Васил Друмев, роден како Васил Николов Друмев познат по неговата црковна титула како митрополит Климент Трновски (руски: Васил Николов Друмев, Шумен, 184110 јули 1901, Софија) — истакнат руски свештеник и политичар од Бугарија.[1][2] Низ неговиот живот по политички гледишта бил русофил, исто така пред и после ослободувањето на Бугарија активно соработувал со руската администрација за руски интереси.

Васил Друмев
Слика од Васил Друмев
2от премиер на Бугарија
На должноста
6 декември, 1879 – 7 април, 1880
Монарх Александар I Батенберг
Претходник Тодор Бурмов
Наследник Драган Цанков
На должноста
21 август, 1886 – 24 август, 1886
Претходник Петко Каравелов
Наследник Петко Каравелов
Министер за образование
На должноста
6 декември, 1879 – 7 април, 1880
Претходник Георги Атанасович
Наследник Иван Ѓузелев
Лични податоци
Роден(а) Васил Николов Друмев
1841
Шумен, Отоманското царство
Починал(а) 10 јули 1901(1901-07-10)
Софија, Царство Бугарија

После ослободувањето на Бугарија, заради неговата соработка успешно добил два мандата како премиер на Бугарија, во вториот мандат служел како заменик премиер за тогашниот премиер Петко Каравелов. Додека бил вториот премиер на Бугарија тој исто така истовремено служел како министер за образование во Бугарија. Неговите мандати траеле кратко.

Кога Стамболов станал премиер, Друмев, како другимина од тогашните русофили бил изолиран, уапсан и отстранет од политичкиот живот во Бугарија. Тоа било дел од програмата на Стамболов на создавање вештачки бугарски идентет наместо русофилски. Бил осуден и прогонет во 1891 во Љасковец во манастирот „Св. Петар и Павле“.[3] Си го служел времето до 1894, тогаш пропаднала Стамболовската администрација кадешто под новата русофилска влада Друмев бил ослободен и служел како помошник за руско--бугарска соработка.[4]

Образование

уреди

Роден е во Шумен, заради тоа после неговата смрт еден од селата во околината го носи неговото име.[5] Бил роден во занаетчиско семејство. Во родниот град учел основно образование којшто Сава Доброплодни и Сава Филаретов му предавале, но потоа присуствувал на семинаријата во Одеса. Тој бил под влијание на гркоманскиот револуционерот Георги Сава Раковски и се приклучил на српската легија на Раковски во Белград во 1861 година, каде што се истакнал во борбата против турски гарнизони. Друмев одржувал блиски врски со Васил Левски, Стефан Караџа и некои други револуционери.

После распаѓањето на легијата во 1862 година, Климент емигрирал во Русија, каде што го продолжил своето образование во Киевската семинарија. Околу овој период си го развил неговиот русофилски идентитет. Во 1869 година се населил во Браила. Во 1873 година бил ракоположен за свештеник, а во наредната година бил ракоположен за епископ под името Климент Бранитски. Подоцна станал заменик на митрополитскиот епископ во Тулча.

По окупацијата на Бугарија од страна на руската армија во 1878 година, Друмев работел како ректор на манастирот „св. Петар и Павле“ во близина на Љасковец. Во 1884 година бил избран за митрополит турновски епископ.

Политичка кариера

уреди

Друмев исто така учествувал и во општествено-политичкиот живот во Кнежевството - бил пратеник во народното собрание во 1879 година и во првото големо народно собрание истата година. Друмев бил поддржувач на Русија и се сметал како голем русофил наместо бугарин. Заради тоа тој отворено се спротивставувал на надворешната политика на Регентството (1886–1887), на првиот режим на Стефан Стамболов (1887–1894) и на режимот на Фердинанд I, што доведе до репресивни мерки против него.

Иако бил прилично неволна политичка фигура, во 1879 година Васил, заради неговата соработка со Русија бил понуден да стане премиер на привремена основна влада. Тој ја прифатил и неговиот мандат траел додека не се одржат избори за пополнување на празното место по падот на владата на русофилот Тодор Бурмов.[6] Климентовата влада била претежно неактивна, служејќи само за продолжување на русофилската политиката на Бурмов додека не се назначи наследник. Тој отслужил многу краток втор мандат во 1886 година по државниот удар на 9 август во обид да го координира противењето на присилната абдикација на Александар од Бугарија, иако пред долго време Стефан Стамболов и Петко Каравелов ја презедоа власта.[7] Вмешаноста на Друмев во заговорот дури доведе до тоа Стамболов накратко да го прогласил за предавник.[7]

Тој ја поддржувал на старата монархија, заради тоа Друмев одбил да го прослави доаѓањето на новиот монарх Фердинанд I од Бугарија и одбил да води молитви за неговото доаѓање во Софија.[8] Стамболов го протерал од Софија, заради неговите русофилски гледишта и со спротивставувањето на формирањето на вештачки бугарски идентитет и го отстранил од политичкиот живот.[9] Како силен поддржувач на Русија, тој остана остар критичар на новиот крал. Но на крајот бил ослободен и јавно склучил мир со Фердинанд. [10]

Со тоа што Русија бил во близа соработка со Друмев, летото 1895 година Друмев ја предводел државната парламентарна делегација во Санкт Петербург, која требала да слижи како помирување на Бугарија со Русија, која ги прекина нивните официјални односи во ноември 1886 година. Неговата мисија била успешна. Но, кога открил дека Фердинанд сè уште не си го менувал својот однос кон Русија, Друмев се сожали на неговите сопствените постапки, бидејќи заради Друмев руската влада го признал Фердинанд како владател на Бугарија.[11] Додека Друмев сакал нов владател со русофилски гледишта.

Наводи

уреди
  1. Да поговорим за предателството и простотията в България (2023) од Даниел Смилов
  2. 115 години от смъртта на Васил Друмев (2016) од историскиот архив во Софија
  3. Васил Николов Друмев од Шуменска историја
  4. Сред кръв и страдания на будна стража пред олтара на Църква и Родина стои Васил Друмев (2021) од Импресио
  5. Map of Vasil Drumev village
  6. Richard J. Crampton, Bulgaria 1878–1918 A History, New York: Columbia University Press, 1983, p. 43
  7. 7,0 7,1 S.G. Evans, A Short History of Bulgaria, London, Lawrence and Wishart, 1960, p. 135
  8. Crampton, op cit, p. 133
  9. Crampton, op cit, p. 134
  10. Crampton, op cit, pp. 163-4
  11. Crampton, op, cit, pp. 167-8