Диме Спасов

Министер за труд и социјална политика на Република Македонија

Диме Спасов (7 мај 1985 во Скопје) — македонски политичар и министер за труд и социјална политика во периодот 2013–2015.

Диме Спасов
Министер за труд и социјална политика
На должноста
28 мај 2013 – 11 ноември 2015
Претходник Спиро Ристовски
Наследник Фросина Ременски
Премиер Никола Груевски
Лични податоци
Роден(а) 7 мај 1985
Скопје, СР Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Правен факултет
Професија правник
Вероисповед православен христијанин

Животопис

Роден е на 7 мај 1985 година во Скопје, оженет со Бојана и татко е на едно дете, Лука. По професија е дипломиран правник, а високо образование стекнал на Факултетот за правни студии “Јустинијан Први”-Скопје, на универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Во моментов е магистрант по деловно право.

Кариера

Во периодот од 2006 до 2009 година работи како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Од 2009 до 2010 година ја извршува функцијата заменик директор на АДСДП - подрачна единица Скопје.

Во 2010 и 2011 година е директор на агенција за млади и спорт. Во 2011 година Владата на Република Македонија го назначува за државен секретар во министерството за правда на Република Македонија и оваа функција ја извршува до 2012 година. Од декември 2012 до мај 2013 е помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности - Центар за катастар на недвижности Скопје.

На 29 мај 2013 година во Скопје, Република Македонија, стапува на функцијата министер за труд и социјална политика.[1] Оваа функција ја изршува сè до ноември 2015 година, кога е именуван за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика. Во мај 2016 година, Собранието на Република Македонија повторно го именува за министер за труд и социјална политика, а од септември 2016 година по вторпат стапува на функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Политичка активност

Диме Спасов е активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Од февруари 2011 до октомври 2013 ја извршува функцијата претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. На вонредните парламентарни избори во 2014 бил кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија од првата изборна единица, чиј мандат е верификуван во мај 2014.

Во јуни 2014 година повторно е реизбран за министер за труд и социјална политика во Владата на Никола Груевски. Врз основа на одредбите од склучениот договор меѓу најрелевантните политички чинители во јуни и јули 2015 година е назначен за дополнителен заменик министер.

Наводи

  1. „vlada.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2015-03-28.

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Спиро Ристовски
Министер за труд и социјална политика
28 мај 2013 - 11 ноември 2015
Наследник
Фросина Ременски