Тубтен Ѓацо
Тубтен Ѓацо (тибетски: ཐུབ་བསྟན་རྒྱ་མཚོ་, Вајли: Thub Bstan Rgya Mtsho; 12 февруари 1876-17 декември 1933) — тринаесеттиот далај-лама.
Тубтен Ѓацо | |
---|---|
XIII далај-лама | |
Претходник | Тринли Ѓацо |
Наследник | Тенцин Ѓацо |
Почивалиште | |
Династија | Далај-лама |
Во 1878, тој бил препознаен како реинкарнација на далај-ламата. Тој бил однесен во Ласа и таму ги прифатил обичаите од осмиот панчен-лама,Тенпај Вангчук и го добил името „Нгаванг Лобзанг Туптен Ѓацо Џигдрал Чокли Намѓал“. Во 1879 година, бил поставен на пестолот во Потала, но политичка моќ добил во 1895 година.
Тубтен Ѓацо бил интелигентен реформатор којшто на Тибет му обезбедил место на значаен пешак во Големата игра помеѓу Руската Империја,Кина и Британската Империја.Тој бил одговорен за протерувањето на Британците од Тибет,а и за воведувањето на нови правни институции за да се оневозможи преземањето на власта од страна на монасите.
Денешниот,четиринаесетти далај-лама, Тенцин Ѓацо вели „Очигледно,тринаесеттиот далај-лама имал остра желба за воспоставување односи со Русија,и исто така мислам дека спрема Англија,отпрвин бил скептичен.Тогаш таму бил Доржиев.Спрема англичаните тој бил шпион,но сепак вистински,тој бил добар учител и искрен будистички монах којшто имал голема верност со тринаесеттиот далај-лама.“
Агван Доржиев
уредиАгван Доржиев (1854-1938) бил Русин (по потекло бурјатски Монгол) роден во едно село во близина на градот Улан Уде во Русија,околу 100км источно од Бајкалското Езеро.Во 1873 година тој заминал во Тибет.Таму го изучувал учењето Гелуг во најголемиот манастир во Тибет,манастирот Дрепунг.Тој успешно ги завршил студиите и започнал да работи на академскиот труд од степенот Геше Ларампа(највисок степен за изучување на будистичката филозофија).Потоа тој станал Цанид-Хамбо(„Мајстор на будистичката филозофија“).Тој станал и учител на тогаш младиот далај-лама и со него многу се зближил,а подоцна го користел како дипломат пред Русија и другите земји.
Инвазијата на Тибет од Британија (1904) и Кина (1910)
уредиПо британската инвазија на Тибет на Сер Френсис Јангхазбанд во почетокот на 1904,Агван Доржиев го натерал Тубтен Ѓацо да избега во Урга (Улан-Батор) околу 2400 км североисточно од Ласа,патување коешто траело околу 4 месеци. Далај-ламата птишол во Урга кјаде што им држел предавања на Монголците.
Откако далај-ламата избегал, Кинезите го прогласиле за сменет и со цел да извршат инвазија на Тибет се утврдиле во Непал и Бутан.Примирјето било склучено на 7 септември 1904 година помеѓу Британците,кинескиот амбан,непалски и бутански претставници и тибетската влада.
Во октомври 1906 година,Џон Вестон Брук станал првиот англичанец којшто бил сослушан од далај-ламата и добил дозвола да однесе две експедиции во Тибет.Исто така во 1906 Сер Чарлс Алфред Бел бил поканет од деветтиот панчен-лама во манастирот Ташилхунпо каде што тие имале пријателски разговор за настанатата политичка ситуација.
По некое време далај-ламата престојувал во манастирот Кумбум во близина на Ксининг,а потоа отпатувал до Пекинг каде што бил пречекан од кинескиот цар Гуангксу и царицата Довагер Цикси.Кинескиот цар се обиде да ја нагласи покорноста на Тибет иако Тубтен Ѓацо го одбил со ковтов. Тој во Пекинг останал до крајот на 1908 година.
Враќајќи се во Тибет,во декември 1908 г., далај-ламата ја организирал владата на нов начин,но во 1910 година Кинезите извршиле инвазија на Тибет,па тој избегал во Индија.
Во 1911 година Манчуанската династија Кинг била победена во револуцијата Ксинхаи и кон крајот на 1912 година Манчуанските трупи биле изнесени од Тибет.
Преземањето на политичката моќ и независноста на Тибет
уредиВо 1895 година,добил голема моќ од манастирите коишто претходно биле под влијание на регентот.За време на двата приода на егзил од 1904-1909 од британската инвазија и од 1910-1913 од кинеската инвазија,Тубтен Ѓацо станал првиот далај-лама којшто бил свесен за значењето на меѓународните односи.Тој во придружба на 6 министри и мала група избегал во Дарџилинг преку Сиким каде што останал речиси две години.Тој бил и поканет од калкутанскиот Викерој,Лорд Минто да отиде во Калкута со цел да ги подобри односите со британците.
Тубтен Ѓацо се вретаил од Дарџилинг во јануари 1913.Новата кинеска влада веднаш му се извинила за активностите на династијата Кинг и веднаш го вратила на неговата стара позиција.Тој на таквото извинување одговорил дека не го интересираат кинеските активности на династијата Кинг и тој ја прифатил духовната и политичка власт во Тибет.
По неговото враќање од егзил во Индија, далај-ламата се грижел за создавањеи зачувување на меѓународните односи со махараџата, кралот на Непал, како и со британскиот офицер во Сиким.
Тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо ја преогласил независноста на Тибет од Кина во летото 1912 и го претставил тибетското знаме коешто и денес опстојува.
Во 1913,тој изградил и медиционско учолиште во близина на Јоканг на страната каде што сенаоѓала пореволуционерната болница.
Во државата била воспоставена законодавната власт,а се водела борба против корупцијата,бил воспоставен и даночен систем и била формирана тибетската полиција.Казнениот систем бил изменет и се носеле униформи низ целата земја.Бил воведен и секуларен образовен систем.Тубтен Ѓацо ги учел учениците и студентите да бидат гостољубиви кон странците.
Како резултат на неговите патувања и меѓународни средби,тринаесеттиот далај-ламата ,Тубтен Ѓацо во Тибет вовел многу нови пронајдоци како струјата, телефонот, моторните возила и др. со што Тибет започнал да навлегува во современиот свет.
Тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо починал на 17 декември 1933 г.
Претходник Тринли Ѓацо |
Реинкарнација на далај-лама | Наследник Тенцин Ѓацо |