија Герасимовски, подигната е чешма и фонтана во кругот на црквата.
- На 27 април 1938 година започната е градба на парохискиот дом во кругот на црквата.
- Во 1957 година како прилог на г-дин Јован Анѓелковски од село Лавце поставен е паркетот во црквата.
- Во 1963 година како последица од елементарни непогоди и земјотесот, настанати се големи оштетувања на црковната конструкција, а најмногу била оштетена главната купола, но веднаш била извршена санација на оштетувањата.
- Во 1967 година извршена е санација на црковната зграда, која исто така била оштетена од земјотресот.
- Во 1974 година извршена е санација на фасадата на црквата а работите ги извел Г.П.Гранит од Тетово.
- Во 1976 година извршено е молерисување на внатрешниот дел од црквата.
- Во 1982 година била обновена е чешмата и фонтаната.
- Во 1983 година бетонирани бил стазите околу црквата и поплочени со мермер влезовите на црквата.
- Со посебно ангажирање на црковното настојателство во 1989 година започната е целосна санација и реконструкција на црковната зграда. Во состав на зградата била изградена канбанерија од армиранобетонска конструкција. Изградбата била завршена во 1991 година, кога е извршена и целосна реконструкција на покривот на црквата со поставување на бакарен лим во површина од 940 м2. Тогаш било извршено и целосно молерисување на надворешниот и на внатрешниот дел од црквата. Било извршено ретуширање и конзервација на фреските во олтарниот дел од страна на академскиот сликар Павле Кузмановски, како и замена на дел од паркетот во олтарскиот дел. Во дворното место на црквата, до црковната зграда била поставена монтажна куќиќка. Во црковната зграда пред неколку години уредена е импозантна крстилница. Во реновирањето учествувале голем број на дарители и претпријатија од Тетово и околината.
Црковен хор
уредиПри соборниот храм постоел црковен хор, кој бил формиран во 1969 година од страна на сега веќе починатиот Протојереј-Ставрофор Александар Ацески. Диригенти биле Виктор Трпковски и Јован Илиевски. Од 1990 година, со хорот раководел диригентот Ивица Зафировски, а претседател на хорот бил Протојереј-Ставрофор Мирко Станковски но за жал овој хор повеќе не постои.Во 2009 година со благослов на тогаш надлежниот архиереј Митрополитот Кумановско-Полошки Кирил а по иницијатива на хороводецот Милош Дрпа формиран е Македонско Визанстискиот црковен хор ,,Воскресение"кој хор егзистира до ден денес благодарение на хороводците Дарко Атанасовски и Дарко Нацевски а понекогаш во црквата пее и градскиот младински женски хор Менада, под диригенство на Маестро г-дин Ивица Зориќ[2].
Наводи
уреди„Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово“ на Ризницата ? |
- ↑ „Чествување на празникот на светите Кирил и Методиј во Тетово“. 24 мај 2009. Посетено на 2010-12-26.
- ↑ „Црковниот хор слави 35-годишнина“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-12-26.