Хајдекрајс (германски: Heidekreis; буквално Округ Поле) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Харбург, Линебург, Илцен, Целе, Хановер, Нинбург, Ферден и Ротенбург.

Хајдекрајс
Landkreis Heidekreis

округ
Грб на Хајдекрајс Landkreis Heidekreis
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеБад Фалингбостел
Површина
 • Вкупна1.873,5 км2 (7,234 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно145.394
 • Густина7,8/км2 (20/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.HK (до 31.7.2011: SFA)
Мреж. местоwww.heidekreis.de/

Географија

уреди

Округот се наоѓа во западниот дел Линебуршкото Поле (Lüneburger Heide). Бидејќи самиот пејзаж е толку особен за округот, самиот се нарекува „Округ Поле“. Административното седиште на округот се наоѓа во Бад Фалингбостел, иако има само 11.800 жители и е петти град по големина во округот.

Историја

уреди

Историски областа припаѓала на Војводството Брауншвајг-Линебург и неговите држави-наследници. Самиот округ бил воспоставен во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Золтау и Фалингбостел како Золтау-Фалингбостел. На 1 август 2011 година бил преименуван во Хајдекрајс.

Грбот прикажува:

Градови и општини

уреди
 
Градовите и општините во округот Хајдекрајс
Градови Слободни општини Слободни области
Општински заедници
  1. Бад Фалингбостел
  2. Мунстер
  3. Шнефердинген
  4. Золтау
  5. Валсроде
  1. Биспинген
  2. Нојенкирхен
  3. Вицендорф
  1. Остерхајде

1. Алден

  1. Алден
  2. Ајкело
  3. Гретем
  4. Хадемсторф
  5. Ходенхаген1

2. Ретем/Алер

  1. Беме
  2. Франкенфелд
  3. Хојслинген
  4. Ретем1, 2

3. Швармштет

  1. Буххолц
  2. Есел
  3. Гилтен
  4. Линдведел
  5. Швармштет1
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

52°55′N 9°45′E / 52.92° СГШ; 9.75° ИГД / 52.92; 9.75