Остерхајде
Остерхајде (германски: Osterheide) — населена слободна област во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на Линебуршкото Поле.
Областа има површина од 177,99 км² и има 2.105 жители (2018 г.). Заедно со слободната област Лохајде е дел од воениот полигон „Берген-Хоне“.
Географија
уредиСоседни општини на областа се:
- Есел (на југ)
- Валсроде (на запад)
- Бад Фалингбостел (на северозапад/север)
- Вицендорф (на север/североисток)
- Лохајде (слободна област, на исток)
- Винзен
Единици
уредиОбласта е поделена на десет единици:
- Беклингер Холц
- Фурхоп
- Вензе
- Унтерајнцинген
- Оберајнцинген
- Ербке
- Хартем
- Оберндорфмарк
- Оберходе
- Крелинген
Историја
уредиВо 1935 година, германската војска го основала воениот полигон „Берген“ помеѓу градот Берген и Фалингбостел. Вкупно 24 села биле погодени, а нивните жители преселени. Во 1938 година бил создаден посебен округ Берген (Gutsbezirk Platz Bergen) за да го раководи полигонот и бил под округот Фалингбостел. Во 1945 година, округот бил поделен на две слободни области, познати денес како Остерхајде и Лохајде. Остерхајде останал дел од округот Фалингбостел, додека Лохајде бил преместен под округот Целе.
Правен статус
уредиСпоред член 16 од општинските одредби на Долна Саксонија, управувањето со нездружени подрачје е регулирано. Целосната верзија на овие одредби биле издадени на 4 декември 1996 година. Таму се наведува дека „испораката на јавни добра за областа е одговорност на земјопоседникот“, што во случај на Лохајде и Остерхајде, е сојузната влада. Управувањето со нездружено подрачје е различно од она на општините. Тие имаат окружен предводник (Bezirksvorsteher) и совет на избрани претставници од жителите.
Знаменитости
уреди- во Ербке:
- гробишта на незнајните војници, на кои се закопани околу 30.000 советски воени заробеници од Втората светска војна
- во и околу Остенхолц:
- црква во фахверк со дрвена кула од 1724 година
- Хоер Штајн, спомен-плоча за случувањата од 1936 година
- Зибен Штајнхојзер, мегалитски гробови
- во Вензе:
- капела од 1558 година
-
Остенхолц
-
Црква во Остенхолц
-
Гробишта на незнајните војници
-
Хоер Штајн