Марија Француска

средновековна поетеса

Марија Француска (француски: Marie de France) — средновековна поетесам, веројатно е родена во Франција и живеела во Англија за време на доцниот 12 век. Таа живеела и творела во непознат кралски двор, но речиси сигурно беше барем позната во кралскиот двор на кралот Хенри II од Англија. Скоро ништо не се знае за нејзиниот живот; и нејзиното име и нејзината географска спецификација доаѓаат од нејзините ракописи.

Марија Француска
Мари де Франс
Роден/аНормандија
НационалностФранцузинка
Периодсреден век
Жанрлаи, басни, житија

Пишувала на еден вид на англонормандски јазик, и беше очигледно умешна и на латински и англиски јазик. Нејзините Лаи особено сè уште широко се читаат, и влијаеле на понатамошниот развој на жанрот романса.

Лаите на Марија Француска, имале огромно влијание врз книжевниот свет.[1] Тие биле сметани за еден нов вид на литературна техника добиена од класичната реторика и задоена со такви детали што станала нова форма на уметност.[2]

Нејзините лаи не само што прикажуваат мрачен поглед на љубовта, тие исто така, се спротивставија на традициите на љубовта во рамките на Црквата во тоа време. Таа пишувала за афери, познати жени кои заведувале други мажи, жени кои сакале да избегаат од безљубовен брак, со што ја истакнала идејата дека жените можат да имаат сексуална слобода. Нејзините лаи исто така прикажуваат силна женска улога и моќ.[3]

Поддршката за таквите мисли во 12 век е можеби извонредна. "Тоа секако не потсетува дека луѓето во средниот век биле свесни за социјалните неправди и не ги само прифаќале угнетувачките услови како неизбежни, според волјата на Бог."[4]

Наводи

уреди
  1. Burgess, Glyn S., and Busby, Keith, 1986, p 11: "[A twelfth century poet-contemporary of Marie wrote:] Marie's poetry has caused great praise to be heaped on her and it is much appreciated by counts and barons and knights who love to have her writings read out again and again."
  2. Whalen, Logan E, p 63
  3. Butterfield, Ardis, 2009, p 200.
  4. Steinberg, Theodore L. Reading the Middle Ages: an Introduction to Medieval Literature.Jefferson: McFarland, 2003. Print, p 58.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
 
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
  • Roles of Women in the Middle Ages
  • Дела од Marie de France на проектот „Гутенберг“
  •   Дела од Марија Француска на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
  • International Marie de France Society[мртва врска]
  • Le Cygne, Journal of Anglo-Norman Studies published by the International Marie de France Society Архивирано на 27 октомври 2015 г.
  • Complete bibliography of her works, including secondary literature (Archives de littérature du Moyen Âge, Arlima)
  •   „Marie de France“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.