Ретем (Алер)
Ретем (службено познат како Ретем (Алер); германски: Rethem или Rethem (Aller)) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Алер, околу 25 километри југозападно од окружниот град Бад Фалингбостел и 18 километри југоисточно од градот Ферден.
Ретем
Rethem | |
Градската црква од 1839 година | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хајдекрајс |
Општ. заед. | Ретем/Алер |
Градски единици | 4 |
Градоначалник | Франк Леференц (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 33,76 км2 |
Надм. височина | 16 м |
Население | 2.382 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 71 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SFA |
Пошт. бр. | 27336 |
Повик. бр. | 05165 |
Портал | www.rethem.de |
Местоположба на градот Ретем во рамките на округот Хајдекрајс | |
Координати | 52°47′5″N 9°22′41″E / 52.78472° СГШ; 9.37806° ИГД |
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ретем/Алер.
Географија
уредиМестоположба
уредиРетем се наоѓа на реката Алер, во рамки на туристичката областа долина на Алер/Лајне. Во околината се наоѓаат помеѓе стари ракави на реката Алер, кои денес се користат како мали езерца за бањање.
Градски единици
уредиКон градот Ретем покрај самиот град припаѓаат и местата:
- Ретем-Мор
- Штекен
- Волендорф
Историја
уредиГрадот бил место на тешки борби во периодот 10-11 април 1945 година помеѓу единиците на британската војска и делови на германската војска со тешки загуби од обете страни. Повеќето германски војници не биле постари од 23 години.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 13 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:[2]
Збратимени градови
уредиРетем е збратимен со следниве градови:[3]
- Колчиглови, Полска (од 2005 г.)
Знаменитости
уреди- Замок Ретем, денес повторно изграден (од 2004 г.) како културен дом
- Брегот на Алер со парк од скулптури
- Градското собрание
- Воденицата Боквинд
- Градската црква „Св. Богородица“
-
Спомен-плоча за борбите на мостот на Алер во Втората светска војна
-
Поглед на улицата пред црквата
-
Воденицата Боквинд
-
Замок Ретем
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-08-12. Посетено на 2020-05-21.
- ↑ „Mitgliedsgemeinden der Samtgemeinde Rethem (Aller)“. Архивирано од изворникот на 2017-03-19. Посетено на 2017-03-19.
Надворешни врски
уреди„Ретем“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)