Тихомир Костадинов
Тихомир Костадинов (роден на 4 март 1997, во Валандово) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Пјаст Гливице и на македонската репрезентацијата.
Тихомир Костадинов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 4 март 1997 | ||
Роден во | Валандово, Македонија | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Пјаст Гливице | ||
Број | 96 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014 | Моравац Мрштане | 7 | (0) |
2015 | Тетекс | 8 | (0) |
2015-2016 | Дукла Б.Б. | 25 | (4) |
2016-2017 | Злате Моравце | 21 | (1) |
2017-2022 | Ружомберок | 109 | (11) |
2022- | Пјаст Гливице | 8 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2012 | Македонија 17 | 2 | (0) |
2014 | Македонија 19 | 3 | (0) |
2015-2019 | Македонија 21 | 17 | (4) |
2019- | Македонија | 19 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиРоден во Валандово, својата кариера ја започнал во соседна Србија во екипата на Моравац Мрштане, за која дебитирал како професионалец во второто ниво на земјата во сезоната 2014-2015.[1] Сепак, тој се вратил во Македонија за вториот дел од сезоната, каде играл за Тетекс од Тетово.
Во летото 2015 година, се преселил во Словачка, каде ги поминал следните шест ипол години играјќи во првенството на таа земја за три различни екипи Дукла Банска Бистрица (2015-2016), Злате Моравце (2016-2017) и на крајот за Ружомберок, каде се задржал и најдолго од 2017 до 2022 година. Својот прв гол за Ружомберок го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето против Сеница.[2]
На 23 декември 2021, Костадинов потпишал за полскиот клуб Пјаст Гливице.[3] Своето деби во полската Екстракласа го направил на 26 февруари 2022, во натпреварот на домашен терен против Гурник Забже што завршил 0-0, заменувајќи го Рауно Сапинен во 65-тата минута. На 9 април 2022, во победата со 1-0 над Гурник Лечна, Костадинов претрпел тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено;[4] десеттина дена подоцна, тој бил успешно опериран во Барселона, по што неговата прва сезона во Полска завршила предвреме со само 6 настапи за Пјаст Гливице.[5]
Откако целосно ја пропуштил сезоната 2022-2023, Костадинов го направил долго чеканото враќање на терените за Пјаст Гливице на 24 ноември 2023, влегувајќи во игра како доцна замена во ремито 0-0 против Јагелонија Бјалисток, само неколку дена подоцна откако претходно настапил за репрезентацијата на Македонија против Англија.
Репрезентативна кариера
уредиСвоето деби за сениорската репрезентација на Македонија го направил во ноември 2019 во квалификациите за Европското првенство 2020 против Австрија.[6]
Во 2021 година, бил повикан да настапи за Македонија на Европското првенство 2020.[7] Таму тој забележал два настапи, и двата влегувајќи како замена од клупата во првиот (против Австрија) и третиот натпревар (против Холандија) од групната фаза, по која неговата репрезентација била елиминирана од турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиНаводи
уреди- ↑ Тихомир Костадинов на soccerway
- ↑ „Костадинов го постигна деби-голот за Ружомберок“. gol.mk. 24 октомври 2017. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Костадинов се сели во Полска“. vesti.mk. 23 декември 2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 12 април 2022.
- ↑ „Тихомир Костадинов ги скина лигаментите на коленото“. MakFax. 11 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Старт на долгиот процес: Костадинов успешно опериран по тешката повреда (Фото)“. derbi.mk. 22 април 2022. Посетено на 22 април. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-04-15.
- ↑ „Иго Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 2020“. ФФМ. 20 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 април 2022.
Надворешни врски
уреди„Тихомир Костадинов“ на Ризницата ? |