Бад Фалингбостел (германски: Bad Fallingbostel; долносаксонски: Bad Fambossel) — град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот претставува административно седиште на округот. Од 1976 година градот е признаено покраинско лекувалиште, а од 2002 година ја поседува титулата бањски град или „Бад“. Во јули 2015 година му била одземено признанието за покраинско лекувалиште откако Градскиот совет одлучил да не инвестира повеќе го таа област.

Бад Фалингбостел

Bad Fallingbostel

Центарот на градот
Центарот на градот
Центарот на градот
Грб на Бад Фалингбостел
Бад Фалингбостел во рамките на Германија
Бад Фалингбостел
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хајдекрајс
Градоначалник Карин Торај (независна)
Основни податоци
Површина 63,15 км2
Надм. височина 67 м
Население 12.340 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 195 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HK
Пошт. бр. 29683
Повик. бр. 05162, 05163
Портал www.badfallingbostel.de
Местоположба на градот Бад Фалингбостел во рамките на округот Хајдекрајс
Карта
Карта
Координати 52°52′3″N 9°41′48″E / 52.86750° СГШ; 9.69667° ИГД / 52.86750; 9.69667

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Бад Фалингбостел се наоѓа на реката Беме во јужниот дел на Линебуршкото Поле, помеѓу Золтау и Валсроде.

Гарнизонски град

уреди

Во негова околина се наоѓа еден од најголемите воени полигони на НАТО во Европа, како и касарни на британската армија. Во октомври 2015 година британската војска ја напуштила оваа касарна. Градбите биле користени за сместување на бегалци.

Градски единици

уреди

Градот Бад Фалингбостел се состои од следниве единици: самиот град, Дорфмарк, Рипе, Фирде, Јетебрух и Менгебостел.

Самиот град се состои од следниве места:

  • во западниот дел: Идинген, Ам Витхоп, Ам Роксберг
  • во северниот дел: Адолфсхајде, Гросе Хајде, Лемхорст, Клинт
  • во источниот дел: Обер- и Унтер-Гринхаген
  • во јужниот дел: Ам Вајнберг, Гевербегебите Ан дер Аутобан, Прелсфелд, Ербкер Берг и Ост

Историја

уреди

Бад Фалингбостел бил првпат споменат како Вастулингебурстале (Vastulingeburstalle) во 993 година и има документирана историја повеќе од 1000 години. Првично бил чиста земјоделска населба, бидејќи земјоделството било основа за живот на жителот на старите Саси. Името означувало „куќа на Вастуло“ или „куќа на Вастулингијците“. Отон III ги исцртал границите помеѓу бискупиите Хилдесхајм и Минден.

Намесништвото Фалингбостел било основано околу 1300 година. Подоцна било наречено Амт Фалингбостел и постоело до XIX век. Во 1838 година, Хајнрих фон Квинтус-Ицилиус, наследник на намесникот, ја основал Шпаркасе Фалингбостел, една од првите рурални банки во Кралството Хановер. Во 1866 година, новата пруска покраина Хановер била поделена на административни окрузи, а еден од нив бил округот Фалингбостел. Фалингбостел го добил статусот на град во 1949 година.

Во текот на Втората светска војна, Фалингбостел бил место на два кампа за воени заробеници, Сталаг XI-B и Сталаг XI-D / 357.[2]

За 2011 година било планирано спојување на Бад Фалингбостел со градот Валсроде и општината Бомлиц во градот Беметал. На 2 ноември 2008 година овие планови биле понудени на граѓанско изјаснување и биле прифатени од Валсроде и Бомлиц, но Бад Фалингбостел бил против. Поради тоа спојувањето не се случило.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Општински избори на 11 септември 2016 година[3], на 11 септември 2011 година[4], на 10 септември 2006 година и на 9 септември 2001 година[5] ги дале следниве резултати:

Партии и листи %
2016
Места
2016
%
2011
Места
2011
%
2006
Места
2006
%
2001
SМеста
2001
CDU Демохристијански сојуз на Германија 30,0 8 34,77 9 45,78 14 44,30 14
SPD Социјалдемократска партија на Германија 34,81 10 34,24 9 41,92 12 41,70 13
GRÜNE Сојуз 90/Зелени 6,63 2 10,27 3 4,48 1 3,67 1
FDP Слободна демократска партија 5,05 2 1,25 0 5,56 2 6,73 2
LINKE Левица 1,43 0
AfD Алтернатива за Германија 9,62 3
ALFA Алијанса за напредок и обнова 0,87 0
BLBF Граѓанска листа за Бад Фалингбостел 11,59 3 16,68 4
WLBF Либерали за Бад Фалингбостел 2,80 1
Lux Независен Хуберт Лукс 2,26 1
Други Други 3,60 0
Вкупно 100 28 100 26 100 30 100 30
Излезност 53,02 % 49,25 % 56,65 %

Градоначалник

уреди

На 15 јуни 2014 година била избрана Карин Торај (независна) за градоначалничка на градот.

Збратимени градови

уреди

Бад Фалингбостел е збратимен со следниве градови:

Култура и знаменитости

уреди

Во Бад Фалингбостел се наоѓа музејот на Археолошото друштво. Во мегалитскиот парк Остерберг се наоѓаат леднички остатоци од Скандинавија.

Други археолошки знаменитости се Седумте камени куќарки, кои се проценува дека се стари 5000 години. Тие се наоѓаат на полигонот Берген (во близина на Остенхолц).[6] Постојат и гробови од бронзено доба кај местото Фирде.

Знаменитости во градот се:

  • Бањскиот парк
  • Дворот на Хајдмарк
  • Евангелистичката црква „Св. Дионис“ во центарот на градот
  • Споменикот за Хајнрих фон Квинтус-Ицилиус на црквата „Св. Дионис“
  • Евангелистичката црква „Св. Мартин“ во Дорфмарк
  • Селските извори во Дорфмарк

Инфраструктура

уреди

Воени постројки

уреди

Градот е недалеку од големиот воен полигон Берген-Хоне, кој моментално се користи од германската војска и од силите на НАТО. Тој се наоѓа во слободните области Остерхајде и Лохајде. Дополнително, постои касарната Фалингбостел, дел од британските трупи во Германија.

Касарната била затворена во 2015 година, откако британската војска го намалила присуството во Германија пред целосното повлекување во 2020 година.[7]

Сообраќај

уреди

Бад Фалингбостел има две железнички станици, Бад Фалингбостел и Дорфмарк, кои се наоѓаат на железничката Хановер-Золтау.

Во негова близина поминува автопатот А7.

Познати луѓе

уреди
Луѓе родени или поврзувани со градот

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Stalag XI B / 357“. Fallingbostel Military Museum. Посетено на 12 мај 2013.
  3. Website der Stadt – Ergebnis Stadtrat Bad Fallingbostel 2016 Архивирано на 12 октомври 2016 г. 2 ноември 2017
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-07-11.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-14. Посетено на 2020-07-11.
  6. Riesengräber in der Lüneburger Heide. In: Die Berner Woche in Wort und Bild. Bd. 27, 1937, S. 768–769. (e-periodica)
  7. „Farewell to Fallingbostel after 70 years“. British Army. Посетено на 28 декември 2015.

Надворешни врски

уреди