Сентеш
Сентеш (унгарски: Szentes) — град во Унгарија. Сентеш по големина е трет град во кругот на Чонград. Според податоците од 2008 година, градот имал 29.444 жители.
Градот Сентеш се наоѓа во јужниот дел на Унгарија. Од првиот голем град, Сегед, градот е околу 50 км северно. Градот се наоѓа во централниот дел на Панонската рамнина, на реката Тиса.
Историја
уредиВо Сентеш се одржувале три летни саеми, на 24 април 22 јуни и 21 септември.[1] Во Сентеш, во 1867 година, бродот „Ѓула“ кој бил во сопственост на Копач, бил натоварен со 6102 мери жито. Товарот што го вршел трговецот Хајдук заминувал за Сисак, по реката Сава.[2] На грчките трговци „од Македонија“ им било понудено да се населат во Унгарија, каде што во 18 век, нивните православни цркви биле изградени во Сентеш и Кечкемет. Во 1893 година, овде се крстил познатиот српски писател Милош Црњански.[3]
Население
уредиСпоред проценките од 2017 година, во градот имало 27.266 жители.
Збратимени градови со Сентеш се:
- Бачка Топола, Србија
- Буњол, Шпанија
- Думбравица, Романија
- Карина, Финска
- Маркгренинген, Германија
- Санкт Августин, Германија
- Скерневице, Полска
-
Панорама
-
Палати на плоштадот Косут
-
Градското собрание во Сентеш
-
Евангелистичка црква
-
Православна црква
-
Градска синагога
-
Градски парк
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Сентеш“ на Ризницата ? |