Шнефердинген
Шнефердинген (германски: Schneverdingen; долногермански: Snevern) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во областа Линебуршко Поле.
Шнефердинген
Schneverdingen | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хајдекрајс |
Градски единици | 10 |
Градоначалник | Мајке Мог-Штефенс (независна) |
Основни податоци | |
Површина | 234,61 км2 |
Надм. височина | 97 м |
Население | 19.140 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 82 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SFA/HK |
Пошт. бр. | 29640 |
Повик. бр. | 05193, -98, -99, 04265 |
Портал | www.schneverdingen.de |
Местоположба на градот Шнефердинген во рамките на округот Хајдекрајс | |
Координати | 53°07′0″N 9°48′0″E / 53.11667° СГШ; 9.80000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиШнефердинген се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле, помеѓу Золтау на југ, Ротенбург (Виме) на запад и Буххолц во Нордхајде на север. Источно од градот се наоѓа Природниот парк Линебуршко Поле.
Градски единици
уредиГрадот има вкупно 10 единици. Покрај самото јадро на Шнефердинген, во градското подрачје се опфатени и следниве места:
- Ерхорн
- Гросенведе
- Хебер
- Инзел
- Лангело
- Линцен
- Шилерн
- Весело
- Винтермор
- Царензен
Историја
уредиШнефердинген припаѓал на Бискупијата Верден, основана во 1180 година. Во 1648 година, бискупијата станала Кнежевство Верден, кое првин била владеено како личен сојуз со Шведска - прекинат од данската окупација (1712–1715) - и од 1715 година од хановерската круна. Кралството Хановер го вклучило кнежевството како реален сојуз и територијата на кнежевството, а со тоа и Шнефердинген, станале дел од новиот регион Штаде, основан во 1823 година.
Политика
уредиШнефердинген е поделен на самото градско подрачје и 10 единици. Секоја единица има свој месен претставник. Тие се избирани од Градскиот совет на предлог од некоја партија или избирачка група, која освоила најмногу гласови во таа единица на последните избори.
Градоначалничка
уредиГрадоначалничка на градот од 1 ноември 2011 година е Мајке Мог-Штефенс (независна, иако поддржана од SPD).
Градски совет
уредиГрадскиот совет поседува 32 членови.
На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:[2]
Збратимени градови
уредиШнефердинген е збратимен со следниве градови:
Галерија
уреди-
Црквата „Св. Петар и Павле“
-
Музеј „де Тесхоф“
-
Старото училиште
-
Железничката станица
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Шнефердинген“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)