Мистерија (жанр)
Мисерија — книжевен жанр кој вообичаено вклучува мистериозна смрт/ околност или криминал кои треба да се разрешат. Често со затворен круг на осомничени, каде секој осомничен има разумен мотив или разумна можност за да стори криминален акт. Главниот лик најчесто би бил детектив или инспектор, кој на крај би ја разрешил мистеријата со логичка дидактика на приложените факти кои се прикажани на читателот.[1]
Книжевност |
---|
Основни облици
|
Родови |
Епика · Лирика · Драма |
Извори |
Форми |
Историја и списоци |
Општ преглед на книжевноста |
Дискусија |
Мисеријата може да вклучи и натприродна мисериозна околност/ настан каде решението не мора да има логика па дури и криминално дејство. Оваа употреба била карактеристична за „фикцијата палп“ (палп-фикшн, pulp fiction) во 1930-те и 1940-те. Во тоа време таквите раскази наведувале дека мистериите биле посложени за разрешување.[2]
Почетоци
уредиМистеријата како жанр е релативно млада во книжевноста. Таа почала да се развива во раниот 19 век. Со подемот на писменоста помеѓу општата маса луѓето станале поиндивидуални во нивното размислување. Како што луѓето станувале поиндивидуални, тие развиле почит за човековиот разум и можноста да се разрешуваат проблеми.[3][4]
Причината поради која мисеријата не била позната пред 1800-те можеби лежи во фактот што во тоа време немало вистински полициски сили. Пред Индустриската револуција, многу градови имале полицајци (констабли) или ноќни чувари. Секако, констаблите биле свесни за секој граѓанин во населеното место и криминалот бил брзо разрешен или би бил оставен неразрешен. Како што градовите се зголемувале со население, полициските сили станувале институционализирани и потребата за основање детективи била реализирана. Тоа можеби е и мотивацијата за развојот на мисериите како посебни романи.[5]
Рано дело на мистерија е на пример „Госпоѓицата Скидери“ од Ернест Теодор Хофман, дело кое имало влијание врз „Убиство во улицата Морг“ од Едгар Алан По (1841). Артур Конан Дојл во 1887 година го претставил својот лик Шерлок Холмс. Жанрот се развил масивно на почетокот на 20 век. Нешто подоцна, во 1920-те Агата Кристи и нејзините дела придонеле за понатамошен развој на жанрот.[6]
Класификација
уредиВо зависност од природата на приказната, мистериите може да се поделат на аматериски детективски романи, детективски романи, пријатна мистерија, разузнавачки роман, груби детективски романи, историска мистерија, трилери и слично.
Наводи
уреди- ↑ http://teacher.scholastic.com/reading/bestpractices/comprehension/genrechart.pdf
- ↑ Haining, Peter (2000). The Classic Era of American Pulp Magazines. Prion Books. ISBN 1-85375-388-2.
- ↑ „A Short History of the Mystery“. Архивирано од изворникот на 19 July 2009.
- ↑ „Mystery Time Line“.
- ↑ Gilber, Elliot (1983). The World of Mystery Fiction. Bowling Green, OH: Bowling Green State University Popular Press. ISBN 0-87972-225-8.
- ↑ Davies, Helen; Marjorie Dorfman; Mary Fons; Deborah Hawkins; Martin Hintz; Linnea Lundgren; David Priess; Julia Clark Robinson; Paul Seaburn; Heidi Stevens; Steve Theunissen (14 September 2007). „21 Best-Selling Books of All Time“. Editors of Publications International, Ltd. Посетено на 2009-03-25.
Надворешни врски
уреди- Mystery Weekly Magazine, списание за криминалистички и мистериозни кратки раскази.