Цапаревска Река
Цапаревска Река — река во Мелничко (Општина Струмјани), Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 24 км и ги одводнува источните делови на Малешевските Планини.[1]
Цапаревска Река | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | западно од врвот Голак, Малешевски Пл. |
• координати | 41°40′20″N 23°00′30″E / 41.6722°N 23.0083°E |
• надм. вис. | 1.372 м |
Устие | |
• место | Струма кај Микрево, Општина Струмјани |
• координати | 41°37′47″N 23°12′07″E / 41.6297°N 23.2019°E |
• надм. вис. | 125 м |
Должина | 24 км |
Големина на сливот | 78 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Струма→ Егејско Море |
Реката извира на 1.372 м.н.в., околу 300 м западно од врвот Голак (1.453 м) во средишниот дел на Малешевските Планини. Тече во правец исток-југоисток, во релативно длабока долина обрасната ретка шума и еродирани падини. На крајот се влева во Струма кај с. Микрево во Општина Струмјани, на 125 м.н.в.[1]
Сливот на реката зафаќа 78 км2, што претставува 0,45 % од вкупниот слив на Струма.[1]
Главни притоки: → лева, ← десна
- → Правеца
- ← Рибничка Река
- ← Липовска Река
- → Горемска Река (најголема)
Реката претежно се напојува од дождови. Најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.[1]
По течението на Цапаревска Река нема население места освен Микрево кое се наоѓа кај самото устие.[1]
Сосем мал дел од водите на реката се користат за наводнување, и тоа највеќе во околината на Микрево.[1]