Посебен третман (филм)
Посебен третман (српски: Посебан третман) – југословенски филм од 1980 година, во режија на Горан Паскаљевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љуба Тадиќ, Данило Бата Паскаљевиќ, Душица Жегарац и Милена Дравиќ.
Синопсис
уредиДокторот Илиќ работи во болница за лекување на алкохоличари каде спроведува „посебен третман“, составен од физички вежби, диета со јаболка, музика на Вагнер и психо-драма. Со група од шест пациенти, тој оди во посета на една пиварница во која постои голем проблем со алкохолизмот на работниците. Меѓутоа, настаните кои следат покажуваат дека докторот го применува својот начин на лекување за да ја изрази својата деспотска и хипокритска личност.[1]