Филип Давид
Филип Давид (Крагуевац, 4 јули 1940 година) е еврејско-српски писател, есеист, драматург и сценарист. Тој е долгогодишен уредник на Драмската програма на Телевизија Белград e редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград.[1]
Филип Давид | |
---|---|
Давид в 2013 | |
Изворно име | Филип Давид |
Роден/а | 4 јули 1940 Крагуевац, Кралство Југославија |
Занимање | писател |
Јазик | српски |
Националност | Србин |
Апсолвент на | Универзитет во Белград |
Животопис
уредиФилип Давид е роден во Крагуевац во еврејско семејство. Дипломирал на групата за југословенска и светска книжевност на Филолошкиот факултет и драматургија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Долго време работел како уредник на драмската програма на Телевизија Белград и како професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој е еден од основачите на Независните писатели на Србија, здружение основано во 1989 година во Сараево во кое се собирале најзначајните писатели на Југославија во тоа време. Исто така, бил основач на „Белградскиот круг“, основан во1990 година, здружение на независни интелектуалци кое се спротивставувало на политиката на Слободан Милошевиќ. Поради основањето на Независниот синдикат во 1992 година ја загубил работата во РТС. Член е на „Групата 99“, основана на Саемот на книгата во Франкфурт и еден од втемелувачите на независната книжевна асоцијација „Форум на писатели“, основана во 1999 година.[2]
Дела
уредиФилип Давид напишал повеќе ТВ драми и филмски сценарија, книги на раскази, романи и есеи.[3]
- Книги на раскази:
- „Бунар во темната шума“ (1964)
- „Записи за стварното и нестварното“ (1969)
- „Принцот на огнот“ (1987]]
- „Собрани и нови раскази“ (2015)
- Романи:
- „Аџии на небото и земјата“ (1995)
- „Сон за љубовта и смртта“ (2007)
- „Куќа на сеќавањата и заборавот“ (2014)
- Книги со есеи:
Заедно со Мирко Ковач ја објавил „Книгата со писма 1992-1995“
Делата на Филип Давид се преведени на повеќе јазици, како: шведски, француски, полски, унгарски, италијански, албански, македонски, словенечки, хрватски, есперанто, а неговите раскази се застапени во околу 20 антологии. Исто така, неговите книги освоиле повеќе признанија, како: наградата на „Младост“, наградата „Милан Ракиќ“, Андриќевата награда, наградите на „БИГЗ“ и на „Просвета“ за книга на годината,[4] а за романот „Куќата на сеќавањата и заборавот“ ја добил престижната НИН-ова награда во 2014 година. Покрај тоа, тој е добитник е на повеќе меѓународни награди ѕа драматургија. Како драматург, сценарист или косценарист работел на многу значајни филмови, меѓу кои и „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“, „Кој тоа таму пее“, „Буре барут“, „Посебен третман“, „Павилјонот 6“, „Сонот на зимската ноќ“ и „Кога ќе осамне денот“ кој бил српски кандидат за Оскар во 2012 година.
Наводи
уреди- ↑ „Filip David dobitnik 61.Ninove nagrade“ [Filip David Winner of the 61. NIN Prize]. Vecernje novosti. 19 January 2015. Посетено на 19 January 2015.
- ↑ „O autoru“, во: Filip David, Kuća sećanja i zaborava (treće izdanje). Laguna, Beograd, 2015, стр. 189.
- ↑ „O autoru“, во: Filip David, Kuća sećanja i zaborava (treće izdanje). Laguna, Beograd, 2015, стр. 189-190.
- ↑ „O autoru“, во: Filip David, Kuća sećanja i zaborava (treće izdanje). Laguna, Beograd, 2015, стр. 190.