Ниви на Веселин Јованов (Црвулево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Ниви на Веселин Јованов“
| |
Местоположба | 41°48′36″N 22°17′43″E / 41.81000° СГШ; 22.29528° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Црвулево |
Општина | Карбинци |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Ниви на Веселин Јованов — археолошко наоѓалиште во селото Црвулево општина Карбинци. Претставува населба од доцната антика. Се наоѓа на северниот крај на селото, околу куќата на сопственикот на нивите, изградена во шеесеттите години. Со орањето на површината бил исфрлен градежен материјал од темели на повеќе објекти, фрагменти од питоси, тегули и керамички садови. Најдена е и една мала апликација со претстава на женско лице опкружено со долги завиткани кадрици, изработена во керамика. Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.[1].
Поврзано
уреди- Батулица — населба од доцноантичко време;
- Говедарски Пат — населба и некропола од доцноантичко време;
- Кула — градиште од доцноантичко време;
- Ниви на Веселин Јованов — населба од доцноантичко време;
- Карбинци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 444, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |