Прешернов ден
Прешернов ден (словенечки: Prešernov dan), полно име Ден на Прешерн, словенечки културен празник е државен празник во Словенија кој е на 8 февруари[1].
Прешернов ден Prešernov dan | |
---|---|
Портрет на словенечки национален поет Франце Прешерен | |
Го празнува(ат) | Словенија |
Датум | 8 февруари |
Тоа е одбележување на држвноста на Словенија и е прослава на словенечка култура. Овој ден е назначен како празник од 1945 година за да се подигне културната свест и самодоверба на Словенечката нација. На 7 февруари, во пресрет на празникот, се доделуваат Наградата Прешерен и Наградите на Фондот Прешерен, највисоките словенечки признанија за културни достигнувања. Денот на Прешерен продолжува да биде еден од најпознатите словенечки празници. За време на празникот во целата држава , музеите и галериите нудат бесплатен влез и се одржуваат разни други културни настани. Празникот се слави не само во Словенија, туку и од словенечки заедници низ целиот свет[2].
Историја
уредиГодишнината од смртта на Прешерен првпат станала истакнат датум за време на Втора светска војна во 1941 година, кога на7 февруари се славел како ден на сите - словенечко единство. Предлогот да се прослави 8 февруари како словенечки културен празник бил донесен во јануари 1945 година, за време на Втора светска војна, на Словенечкиот фронт за ослободување од Богомил Герланц. Официјално бил прогласен за културен празник со указ донесен од Претседателот на словенечки национален ослободителен совет на 28 јануари 1945 година и објавено во весникот „Словенски порошевалец“ на 1 февруари 1945 година. Останал државен празник за време на Социјалистичка Република Словенија во рамките на СФР Југославија и исто така беше прославена и од Словенците во Италија. Прогласувањето на Денот на Прешерен за неработен ден во 1991 година, била причина за спротивставување на многумина, тврдејќи дека тоа ќе донесе банализација на празникот создаден да биде посветен на културни настани. Како резултат на тоа, 3 декември, годишнината од раѓањето на поетот, исто така, стана широко прославена како алтернативен празник. Денес и двата дена се слават скоро подеднакво, без антагонизам иако само Денот на Прешерен во февруари е официјално признат како национален празник[3].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „PREŠERNOV DAN“. Архивирано од изворникот на 2021-01-20. Посетено на 2021-04-08.
- ↑ Kulturni praznik: Nazaj na staro domačijo
- ↑ 8. februar – slovenski kulturni praznik ali Prešernov dan
Надворешни врски
уреди- Kar sem si želel kot mulc, sem uresničil (interview) ("I Have Realised What a Wished for Myself as a Kid"; Dnevnik, 9 June 2007)
- Miki Muster: Packanje z barvami mi ni všeč (interview) ("I Don't Like Blotching with Colours"; Dnevnik, 7 February 2015)