Мачење или измачување — чин на намерно нанесување тешко физичко или душевно страдање на поединец како казна или како начин да се присили жртвата да исполни некоја желба на мачителот. Делата што несвесно предизвикуваат страдање или болка, без конкретна намера да го направат тоа, обично не се сметаат за измачување.[1]

Свештениците ја покажуваат примената на мачење под надзор на инквизицијата.

Мачењето е вршено од поединци, групи и држави од древно време па до денес. Видовите измачувања можат значително да се разликуваат по нивното времетраење. Причините за мачење можат да вклучуваат: казна, одмазда, изнудување, убедување, политичко превоспитување, испрашување за извлекување информации, принудни признанија, без разлика дали се лажни или едноставно садистичко задоволување на мачителот.[2][3] Понатаму, некои видови измачувања имаат за цел да нанесат психолошка болка или да остават што е можно помала физичка траума (докази) притоа оставајќи голема психолошка траума. Мачителот може дури и да ја убие својата жртва, а мачењето може да послужи како вид смртна казна. Во зависност од целта, мачењето што е намерно смртоносно може да биде продолжено за да ја натера жртвата да страда што подолго. Во други случаи, мачителот може да биде рамнодушен кон состојбата на жртвата.

Иако мачењето е дозволено во некои земји, тоа е забрането од меѓународното право и општинското право во повеќето земји. Иако во целост незаконско и неодобрено, има тековни расправи за тоа што е точно, а што не. Мачењето е сериозно кршење на човековите права и е прогласено за неприфатливо (иако не е забрането) во членот пет од Сеопштата декларација за човекови права на ОН. Потписниците на Женевските конвенции од 1949 г. и нивните дополнителни протоколи службено се согласуваат да не ги мачат воените заробеници. Мачењето е забрането и од 163 земји што ја потпишале Конвенцијата на ОН против мачење.[4]

Националните и меѓународните правни забрани за мачење произлегуваат од спогодба дека мачењето и малтретирањето се неморални и непрактични, и дека информациите добиени преку измачување се многу помалку веродостојни од оние добиени преку други начини.[5][6][7] И покрај овие наоди и меѓународни конвенции, организациите што ги следат прекршувањата на човековите права (како што е Amnesty International) известуваат за мачење од големи размери што го поднесуваат земјите во многу делови на светот.[8] Според Amnesty International, најмалку 81 влада ширум светот во денешно време прибегнува кон измачување, некоја од нив дури и отворено.[9]

Наводи

уреди
  1. „9 Insane Torture Techniques“. 19 октомври 2009.
  2. „California Penal Code Section 206 PC: Torture“.
  3. „Penal Code 206 – the crime of „Torture" in California law“. no-break space character во |title= во положба 15 (help)
  4. „United Nations Treaty Collection“. United Nations. Архивирано од изворникот на 2010-11-08. Посетено на 7 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |архив_дата= (help); Занемарен непознатиот параметар |архив_уеб_адрес= (help)
  5. „Torture and Ill-Treatment in the 'War on Terror'. Amnesty International. 1 ноември 2005. Посетено на 22 октомври 2008.
  6. „General Says Less Coercion of Captives Yields Better Data“, NY Times, 7 септември 2004
  7. David Rose (16 декември 2008) Reckoning Vanity Fair.
  8. Amnesty International Report 2005 Report 2006
  9. „Report 08: At a Glance“. Amnesty International. 2008. Архивирано од изворникот на 8 јули 2008. Посетено на 22 октомври 2008. Занемарен непознатиот параметар |архив_дата= (help); Занемарен непознатиот параметар |архив_уеб_адрес= (help)

Надворешни врски

уреди