Ен Редклиф (9 јули 1764 - 7 февруари 1823) или попозната како Госпоѓа Редклиф била британска писателка на класични готски романи. Таа беше една од првите женски писатели во Британија, која стекна независност од нејзиното пишување романи. Со опширните, но и лесни за следење описи, таа му вдахна еден сосема поинаков дух на готскиот роман, правејќи го да биде социјално прифатлив.

Ен Редклиф
Ann Radcliffe
Роден/аАн Вард
9 јули 1764(1764-07-09)
Холборн, Лондон, Англија
Починат/а7 февруари 1823(1823-02-07) (возр. 58)
ЗанимањеРоманописец
НационалностАнглиска
ЖанрГотика

Животопис

уреди

Госпоѓа Редклиф беше родена како Ен Вард во Холборн, Лондон. Нејзиниот татко беше Вилијам Вард, галантерист; а нејзината мајка беше Ен Оутс. На дваесет и две годишна возраст, таа се омажува со новинарот Вилијам Редклиф, сопственик и уредник на „Англиска Хроника“, во Бат во 1788 година. Брачната двојка немала деца, и за да се забавува себеси, госпоѓа Редклиф почнува да пишува фиктивни романи, во што била сосема поддржувана од нејзиниот сопруг.

Таа ја објавила Замоците на Атлин и Данбајн во 1789 година. Во книгата е покажана величественоста на нејзината вештина, во која тежнее да вметне невина, но херојска млада жена која се наоѓа во мистериозни замоци, кои се управувани од уште помистериозни барони со мрачно минато. Нејзините дела се многу популарни помеѓу високата класа и растечката средна класа, особено меѓу младите жени. Нејзини дела се Сицилијанска романса (1790), Романсата во шумата (1791), Мистериите на Удолфо (1794) и Италијанецот (1796). Таа објавила и патопис, Патување низ Холандија и западниот дел на Германија во 1795 година.

Успехот на Романсата во шумата и го обезбеди на госпоѓа Редклиф местото на водечки писател на историска готска писателка. Нејзините подоцнежни романи наидоа на уште поголемо внимание, и произведоа многу имитации, како што е славната бурлеска на Мистериите на Удолфо во Нортангерската Опатија на Џејн Остин, како и влијание врз делото на Сер Волтер Скот.

Пред објавувањето на Италијанецот, госпоѓа Редклиф се има запознаено со уште едно големо име во британската литература во тоа време, госпоѓицата Џејн Остин, за време на една кратка посета на Остин во Лондон. И покрај малото време поминато заедно, двете жени наишле на огромно меѓусебно разбирање.

Госпоѓа Ен Редклиф умрела на 7 февруари 1823 година од пнеумонија. Била погребена во црквата на Свети Џорџ, во Лондон.

Во популарната култура

уреди

Пол Февал, ја искористил како протагониста во неговиот роман Вилата на вампири.

Во филмот Станувајќи Џејн, госпоѓа Редклиф е портретирана од страна на Хелен Мекрори (Нарциса Малфој во Хари Потер и Принцот со мешана крв), во сцената каде што таа се запознава со Џејн Остин и ја охрабрува во нејзината замисла за писателска кариера.

Во книгата на Марија Еџворт, Белинда, Лејди Делакур прави забелешка за писмата на Кларенс Херви за деталното опишување кое потсетува на Редклиф.

Биографијата на госпоѓа Редклиф, од Дебора Роџерс, беше објавена во 1996 година.

Објавени дела

уреди