Золтау
Золтау (германски: Soltau) — среден град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле и привлекува доста туристи поради паркот „Хајде“ и термалните извори Золтау.
Золтау
Soltau | |
Старото Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хајдекрајс |
Градоначалник | Хелге Реберт (независна) |
Основни податоци | |
Површина | 203,25 км2 |
Надм. височина | 57 м |
Население | 21.292 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 105 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HK |
Пошт. бр. | 29614 |
Повик. бр. | 05191 |
Портал | www.soltau.de/ |
Местоположба на градот Золтау во рамките на округот Хајдекрајс | |
Координати | 52°59′0″N 9°50′0″E / 52.98333° СГШ; 9.83333° ИГД |
Потекло на името
уредиИмето Золтау доаѓа од „Золт“ (Solt), што означува сол, и „Ау“ (au), што означува река.[2]
Географија
уредиМестоположба
уредиЗолтау се наоѓа на реките Беме и Золтау во Линебуршкото Поле. На оддалеченост од околу 65 до 70 километри се наоѓаат големите градови како Бремен на запад, Хамбург на север и Хановер на југ.
Градски единици
уредиПокрај самото градско јадро, административно градот е составен од следниве поранешни општини и денешни градски единици:[3]
|
|
Клима
уредиСо просечни годишни врнежи од 741 мм, Золтау се наоѓа во средногерманскиот просек од 700 мм. Просечната температура изнесува 8,4 °C и се движи од најниски −0,1 °C во јануари до 17,6 °C во јули.
Клима на Золтау | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 2 | 4 | 7 | 12 | 17 | 21 | 22 | 22 | 18 | 13 | 7 | 4 | 12,5 |
Просечна минимална (°C) | −3 | −2 | 0 | 3 | 7 | 10 | 12 | 12 | 9 | 6 | 2 | −1 | 4,6 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 73 | 49 | 60 | 55 | 60 | 82 | 76 | 77 | 64 | 59 | 75 | 82 | 812 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 19 | 16 | 14 | 16 | 14 | 15 | 17 | 16 | 15 | 16 | 19 | 18 | 195 |
Влага (%) | 89 | 85 | 81 | 76 | 72 | 74 | 76 | 77 | 82 | 85 | 88 | 90 | 81,2 |
Сончеви часови (дневно) | 1,4 | 2,3 | 3,5 | 5,0 | 6,8 | 6,8 | 6,3 | 6,5 | 4,6 | 3,3 | 1,6 | 1,1 | 4,1 |
Извор: wetterkontor.de[4] |
Историја
уредиСреден век
уредиОбласта на Линебуршкото Поле веќе била населена со почетокот на новото камено доба пред околу 4000 години. Во областа на денешниот град се наоѓале неколку поединечни фарми. Веројатно околу 830 година била основана парохијата Золтау и била изградена првата дрвена црква „Св. Јован Крстител“ (Sante Johannis Baptista).[5]
Првото пишано споменување на Золтау било во 936 година како Куртис Салта (Curtis Salta; „фарма на солена река“). Кралот Отон Велики го доделил имотот на Кведлинбуршкиот манастир. Во период од 600 години се развило селото Солтуве (Soltouwe) од претходната населба Куртис Салта. Било подигнато помеѓу црквата „Св. Јован“ и воденицата Валдмиле. Стари имиња биле Залцове (Salzowe; во X век), Залтове (Saltowe; во 1068 и 1197) и Золтове (Soltowe; во 1304). Името Золтау првпат се појавило во 1791 година.
Првите утврдувања на спојувањето на Золтау и Беме, денешното градско јадро, започнале во времето на Фридрих Барбароса во 1152 година. При изведување на браната кај воденицата Ратсмиле биле откриени палисади (огради), кои потекнувале од 1241 година.[6] Во 1304 година, Золтау бил продаден на бискупијата од Верден. Помеѓу 1383 и 1388, селото било основано по наредба на војводата како заштита против вандалските напади на вливот на реките Беме и Золтау, близу Хаген и Бург, што денес е градското јадро. Подоцна, било одлучено да се сруши замокот како дел од мировниот договор на крајот на Линебуршката војна; во исто време, Золтау добил градски права на 15 јули 1388 година поради тоа. Во 1400 година биле основани еснафи, со што градот започнал да тргува. Околу 1440 година се појавиле ковачи, кројачи, чевлари и шивачи.
Последиците од војната во Золтау може јасно да се следат и го спречиле рапидниот раст на новиот град; условите биле мизерни и многу фарми биле уништени. Золтау бил надвор од поголемите центри на моќ, поради што не добил директна поддршка и не бил под директна власт на некој гроф. Во 1479 година, Золтау станал дел од Војводството Брауншвајг-Линебург и бил основан амт. Во 1511 година градот бил целосно уништен од пожар.
Последна витешка битка се одржала во јуни 1519 година на Вие Холт близу Золтау и е позната како Битката кај Золтау, што била една од борбите за Хилдесхајмската бискупија. Според традицијата благодарение на благородник од градот, Харм Тидинг, кој се преправал дека знае каде е големата армија на Линебург од војвксата на Брауншвајг, со што го спасил градот да не биде повторно уништен.[7]
Ново време
уредиВо 1533 година било основано Градското собрание во една поранешна капела, но било уништено во пожар. Во 1567 година друг голем пожар уништил големи делови од градот. Во 1588 година била подигната првата училишна зграда, иако документи за настава има уште во 1563 година. Чумата се појавила во 1626 година и населението драматично се намалило.
Во Триесетгодишната војна, Золтау бил уште еднаш целосно уништен. Тоа што останало било само голема руина во пејзажот и останала само една градба од тоа време. Поминало долго време пред градот да се опорави. Трагите од војната и окупацијата на областа од шведските трупи, која започнала во 1632 година, е забележана на граничниот камен Елингер (Ellinger Grenzstein).
Пазарни права и со тоа право да одржува два панаѓури годишно и коњски пазар биле доделени во 1668 година. Старата градска аптека (Alte Stadtapotheke) била отворена во 1796 година.
Золтау првпат станал гарнизонски град во 1712 година, а истата година била отворена првата текстилна фабрика. Наполеоновите трупи го окупирале градот во 1803 година и го претвориле во француски пограничен град за Кралството Вестфалија во 1810 година. Золтау припаѓал на кантонот Харбург во департманот Долна Елба. Во 1813 година, лицовската пешадија и Козаците ја завршиле десетгодишната окупација. Во 1826 година било подигнато денешното старо Градско собрание.
Во 1873 година била отворена првата железничка линија, која ги поврзувала Бремен и Берлин. Во 1901 година била продолжена линијата помеѓу Хамбург и Хановер, а во 1912 година била пуштена во употреба линијата кон Целе и Линебург. Во 1885 година, Золтау станал окружен град.
Во 1888 година била завршена евангелистичко-лутеранската Ционска црква во местото Нојтетендорф. На Божиќ во 1906 година при пожар изгорела црквата „Св. Јован“ (спомната уште во 1464 година); подоцна била обновена и постои и денес. Во 1911 година, црквата Лутер била осветена како втора евангелистичка црква, во 1915 година следела католичката црква „Св. Богородица“. Во 1913 година било основано царско коњичко училиште.
Кампот Золтау (Lager Soltau), најголемиот германски камп за воени заробеници од Првата светска војна, бил подигнат во 1914 година.
Од 1934 година, неколку единици на Вермахтот биле сместени во кампот Волтердинген и по крајот на Втората светска војна се користел како сместување за бегалците и принудните работници до 1960 година. На 17 април 1945 година британските војници го освоиле градот по силен артилериски оган. Претходно трупите на Вермахтот се обиделе да го запрат нивното движење на Алер.[8] Нападите одзеле повеќе цивилни жртви отколку војници; градот во април 1945 година бил делумно оштетен од нападите.
Во Золтау кратко пред освојувањето на градот од сојузничките трупи во април 1945 година затворениците од концентрациските кампови успеале да избегаат. Истите можеле да се качат на еден товарен воз, кој застанал поради сојузничките напади. Во следните денови биле ловени од страна на членови на Вермахтот, СС и Хитлеровата младина, заедно со помошта на граѓаните, нашле и исмртиле 92 затвореници. Неколку граѓани ризикувајќи го својот живот им обезбедиле на бегалците храна и облека. Повоените судења за оние кои земале дел во ловењето и убивањето завршиле без пресуди поради недостиг на докази. Во 2007 година бил подигнат споменик.
Денес
уредиОбновата на градот било приоритет во 1950-тите и 1960-тите години, кога имало градежен бум во градот.
На 1 март 1974 година, општините Алфтен, Брок, Дајмерн, Дитмерн, Харбер, Хецинген, Лајцинген, Марбостел кај Золтау, Мајнерн, Мителстендорф, Мојде, Тетендорф, Енинген, Видинген, Волтердинген и Волтем, се приклучиле кон градот. Во 1977 година, окрузите Золтау и Фалингбостел се споиле во округот Золтау-Фалингбостел; Золтау го загубил окружното седиште.
Во 1980-тите години се донел план за обнова на градот. Главната улица станала пешачка зона и се изградило ново Градско собрание.
Паркот Хајде бил отворен во 1978 година, а денес претставува најголем забавен парк во Северна Германија. Во него постои Колосос, поставена во 2001 година како најголема железница во светот и Скрим, поставена во 2003 година како највисока кула за слободен пат. Други туристички атракции се музејот за играчки, отворен во 1984 година, и термалните бањи Золтау, отворени во 1990 година.
По повлекувањето на британските трупи во 1993 година, британските касарни како први во Германија преминале во приватни раце. Денес, на нивно место се наоѓа центарот за настани Алте Рајтхале (Alte Reithalle).
Во март 2007 година било претставен концепт за осовременување на градското јадро. Сето ова завршило во март 2009 година.
Развој на населението
уреди
|
|
¹ Резултати од одржани пописи
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за град со број на жители од 20.001 и 25.000 жители.[9] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
Партии и листи | 2016[10] | 2011[11] | 2006[12] | 2001[13] | 1996[14][15] | 1991[16] | 1986[16] | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | Места | Гласови | Места | Гласови | Места | Гласови | Места | Гласови | Места | Гласови | Места | Гласови | Места | ||
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 36,32 | 12 | 37,85 | 13 | 35,03 | 12 | 43,12 | 15 | 37,59 | 14 | 32,72 | 11 | 42,94 | 15 |
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 26,04 | 9 | 28,12 | 10 | 31,39 | 11 | 32,92 | 12 | 28,89 | 10 | 27,81 | 9 | 30,71 | 11 |
BU | Граѓанска унија | 10,18 | 4 | 13,21 | 5 | 19,45 | 6 | 13,53 | 4 | 18,92 | 7 | 17,55 | 6 | 16,06 | 5 |
Grüne | Сојуз 90/Зелени | 9,14 | 3 | 12,09 | 4 | 5,14 | 2 | 4,88 | 1 | 10,52 | 3 | 17,58 | 6 | 6,80 | 2 |
FDP | Слободна демократска партија (Германија) | 2,76 | 1 | 1,42 | 0 | 6,40 | 2 | 5,54 | 2 | 4,09 | 0 | 4,34 | 1 | 2,05 | 0 |
Linke | Левица (Германија) | 1,28 | 0 | 2,69 | 1 | 2,59 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - |
dps | независна фракција | 5,54 | 2 | 4,34 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
AfD | Алтернатива за Германија | 8,73 | 3 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - | - |
Вкупно | 34 | 34 | 34 | 34 | 34 | 33 | 33 |
Градоначалник
уредиОд околу 1410 година, градската управа е предводена од градоначалник и три други членови на советот. Ова заедничко управување траело до XIX век.[17]
Од 1946 до 2001 година, градот бил предводен од двоец составен од градоначалник и градски директор како предводник на управата. Како градски директори работеле Вернер Петерсен (1946–1951), Паул Милер (1951–1956), Фридрих Петерс (1957–1971) и Јирген Фенер (1971–2001). Во 2001 година обете функции се споиле во таа на градоначалникот.
Непосредно избран градоначалник на градот Золтау е моменталниот Хелге Реберт (независна).
Збратимени градови
уредиЗолтау е збратимен со следниве градови:
Култура и знаменитости
уредиТеатар и музеи
уредиСпроти Старото Градско собрание во центарот на градот се наоѓа зградата на музејот за играчки со изложбен простор од 600 м² и музејот Золтау. Музејот Золтау ја следи историјата на градот до 200.000 години во минатото. Во мај 2015 година во градското јадро се отворил музејот Фелто-Филцвелт, образовен центар на тема филц. Во музејот на солта Золтау може да се погледне историјата на солта во местото.
Градби
уредиВо Золтау се наоѓаат бројни знаменити цркви, како што е црквата „Св. Јован“, спомната во 1464 година. Црквата Лутер била изградена во 1911 година како втора евангелистичка црква, откако во 1906 година изгорела црквата „Св. Јован“ и била подигната во помала форма.
Други верски објекти се католичката црква „Св. Богородица“ подигната во 1915 година, црквата на Светиот Дух во ВОлтердинген како стара готска црква од 1245 година, капелата Хајденхоф од 1349 година и Ционската црква од 1888 година.
-
Црквата Лутер
-
Црквата „Св. Јован“
-
Црквата на Светиот Дух во Волтердинген
-
Ционската црква
-
Католичката црква „Св. Богородица“
Други градби се Хаген со железничкиот мост, познатите извори во центарот на градот, поставени во 1978 година од Карлхајнц Гетке, како и библиотеката (поранешна воденица) и воденицата Рат.
Редовни настани
уреди- Пролетен базар (последниот викенд во април)
- Ден на лебот и шунката (1 мај)
- Градски фестивал (на секои две години, првиот викенд во јуни)
- Фестивал на средниот век
- Шиценфест (првата целосна недела во јули)
- Културни денови
- Летна вечер во Халифакс (на две години, последната сабота во јули)
- Фестивал на светлата (првата сабота во септември)
- Маврициусфест (2 и 3 октомври)
- Земјоделски базар (четвртиот викенд во октомври)
- Божиќен базар
Познати луѓе
уреди- Август Велер (1819-1904) — железнички инженер
- Фридеман Шулц фон Тун (р. 1944) — физиолог
- Дитер Мерман (р. 1948) — политичар
- Клаус Лаге (р. 1950) — пејач
- Томас Остермајер (р. 1968) — театарски режисер
- Кристијан Бенбенек (р. 1972) — фудбалски тренер
- Максимилијан Јехуда Еверт (р. 1974) — композитор и виолинист
- Маркус Ведау (р. 1975) — фудбалер
- Ларс Клингбајл (р. 1978) — политичар
- Клас Дијкхоф (р. 1981) —,правник
- Марлен Лозе (р. 1984) — глумец
- Марсел Геберс (р. 1986) — фудбалер
- Филип Егерсглис (born 1995) — фудбалер
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Jürgen Udolph. „Der „Ortsnamenforscher"“. NDR 1 Niedersachsen. Архивирано од изворникот на
|archive-url=
requires|archive-date=
(help). Посетено на 2019-08-05. Text "archive-2016-12-19" ignored (help) - ↑ „Hauptsatzung der Stadt Soltau“ (PDF). Stadt Soltau. 2011-12-09. Архивирано од изворникот (PDF; 17 kB) на 2014-03-22. Посетено на 2014-03-21.
- ↑ Jürgen Schmidt. „Das Klima in Soltau“. Wetterkontor. Посетено на 2020-06-06.
- ↑ Zusammenfassung aus Die Siedlung Soltau in der Niedersächsischen Geschichte: Band I. Von der germanischen Siedlung bis zum Dreißigjährigen Krieg von Wolfgang Bargmann Архивирано на 19 јули 2011 г.
- ↑ „Historisches Holz aus der Zeit von Kaiser Barbarossa aufgetaucht“ (германски). 2019-01-07. Посетено на 2019-05-25.
- ↑ „Informationen über die Schlacht bei Soltau und Harm Tyding“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2020-06-05.
- ↑ Bruno Nitsche, Hans-Heinrich Wolfes: Das Ende des Zweiten Weltkriegs in Jesteburg. (PDF, 1,0 MB). In: Hans-Heinrich Wolfes: Zum 60. Jahrestag des Kriegsendes in Jesteburg und Umgebung. Jesteburger Arbeitskreis für Heimatpflege e. V., 2005, S. 6.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 29. November 2014
- ↑ Ergebnis der Ratswahl 2016 Архивирано на 29 октомври 2020 г. auf wahlen.soltau.de
- ↑ Ergebnis der Ratswahl 2011 Архивирано на 29 октомври 2020 г. auf wahlen.soltau.de
- ↑ Ergebnis der Ratswahl 2006 Архивирано на 29 октомври 2020 г. auf wahlen.soltau.de
- ↑ Ergebnis der Ratswahl 2001 Архивирано на 29 октомври 2020 г. auf wahlen.soltau.de
- ↑ Ergebnisse der Ratswahl 1996 Архивирано на 5 октомври 2017 г. auf soltau.de
- ↑ Sitzverteilung der Ratswahl 1996 Архивирано на 3 декември 2020 г. im Heide-Kurier vom 12. September 2001, S. 4.
- ↑ 16,0 16,1 Ergebnisse der Ratswahlen 1991 und 1986 Архивирано на 6 октомври 2017 г. auf soltau.de
- ↑ Stadtarchiv Soltau #485B, #486B und #809B
Надворешни врски
уреди„Золтау“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Северногерманскиот музеј за играчки (германски)