Швармштет
Швармштет (германски: Schwarmstedt) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Швармштет | |
Општинското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хајдекрајс |
Општ. заед. | Швармштет |
Градоначалник | Клаудија Шисгерис (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 29,92 км2 |
Надм. височина | 26 м |
Население | 5.994 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 200 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HK |
Пошт. бр. | 29690 |
Повик. бр. | 05071 |
Портал | schwarmstedt.de |
Местоположба на Швармштет во рамките на округот Хајдекрајс | |
Координати | 52°40′0″N 9°37′0″E / 52.66667° СГШ; 9.61667° ИГД |
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиШвармштет се наоѓа во странична долина на Алер, сместен на реката Лајне, која се влева северно од местото во Алер.
Општински единици
уредиОпштината Швармштет е составена од селата Швармштет, Ботмер и Гриндау.
Историја
уредиОбласта околу црквата во Швармштет била предадена од Еделхер Мирабилис на Епископијата Минден околу 1150 година.
Старата црква била заменета околу 1500 година со нова црква („Св. Лаврентиј“), која постои и денес.
Сообраќај
уредиСојузниот пат Б214 поминува низ Швармштет, поврзувајќи ги градовите Нинбург/Везер и Целе. Швармштет е во близина на автопатот А7 и има железничка станица на линијата Золтау-Хановер.
Познати луѓе
уредиМакроекономистот Вилхелм Репке е роден во Швармштет на 10 октомври 1899 година. Работел како научник и политички советник во повоена Германија и имал влијание врз развојот во тоа време. Локалното училиште го носи неговото име.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Швармштет на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |