Вицендорф
Вицендорф (германски: Wietzendorf) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината е признаено покраинско одморалиште.
Вицендорф | |
Општинското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хајдекрајс |
Градоначалник | Јерг Петерс (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 106,88 км2 |
Надм. височина | 66 м |
Население | 4.169 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 39 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HK |
Пошт. бр. | 29649 |
Повик. бр. | 05196 |
Портал | www.wietzendorf.de |
Местоположба на Вицендорф во рамките на округот Хајдекрајс | |
Координати | 52°55′7″N 9°58′37″E / 52.91861° СГШ; 9.97694° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиВицендорф се наоѓа во средината на градскиот триаголник Хамбург-Хановер-Бремен, сместен на автопатот А7. Во негова близина се наоѓаат градовите Золтау, Мунстер и Берген.
Општински единици
уредиПокрај самиот Вицендорф, во општината влегуваат и следниве места: Бокел, со Денернбокел, Лирсбокел, Вроге и Лемберг, Марбостел, со Родехорст, Мајнхолц, Зуројде со Хексенраје, Рединген со Халмерн и Рајнинген, како и Клајн Америка.
Историја
уредиВо текот на Втората светска војна, камп за затвореници, вклучувајќи и дел за офицери, се наоѓал во близина на Вицендорф. Кампот првично бил користен за советски затвореници од Источниот фронт; подоцна делумно бил испразнет поради лоши санитарни услови и користен за други затвореници, вклучувајќи многу италијански воени заробеници, кои Нацистичка Германија ги затворила бидејќи го изгубиле својот воен статус, откако одбиле да ги следат наредбите на Мусолини.[2][3] Помеѓу италијански затвореници бил Џованино Гварески, кој подоцна станал светски познат како автор на „Дон Камило“[4] и Алесандро Ната, подоцна генерален секретар на PCI.
Галерија
уреди-
Музеј во Вицендорф
-
Споменик пред музејот
-
Црквата во Вицендорф
-
Споменик за советските затвореници
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Rapporto sul Campo 83 Wietzendorf“ (PDF). Storia XXI Secolo. Ten.Col Pietro Testa. Посетено на 11 April 2016.
- ↑ „Adriano Pasquetto: storia di un Internato Militare Italiano. La prigionia a Leopoli e Wietzendorf“. Restelli Storia. Prof. Giancarlo Restelli. Посетено на 11 April 2016.
- ↑ „La storia di Giovannino senza paura (1943-1945)“. Giovannino Guareschi. Посетено на 11 April 2016.
Dall’OFLAG X B di Sandbostel (D) a piedi alla stazione di Bremerwörde (D) il 29 јануари 1945 e riparte il 30 per l'OFLAG 83 di Wietzendorf (D) dove arriva il 31 Viene liberato il 16 април .