Хункос

село во Нигритско, Егејска Македонија

Хункос или Хумкос (грчки: Χουμνικό, Хумнико; до 1927 г. Χούμκος, Хумкос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 132 жители (2021).

Хункос
Χουμνικό
Хункос is located in Грција
Хункос
Хункос
Местоположба во областа
Хункос во рамките на Визалтија (општина)
Хункос
Местоположба на Хункос во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52′N 23°35′E / 40.867° СГШ; 23.583° ИГД / 40.867; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаТахино
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно132
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Серско Поле, околу 9 км југоисточно од гратчето Нигрита и на 4 км западно од селото Џинџос, на надморска височина од 150 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Хункос било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Хумкос (Houmkos) имало 134 домаќинства со 25 жители муслимани и 390 жители Грци.[4]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Хункос:

Хункос е христијанско село; една црква, едно училиште; жителите се Грци; на растојание од 2 часа од Нигрита.[5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Хункос, село на исток од Нигрита, на растојание од 5 часа од Сер планината. Произведува добро грозје и задоволително вино. 120 грчки куќи.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Хункос имало 600 жители Грци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хункос имало 700 Грци и во селото работело грчко училиште.[8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото 710 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 785 лица.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Хумнико (Χουμνικό).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.113 677 739 465 315 297 251 190 132
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 55,2 квадратни километри.[3] Општината Хункос била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хункос, во кој влегува и селото Сајта.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 23 јуни 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 243.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 846.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  9. Σκιαοαρέσης, Γεώργιος Ν. (2008). „Ο ναός του Αγίου Γεωργίου στο Χουμνικό Σερρών“ (PDF). Μακεδονικά 37. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-14. Посетено на 23 јуни 2024.