Киреш

река во Србија
(Пренасочено од Кереш)

Киреш или Кереш (српски: Киреш, унгарски: Kőrös) — река во северна Бачка, притока на реката Тиса.

Киреш кај Малите Пијаци.

Киреш е долга 90 км, а површината на сливот и е 950 км2 и припаѓа на црноморкиот слив. Ова е гранична река на Србија и Унгарија.

Потекло на името

уреди

Киреш на унгарски значи кружен (т.е. што прави кругови), ште е во врска со многуте вртења кој ги прави додека се пробива низ Телечка. Постои и варијанта дека реката го добила името по многу јасенови (лат. Fraxinus) кои растат на областа - еден од локалните називи на реката на унгарскиот јазик е „Kőrös“ (со долгата форма на буквата „ö“ двете кои не се изговараат во македонскиот јазик, туку се заменуваат со ненагласеното „о“), а некои исто така на унгарски ја нарекуваат кориш (унг. kőris). Бедејќи во литературата на Унгарија реката често се нарекува „Киреш-ер“ (унг.Körös-ér) доаѓа до забуна и мешање со другата река со ова име (Киреш).

Текот на реката

уреди
 
Растителноста на Киреш.

Реката Киреш извира во пределот помеѓу градовите Јаношхалма и Кишкунхалаш во Унгарија, поточно во близина на местото Кунфехерто (надморкса височина 132 м) во областа на тамошното „Бело Езеро“ (унг. Fehér tó). Низ својот тек реката Киреш поминува низ округот Бач-Кишкун во Унгарија, а во Србија низ општината Суботица и општината Кањижа.

Киреш првобитно тече во правецот запад-исток, покрај местото Келебија па потоа со еден друг дел (околу 14 км) поминува по границата на Унгарија како природна линија на разграничување на двете држави, пред преминувањето на границата во подрачјето „Суботичко Песочиште“, северно од градот Суботица.

Со едниот дел во Унгарија е „каналисана“ (унг. Köröséri főcsatorna) додека при приближувањето до границата постанува значително природна река со едно езеро („Келебијски рибник“; унг. Kelebiai halastavak) и со изливи на мочварен тип (местата „Јасеновац“ и „Тресетиште“). Киреш потоа се влева во езерото Лудаш и со тоа му ја освежува водата. Реката го продолжува својот пат према Бачките Виноградови каде што поминувајќи покрај Мала Пијаца формира широка и длабока долина, па се влева во рибникот Капитански рит, второ стоејќи водено тело чија вода освежува. Напуштајќи го рибникот, поминува покрај Велебит и понатаму тече низ пустината Кањишки јароши, каде што се вкрстува со хидросистемот Тиса-Палич. Во Тиса, Киреш образува широка бара над Адорјан (денеска вештачка акумулација).

Реката Киреш се влева во реката Тиса кај Адорјан на надморкса височина од 76 м. Реката не е пловна, освен некои делови каде е можен сообраќај со чамец, но тоа е во главно забрането (на пример кај Лудош, кој е резерват на природата и кај рибникот, кој е приватизоват).

Историја

уреди

Првиот познат напишан запис, заедно со мапа на некои делови од реката потекнува од 1694 година од Марсиљија која реката ја нарекува „Кириш“ (лат. Kiris).

Хидрологод од Суботичкиот Градевински факултет д-р Лајош Ховањ детално ги анализирал сите микротокови во Бачка, како од хидролошки и од историјски аспект. Така тој спомнува - повикувајќи се на етнографското дело на Беседеш Валерија - дека на оваа река функционирал низ водени млинови. Тоа значи дека во минатото водата од реката течела брзо, а од други извори знаеме и дека била толку многу богата со вода, што редовно се изливала и ја поплавувала околината.

Екологија и заштита

уреди

Киреш е природна река со изливи од мочварен тип и сочувани со природа на крајбрежната област (ливади и сл.). Заради ова сливот на оваа река од двете страни на границата е прогласен за резерват на природата од I. категорија. Присуството на границата им овозможило несметан живот на многу ретки организми, меѓу кои нарочито се издвојува слепото куче (Nannospalax leucodon montanosyrmiensis) и пеперутка молец (Phengaris teleius). Поради овие специфичности во план е преку меѓугранична соработка воспоставување на меѓугранична соработка за ова подрачје.

Киреш е една незагадена притока на Лудашкото езеро и со тоа ја освежува водата и на овој резерват. Киреш е меѓу останатото, и една од ретките реки во Србија каде што во природни услови живеат многу организми.