Тодор Бурмов, роден како Тодор Стојанов Бурмов (руски: Тодор Стоянов Бурмов; Габрово, 14 јануари 1834Софија, 7 ноември 1906) ― истакнат русофилски политичар од Бугарија,[1][2] служел како првиот премиер на Бугарија. После неговото кратко трајно премиерство станал министер за внатрешни работи, образование и науки и две мандати за министер на финансии. Низ неговиот живот бил словенофил но постепено станал русофил, покрај ослободувањето на Бугарија станал голем русофил со единствени интереси во Русија наместо Бугарија.[3]

Тодор Бурмов
Слика од Тодор Бурмов
1от Премиер на Бугарија
На должноста
17 јули, 1879 – 6 декември, 1879
Монарх Александар I Батенберг
Претходник никој
Наследник Васил Друмев
Министер на внатрешни работи
На должноста
17 јули, 1879 – 6 декември, 1879
Премиер Самиот себеси
Претходник никој
Наследник Димитар Греков
Министер за образование и наука
На должноста
17 јули, 1879 – 7 август, 1879
Премиер Самиот себеси
Претходник никој
Наследник Георги Атанасович
Министер за финансии
На должноста
18 март, 1883 – 19 септември, 1883
Премиер Леонид Соболев
Претходник Леонид Соболев
Наследник Григор Начович
На должноста
21 август, 1886 – 24 август, 1886
Премиер Васил Друмев
Претходник Петко Каравелов
Наследник Иван Гешов
Лични податоци
Роден(а) 14 јануари, 1834
Габрово, Отоманско Царство
Починал(а) 7 ноември, 1906
Софија, Кнежевство Бугарија

Помеѓу 1896 и 1897 за време на Критското востание ја напишал брошурата „Братско објаснување на Бугарин на неговите сограѓани Бугари“ каде што го сметал бугарскиот народ како потомци на Русите и дека народот требал да се ориентира кон Русија,[4] Бурмов исто така го потврдил руското учество врз формирањето на денешниот јазик во Бугарија.[5] За време на премиерството на Стефан Стамболов, Бурмов како голем дел од тогашните русофили биле уапсани и изолирани како обид од тогашната влада на Бугарија да формирала вештачки бугарски идентитет.[6]

Животопис

уреди

Бурмов бил дипломиран во Киевската теолошка академија[7] и потоа работел како учител во Габрово и уредувал различни русофилски весници.[8] За време на периодот на османлиското владеење, Бурмов, заедно со Гаврил Крастевич, го привлекол вниманието како дел од умерената фракција која барала независна егзархија која ќе остане поврзана со Цариградската патријаршија во Истанбул во опозиција на потврдокорните националисти кои се залагаа за целосен раскол.

Бурмов бил близок соработник на Александар I Батенберг и затоа бил одбран за премиер на новата независна земја на 17 јули 1879 година и покрај релативната слаба позиција на конзервативците. Режимот на Бурмов најмногу бил вклучен во обидот да се стабилизира новата земја, исто така ставале на Варна и другите области на муслиманските бунтови под воена состојба. Владата во голема мера се покажала како неуспешна поради недостигот на поддршка за конзервативците во Собранието и таа падна истата година. После неговата политичка кариера се вратил во новинарството, Бурмов подоцна ги напушти конзервативците и станал член на Прогресивната либерална партија на Драган Цанков.[8] Почина во 7 ноември, 1906 година во Софија.

Наводи

уреди
  1. БУРМОВ, Тодор Стоянов (2015) од Соединение
  2. 2 януари 1834 - роден е Тодор Бурмов (2015) од Габрово дејли
  3. Енев, Цонко (1995). Наместниците на България при княз Александър I Български. Изд. авт. стр. 264. ISBN 9789547998551.
  4. Тодор Бурмов – просветител и общественик (2024) од Румен Стоилов
  5. Геориев, Владамир (1958). Славистичен сборник. Bŭlgarska akademii︠a︡ na naukite. стр. 36.
  6. ТОДОР БУРМОВ: „Никога не се занимавайте с политика“ (2011) од Милена Катошева
  7. Ivan Ilčev, Valery Kolev, Veselin K. Jančev (2005). Bulgarian Parliament and Bulgarian Statehood, 125 Years National Assembly 1879-2005. St. Kliment Ohridski University Press. стр. 33. ISBN 9789540721972.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. 8,0 8,1 Министер за финасии профил