Андриќева награда
Андриќева награда (српски: Андрићева награда) - српска книжевна награда која се доделува за најдобар расказ или за најдобра збирка раскази. Наградата се доделува секоја година, почнувајќи од 1975 година, на денот на раѓањето на писателот Иво Андриќ, 10 октомври.[1]
Одлики на наградата
уредиСпоред правилата за доделувањето на наградата, таа се додоелува за расказ, циклус или збирка раскази напишани на српски јазик, а објавени во Србија, Црна Гора и Република Српска при што едeн писател може само еднаш да ја добие наградата. Таа се состoи од повелба и од паричен износ, а одлуката ја носи тричлена комисија, составена од писатели, историчари на книжевноста и книжевни критичари.[1]
Добитници на наградата
уредиДосегашни добитници на Андриќевата награда се:[1]
- Драгослав Михаиловиќ, „Венецот на Петрија“ (1975)
- Антоније Исаковиќ, „Миг“ (1976)
- Милисав Савиќ, „Вујкото на нашето гратче“ (1977)
- Александар Тишма, „Училиште за безбожништво“ (1978)
- Мирко Ковач, „Слики од семејниот албум на семејството Мештревиќ“, (1979)
- Ќамил Сијариќ, „Француски памук“ (1980)
- Светлана Велмар Јанковиќ, „Дорќол“ (1981)
- Давид Албахари, „Опис на смртта“ (1982)
- Данило Киш, „Енциклопедија на мртвите“ (1983)
- Видосав Стевановиќ, „Царски рез“ (1984)
- Радослав Братиќ, „Слики без таткото“ (1985)
- Младен Марков, „Старци на село“ (1986)
- Филип Давид, „Принц на огнот“ (1987)
- Јован Радуловиќ, „Подалеку од олтарот“ (1988)
- Радослав Петковиќ, „Извештај за чумата“ (1989)
- Саша Хаџи Танчиќ, „Поврзани со ѕвездите“ (1990)
- Милица Миќиќ Димовска, „Одмрзнување“ (1991)
- Воја Чолановиќ, „Природен одговор“, (1992)
- Живојин Павловиќ, „Таван“, (1993)
- Вида Огњеновиќ, „Отровното млеко на глуварчето“, (1994)
- Павле Угринов, „Николета“, (1995)
- Радован Бели Марковиќ, „Сетембрини во Колубара“ (1996)
- Данило Николиќ, „Влез во светот“(1997)
- Мирослав Јосиќ Вишњиќ, „Нови годови“ (1998)
- Александар Гаталица, „Век“ (1999)
- Владан Матијевиќ, „Прилично мртви“(2000)
- Милорад Павиќ, „Приказни од савската падина“, (2001)
- Мирослав Тохољ, „Мала Азија и приказни за болката“ (2002)
- Михајло Пантиќ, „Ако е тоа љубов“ (2003)
- Јовица Аќин, „Дневник за вагината“, (2004)
- Љубица Арсиќ, „Маче, дал' ме сакаш“ (2005)
- Горан Петровиќ, „Разлики (2006)
- Љиљана Дугалиќ, „Акт“ (2007)
- Мирко Демиќ, „Молски акорди“ (2008)
- Миленко Пајиќ, „Документарни приказни”, (2009)
- Во 2010 година, наградата не е доделена
- Милован Марчетиќ, „Излез“, (2011)
- Мирјана Павловиќ, „Трпеза без главно јадење“ (2012)
- Драго Кекановиќ, „Усвојување“ (2013)
- Угљеша Шајтинац, „Банаториум“ (2014)
- Вуле Журиќ, „Тајната на црвениот замок“ (2015)
- Јелена Ленголд, „Размаѓепсан свет“ (2016)
- Владимир Кецмановиќ, „Воени игри“ (2017)
- Драган Стојановиќ, „Ќерката на шпанскиот борец“ (2018)