Батулица (Црвулево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Батулица


Местоположба 41°48′36″N 22°17′43″E / 41.81000° СГШ; 22.29528° ИГД / 41.81000; 22.29528
Основни податоци
Место Црвулево
Општина Карбинци
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Батулицаархеолошко наоѓалиште во селото Црвулево општина Карбинци. Претставува осамен наод од римско време. На околу 1 км североисточно од селото, во 1968 година, припоправките на стара чешма, на падините на едно од ритчињата околу неа е најдена мермерна плоча со димензии од 44 × 33 × 7,5 см. Во горниот дел над рамката има тимпанон а под него претстави на Асклепиј, Хигија и Телесфор, убаво обработени во барелјеф. На долната рамка има старогрчки натпис со името на дедикантот Сервелиос Леивера. Присуството на плочата упатува на можно постоење на лековит извор. Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.[1].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 444, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069