Франце Прешерн
Франце Прешерн (словенечки: France Prešeren, се изговара Прешерн; 3 декември 1800, Врба (Жировница) - 8 февруари 1849, Крањ) — романтичарски[3] словенечки поет чии поеми се преведувани на многу јазици.[4][5]
Франце Прешерен France Prešeren | |
---|---|
Прешерн, маслен портрет од 1850 година.[б 1] | |
Роден/а | 3 декември 1800 Врба, Војводство Крањска, Хабсбуршка Монархија (денес Словенија) |
Починат/а | 8 февруари 1849 Крањ, Австриска Империја (денес Словенија) | (возр. 48)
Занимање | Поет, адвокат |
Јазик | Главно на словенечки, некои дела се на германски. |
Книжевно движење | Романтизам |
Значајни дела | Покрстување на Савица, За Врба, Сонети за несреќата, Сонетен венец, Здравица |
Тој е сметан за најголем словенечки класичен поет, а подоцна ја вдахнал словенечката книжевност.[6] Ја напишал првата словенечка балада и првата словенечка еп. По неговата смрт, тој стана главното име на словенечкиот канон.[7]
Тој го поврзал мотивот на сопствената несреќна љубов со онаа на несреќната, потчинета татковина. Особено по Втората светска војна во словенечките земји,[7] еден од мотивите на Прешерн, „непријателската среќа“, Словенците го прифатиле како национален мит, а Прешерн е опишан дека е сеприсутен како воздухот во словенечката култура.[Note 1]
Прешерн живеел во судир и со граѓанската и верската врхушка, како и со покраинската буржоазија во Љубљана. Тој развил тежок алкохолизам и се обидел да се самоубие во најмалку два наврати, соочен со одбивање и гледајќи како повеќето од неговите најблиски пријатели трагично умираат. Неговата лирска поезија се занимавала со љубовта кон својата татковина, со страдалното човештво, како и со неговата неостварена љубов кон неговата муза Јулија Примиц.[9]
Живот
уредиРан живот и образование
уредиФранце Прешерн е роден во горењското село Врба, тогаш дел од Хабсбуршката Монархија (денес во Словенија), како трето од осум децата и првиот син во семејството на добростоечки земјоделец и амбициозна и подобро образована мајка која ги учела своите деца да пишуваат и читаат и набрзо ги испратила кај нивните чичковци кои биле римокатолички свештеници.[10]
На осумгодишна возраст бил испратен во основните училишта во Гросупље и Рибница, раководени од местното римокатоличко свештенство. Во 1812 година, тој се преселил во главниот град на покраината Крањска, Љубљана, каде што посетувал државна гимназија. Научил латински, старогрчки и германски, кој тогаш бил јазик на образованието, администрацијата и високата култура во повеќето области населени со Словенци.[се бара извор]
Во Љубљана, поетот Валентин Водник го поттикнал Прешерн да ги развие своите книжевни вештини на словенечки јазик. Како средношколец се дружел со идниот филолог Матија Чоп.[се бара извор]
Во 1821 година, Прешерн се запишал на Универзитетот во Виена, каде што студирал право. Во Виена, тој го проучувал западниот канон меѓу кои: Хомер, Гете, Данте и италијанските „илјадотристотници“, особено Петрарка и Бокачо. Тој, исто така, читал дела од современи романтичарски поети и бил отпуштен од учителската работа во Клинковстремовиот језуитски институт затоа што му позајмил книшка со забранета поезија на својот пријател Анастасиј Грин.[се бара извор]
Творештво
уредиСписок на дела
уредиФранце Прешерен, меѓу другите, е автор и на следните дела:
- Песни
- „Здравица“
- „Под прозорец“
- „Молба“
- „Силата на споменот“
- „Морнар“
- „Во спомен на Валентин Водник“
- „На поетот“
- „Водниот дух“
- Сонети
- „Сонетен венец“
- „Сонети на љубовта“
- „Сонети на несреќата“
Најплодни години
уредиПомеѓу 1830 и 1835 година, Прешерн ги компонирал своите естетски најостварени песни, кои биле вдахнати од неуспесите во неговиот личен живот, особено од неговата невозвратена љубов кон Јулија Примиц. Прешерен го следел советот на Чоп и ја преобразил Јулија во поетска фигура, која потсетува на Беатриче на Данте и Лаура на Петрарка.
Прием и влијание
уредиПрешерн и денес е сметан за еден од водечките поети на словенечката книжевност, признат не само на национално или регионално, туку и според стандардите на развиената европска книжевност. Прешерн бил еден од најголемите европски романтичари. Неговите жестоки, срдечни стихови, интензивно емотивни, но никогаш само сентиментални, го направиле главен претставник на романтичарската школа во Словенија.
Сепак, признавањето дошло полека по неговата смрт. Не пред 1866 година се случил вистински пробив во приемот на неговата улога во словенечката култура. Во таа година, Јосип Јурчич и Јосип Стритар објавиле ново издание на стихозбирката на Прешерн. Во предговорот, Стритар објавил есеј кој сè уште се смета за еден од највлијателните есеи во словенечката историја. Во него тој ја покажал естетската вредност на творештвото на Прешерн ставајќи го во поширокиот европски контекст. Оттогаш, неговиот углед на најголем поет на словенечки јазик никогаш не била загрозена.
Наследство
уредиНаследството на Прешерн во словенечката култура е огромно. Тој воглавно е сметан за национален поет. Во 1905 година, неговиот споменик бил поставен на средиштниот плоштад во Љубљана, сега наречен Прешернов плоштад. До почетокот на 1920-тите, сите негови преживеани дела биле каталогизирани и биле објавени бројни критички изданија на неговите дела. Неколку изучувачи веќе се занимавале исклучиво со анализа на неговото дело и малку останало непознато за неговиот живот. Во 1945 година, годишнината од неговата смрт, наречена Прешернов ден, била прогласена за словенечки културен празник. Во 1989 година, неговата „Здравица“ била прогласена за државна химна на Словенија, заменувајќи ја старата „Naprej, zastava slave“ (Напред, знаме на славата). Во 1992 година, неговиот лик бил прикажан на словенечката банкнота од 1000 толари, а од 2007 година, неговиот лик се наоѓа на словенечката монета од две евра. Највисоката словенечка награда за уметнички достигнувања, Прешерновата награда е именувана по него.
Поврзано
уредиЗабелешки
уреди- ↑ Преведувачот и словенечки писател кој пишува на англиски, Ерика Џонсон Дебељак, е цитирана[4] споредувајќи го статусот на Прешерн во словенечката култура со ентитет сеприсутен како воздухот, опишувајќи во нејзиниот есеј „Прешернов воздух“ како тој често се нарекува едноставно како „поетот“, чиј идентитет е очигледен за сите, но за сè уште неупатените во словенечката култура.[8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Šavc, Urška. „Zbirka portretov Franceta Prešerna“ [The Collection of Depictions of France Prešeren]. Во Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Encyclopedia of Natural and Cultural Heritage in Slovenia] (словенечки). Посетено на 14 февруари 2023.
- ↑ Globočnik, Damir. „Prešeren in likovna umetnost“ [Prešeren and the Visual Arts] (словенечки). Посетено на 14 февруари 2023.
- ↑ Juvan, Marko (5 мај 2011). „Čop in Prešeren ali transfer svetovne književnosti na Kranjsko“ [Чоп и Прешен или преносот на светската книжевност во Крањска] (PDF) (словенечки). Љубљана. Предлошка:COBISS.
- ↑ 4,0 4,1 Šinkovec, Ana: A Man Who Turned Literacy into Art Архивирано на 25 декември 2015 г., Slovenia Times, 6 февруари 2009
- ↑ Database of translations – Prešeren Архивирано на 5 октомври 2013., Slovene Book Agency, 2013
- ↑ Svetina, Peter (8 февруари 2008). „France Prešeren, največji slovenski pesnik“ [France Prešeren, the Greatest Slovene Poet] (PDF). Novice – Slovenski tednik za Koroško.[мртва врска]
- ↑ 7,0 7,1 Božič, Zoran (2011).Dejavniki literarne kanonizacije v srednješolskih berilih – na primeru Prešerna (Дејствувачи на книжевната каконизација во средношколските материјали за читање - на пример Прешерн) Архивирано на 13 мај 2021 г., Jezik in slovstvo, том 56, 5–6, стр. 3–26 Предлошка:COBISS
- ↑ Johnson Debeljak, Erica: Prešernov zrak, preseren.net, a portal dedicated to Prešeren
- ↑ Merhar, Ivan (1901). „France Prešeren“. Slovenka. 5 (1). Konzorcij Edinosti. стр. 9. Предлошка:COBISS.
- ↑ „France Prešeren: Življenjepis: 1800–21: Otroška leta v Vrbi in pri stricih v Ljubljani, šolska leta v Ljubljani“ [Франце Прешерн: Животопис: 1800–21 година: Детски години во Врба и кај стриковците во Љубљана, училишни години во Љубљана]. Preseren.net (словенечки). Založba Pasadena d.o.o. Посетено на 14 февруари 2023.
Дополнителна книжевност
уреди- Хенри Роналд Купер, Francè Prešeren (Бостон, Масачусетс: Twayne, 1981).
- Јанко Лаврин, Francè Prešeren: 1800–1849 (Bristol: Western Printing Services Ltd., 1955).
Надворешни врски
уреди„Франце Прешерн“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: Франце Прешерен |