Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска (12 октомври 1975 во Охрид) — поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На функцијата стапила на 27 август 2006 и ја извршувала до 12 мај 2015, кога поднела оставка.[1]

Гордана Јанкулоска
Milovanovic and Jankuloska.jpg
Министер за внатрешни работи
На должноста
26 август 2006 – 12 мај 2015
Премиер Никола Груевски
Претходник Љубомир Михајловски
Наследник Митко Чавков
Лични податоци
Роден(а) 12 октомври 1975
Охрид, СР Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Вероисповед Православен христијанин

ОбразованиеУреди

Дипломирала на правниот факултет на универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрира на Кентскиот универзитет, Кантербери, Велика Британија со диплома од највисок ранг (LLM, awarded with distinction), на насоката меѓународно деловно право, на тема: „Нормативните ризици и странските инвестиции”. Во јули 2004 год, UKC-Kent Law School, UK ѝ доделува Награда за посебни достигнувања во областа на правото.

Работно искуствоУреди

Јанкулоска има работно искуство во различни сегменти на финансии, комбинирано со соработка со меѓународни институции, од повеќе позиции во Министерството за финансии на Република Македонија: Државен советник, (координатор на секторот за правни, општи и сметководствени работи, управата за имотно правни работи, одделението за одлучување во втор степен во управна постапка од областа на даноци и царини; секторот за управување со капиталот; секторот за информатика и дирекцијата за спречување на перење на пари) ; шеф на кабинетот на министерот; началник на одделение и самостоен советник во секторот за меѓународни финансии.

Учесник е на бројни обуки, семинари и дебати од областа на финасии, право, проектен менаџмент и евалуација на проекти на национално и меѓународно ниво, како и во повеќе тимови за изработката на закони и реализација на проекти во сферата на Реформата на платениот промет, имплементација на фискални машини во Република Македонија. Одлично го говори англискиот јазик и има основни познавања на албанскиот и германскиот јазик.

Други функцииУреди

Јанкулоска исто така е претседател на Управните одбори на Национална Платежна Картичка А.Д. – Скопје и на Централниот Регистар ; член на управниот одбор на „Center of Excellence in Finance” – Љубљана ; претседател на комисија за денационализација и член на Советот за денационализација;

НаводиУреди

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2015-05-14. Посетено на 2015-05-12.
Политички функции
Претходник
Љубомир Михајловски
Министер за внатрешни работи на Македонија
2006–2015
Наследник
Митко Чавков