Приднестровие

де факто независна територија од Молдавија
(Пренасочено од Транснистрија)

Приднестровие, позната и како Приднестар, Транснистрија, Трансднестар, Трансднестрија или Трансднестарска Република (целосно име: Приднестарска Молдавска Република) е автономна покраина во составот на Молдавија, де факто независна од Молдавија од 2 септември 1990 година, која се наоѓа на левата страна од реката Днестар.[2] Опфаќа површина од 4.163 км2, но поради географската положба, со реката Днестар има граница долга 816 км, па поради тоа личи на остров долг 400, а широк 10 км. Вкупното население е 642.000, претежно од словенско, романско и туркиско потекло (30% Руси, 29% Украинци, 34% Молдавци, остатокот го сочинуваат Гагаузи, Бугари и Полјаци). Со административно-територијалната поделба на Молдавија, територијата на Приднестровската Молдавска Република во уставот на Молдавија се јавува како Автономна територија формирана со посебен статус на Приднестровие во составот на Молдавија, која фактички територијата на Приднестровие не ја контролира (со исклучок од неколку села).[3][4]). Должината на границите на Приднестровската Молдавска Република е 816 км: од нив 411 км — со територија, контролирана од властите на Молдавија, 405 км — со Украина[5][6][7][8][9] Приднестровие нема излез на море.

Приднестровска Молдавска Република
Република Молдовеняскэ Нистрянэ

Приднестрóвская Молдáвская Респýблика

Придністровська Молдавська Республіка

Знаме Грб
Химна

Те славиме тебе, Приднестровие


Местоположба на Приднестровие
Главен градТираспол
Службен јазик молдавски, руски, украински
Народности (2005) 32% Молдавци
31% Руси
29% Украинци
Уредување Претседателска република
 •  Претседател Игор Смирнов
Де факто Независност
 •  Декларација за независност на Приднестровие 2 септември 1990 
 •  Војна во Приднестровие 2 март - 21 јули 1992 
 •  Признавање  
 •  Вода (%) 2.35
Население
 •  проценка за 2007 г. 537,000[1] 
 •  Попис 2004 555,347 
 •  Густина 133 жит/км2 
Валута Приднестровска рубља1
Часовен појас (UTC+2)
 •  (ЛСВ)  (UTC+3)
НДД нема2
Повик. бр. 373
1. Молдавска леа се употребува како парична единица во територијата под Молдавска контрола и во безбедносната зона
2. Се употребуваат .com, .ru и .md (понекогаш).
Игор Смирнов, првиот претседател на републиката

Приднестровие е уредена како претседателска република и има свој устав. Според уставот службени јазици се молдавскиот (кирилица), рускиот и украинскиот. Главен град на републиката е Тираспол кој има 159.000 жители. Други поголеми градови се Дубасари и Бендери.

Името на оваа територија на романски е Транснистрија, Транс-Днестар[10] или Трансднестрија[11], но официјално во молдавската документација се наведува како Станга Ниструлуи (молдавски:Stânga Nіstruluі) што во превод значи „Лев брег на Днестар“. На руски името на оваа територија се нарекува Приднестровие, па нејзиното целосно име е Приднестарска Молдавска Република (руски:Приднестровская Молдавская Республика, молдавски:Republica Moldovenească Nistreană, украински:Придністровська Молдавська Республіка).

Историја

уреди
 
Карта на МАССР

Во антиката, територијата на Придњестровие била населена со Тирагетите кои биле тракиско племе. Во средниот век на територијата на Приднестровие живееле словенските племиња Уличи и Тиверци, и номадските туркиски племиња Печензите и Куманите. Со текот на времето, територијата била дел од Киевска Русија и Галичко-Волинското кнежевство, а во XIV век била дел од Големото Литванско кнежевство. Во 1569 година, северниот дел на Приднестровие влегол во состав на Брацлавското кнежевство кое влегло во состав на Малополска. Територијата била дел од Руската Империја во 1793 година. Јужниот дел од Приднестровието бил дел од Златната Орда во 1242 година, каде при крајот на XV век влегол во состав на Кримското ханство. Со Јашкиот мировен договор, Приднестровие била дел од Руската Империја. Во тоа време бил малку населен регион, коешто население било мешано, и се состоело во основа од Молдавци, но исто и Евреи, Украинци, Срби и Бугари.

Верници во Тиерсполија
Православни
  
100 %

При крајот на XVIII века Руската Империја праќа војници за да ја заштитат својата југозападна граница. Руските власти го поддржувале доселувањето на бугарите, русите, германците, ерменците, грците и молдавците во Приднестровие. Низ XIX век Приднестровие, со градовите Григориопол, Дубосар и Тираспол влезе во состав на Руската Империја. Од 1918 до 1940 година овој дел бил поделен меѓу Романија и Украина.

Географски и демографски одлики

уреди

Транснистрија се наоѓа во источниот дел од Молдавија и е во должина од 400 км. На запад се граничи со Бесарабија (411 км), а на исток со Украина (405 км). Западната граница кон остатокот од Молдавија всушност ја претставува реката Днестар, а поголемиот дел од територијата, особено по брегот на Днестар е една голема долина. На оваа површина, Приднестровие зафаќа површина од 4.163 км2 на која живеат околу 537.000 жители.

Населението го сочинуваат 3 бројни етнички групи: Молдавци (32%), Руси (31%) и Украинци (29%).

Најголем и главен град е Тираспол со околу 159.163 жители. На територијата на Приднестровие има уште 10 градови со вкупно 69 општини, а вкупниот број на населени места е 147.

Административна поделба

уреди

Приднестровие е поделено на 7 административни единици: 5 реони и 2 града (општини) под републичка управа.

Петте реони се:

а двата града (општини) се:

Наводи

уреди
  1. "Население Приднестровья за полгода сократилось на 3,5 тыс. человек," Novy region 2, 7 септември 2007. http://www.nr2.ru/pmr/138729.html
  2. (англиски) De Facto States By Tozun Bahcheli, Barry Bartmann, Henry Felix Srebrnik
  3. Новое административное устройство Молдавии
  4. Государственный реестр ПМР Архивирано на 21 август 2009 г. в законе «Об административно-территориальном устройстве Приднестровской Молдавской Республики»
  5. О Приднестровье

    Приднестровская Молдавская Республика (ПМР) расположена в юго-восточной части Европы. Граничит с Украиной и Молдовой. Общая протяжённость Государственной границы 816 км, в том числе с Республикой Молдова — 411 км, с Украиной — 405 км.

  6. Украина выроет границу

    Аналогичным рвом Украина намерена отгородиться и от Приднестровья, где проживает более 200 тысяч граждан Украины… Погранслужба Украины планирует завершить все мероприятия к лету. Защищать границу от приднестровцев украинцы собираются с помощью современного технического оборудования, доставленного из США… По словам приднестровского замминистра, «виноградные столбики, перекрашенные в пограничные столбы, не соответствуют никаким нормам пограничных инженерных сооружений». «Украинские власти устанавливают их без согласования с Приднестровьем. Нередко возникают конфликтные ситуации, так как точные границы не определены, и нашим пограничникам не раз приходилось демонтировать сооружения украинских коллег», — отметил Вырвич.

  7. Реанимация за счет Приднестровья

    А теперь о том, из каких позиций в приднестровском урегулировании сегодня исходит Украина. Во-первых, она не приемлет принятия никаких решений по урегулированию конфликта вне формата «5+2». Как-никак, речь идет о будущем страны, с которой Украина, в отличие от России, непосредственно граничит.

  8. Год 2009. Молдова и Приднестровье, внешнеполитические итоги

    Остается украинское направление. Украина — одна из двух стран с которыми непосредственно граничит Молдова, и которая также граничит с мятежным Приднестровьем.

  9. Иван Мазепа расколол Приднестровье

    «…Так же играет роль то, что Приднестровье — это анклав, который находится очень далеко от России, и в то же время, непосредственно граничит с Украиной», — отмечает Богдан Безпалько.

  10. Regions and territories: Trans-Dniester, BBC вести, 7 март 2007
  11. The black hole that ate Moldova: A glimpse inside Transdniestria, Economist, May 3rd, 2007

Надворешни врски

уреди