Џинџос

село во Нигритско, Егејска Македонија

Џинџос (грчки: Σιτοχώρι, Ситохори; до 1928 г. Τζίντζος, Ѕинѕос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населено е со погрчени Власи, наречени Карагуни, во изворите често нарекувани Грци.

Џинџос
Σιτοχώρι
Џинџос is located in Грција
Џинџос
Џинџос
Местоположба во областа
Џинџос во рамките на Визалтија (општина)
Џинџос
Местоположба на Џинџос во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.54′N 23°37.7′E / 40.87567° СГШ; 23.6283° ИГД / 40.87567; 23.6283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаТахино
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно350
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, југоисточно од Нигрита.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чинчос (Tchintchos) било село со 108 домаќинства на 320 „Грци“.[3]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џинџос:

Џинџос: христијанско село; 1 црква, 8 часа и половина од градот.[4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Џинџос, 1 час на ЈЗ од Тахинос; 6 часа од Сер. Жителите имаат исто занимање како во Тахинос. Патот е рамен и прав. 90 куќи Карагуни. Грчка црква.[5]

На почетокот на XX век Џинџос било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в селото има 660 жители гърци.[6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џинџос (Ginjos) Живееле 600 „Грци“ и работело грчко училиште.[7]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година имало само 63 жители, но во 1920 г. во него се заведени 854 лица.[8] Според Тодор Симовски, во 1924 г. во Џинџос биле сместени 26 грчки дојденци.[8] Во 1928 г. селото е е преименувано во Ситохори.[9] Истата година во селото се попишани 1.114 жители.[8]

Населението се одржало стабилно сè до 1960-тите кога почнало забележително иселување во поголемите градови.[8]

Месности во Џинџос преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Таушан Тепе[10] Ταουσάν Τεπέ Лагокорфи Λαγοκορφή[11] возвишение на С од Џинџос (69,4 м) и на ЈИ од Патрик[10]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1492 1397 1477 1162 979 846 623 531 350
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 60.
  5. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 847.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 244. ISBN 9989-9819-6-5.
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  10. 10,0 10,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  11. „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)